Промовирани огласи »

Маркетингот завзема нови облици со растот на сите нешта онлајн како и мобилните. Креирање на Facebook страна, твитање за новостите во индустријата, праќање известувања за продажба до потрошувачите и слично. Каналите кои ги користиме за комуникација со потрошувачите се менуваат секојдневно. Сепак, се уште имаат ефекти некои маркетинг трикови и тактики кои се користеле порано. Во продолжение може да прочитате и кои се тие тактики. 

1. Нудење на визит карти кога и да сте во можност 

Ова е веројатно наједноставната и најевтината опција и токму затоа е на врвот на оваа листа. Може да делите визит карти на соседите и бизнисмените, ставете ги во релевантни книги или магазини во канцеларијата на вашиот доктор или што и друго да намислите со нив. За толку мал предмет, визит картите имаат огромен потенцијал. 

2. Донирајте подароци или производи како награди 

Дали некое средно училиште има натпревар или постои некој хуманитарен настан кој нуди награди? Донирајте. Ова е едноставен начин за да воспоставите лични конекции со јавноста додека учествувате со добра цел. На крајот на краиштата, победниците ќе го стават вашиот продукт или услуга за користење и можете дури и да добиете препораки и поголема видливост од нив.

3. Зборувајте на настани 

Пронајдете настан кој е поврзан со вашата индустрија и подгответе еден образовен и значаен говор. Ова ќе остави траен впечаток во вашата индустрија и креира визуелна презентација на вашиот бизнис. Ако се чувствувате дека немате доволно авторитет во индустријата за да одржите говор, тогаш доволно е само да присуствувате. Претставете се себеси и остварете контакти. 

4. Поврзете се телефонски 

Создајте една листа на потенцијални клиенти и јавете им се. Прво, поставете јасна стратегија на јавување па потоа барајте ги клиентите. Поставете го разговорото кон секој клиент и бидете флексибилни за нивното време и потреби. Иако може да се гледа како продажен потег, телефонскиот повик може да ви помогне да изградете врски за соработка со други бизниси и потенцијално да добиете нови клиенти на долг рок. 

5. Редизајнирате го вашето пакување или презентација 

Подобрете го вашиот бренд преку реевалуирање на вашата презентација. Како изгледате вие во споредба со вашата конкуренција? Изгледот е битен - вашето брендирање и продавница го покажуваат тоа. Можеби е време да го освежите изгледот со кој ќе ја пратите вистинската порака кон потенцијалните клиенти. Одвојте време да размислете и креирате нешто ново, бидејќи најмалата промена може да направи огромна разлика. 

6. Прославете ги успесите 

Одржете забава, бизнис собир или некој друг вид на прославувачки настан преку кој ќе го споделете вашиот успех. Можеби сте станале дел од партнерство или сте лансирале нова услуга. Побарајте ги локалните новинарски куќи, да го покриваат настанот. Искористете ја можноста за да го охрабрете вашиот тим за успешната работа. 

7. Бидете спонзор на одреден настан

Доколку вашите финансии ви дозволуваат, ова е одличен начин за ширење на вашето име наоколу. Направете партнерство со некоја непрофитна организација, поделете некои од вашите производи, купони, попуст картички. Ова гради позитивна бренд слика која луѓето ја почитуваат. 

Промовирани огласи »

Доколку заради вашата професија патувате многу, сигурно сте забележале дека секојпат кога ќе го промените вашето легло, се чувствувате некако поинаку. Првото утро по преспиена ноќ на нов кревет се будите малку изморени и без ориентација. Овој феномен е наречен „Ефект на прва ноќ“ и им се случува на многу луѓе.

Многу истражувања го проучувале овој феномен и тоа кај луѓе од различна возраст, раса и животен стил. Всушност, феноменот се појавил кај речиси секој што спиел на некое ново место.

Научникот Масако Тамаки и неколку негови колеги од универзитетот Браун сакале да откријат што всушност се случува со мозокот во оваа ситуација. Тие ја анализирале мозочната активност на испитаниците кои спиеле и барале каква било аномалија или промена додека спиеле на ново место.

Експертите веруваат дека ова е еден вид заштита кој е длабоко вкоренет во нас. Кога спиеме на место што не ни е познато, страната од мозокот која е будна ни овозможува да се разбудиме полесно ако се најдеме во опасност. Иако овој феномен денес не ни е потребен, тој бил многу важен за нашите предци кои се наоѓале во многу небезбедна околина или спиеле во природа.

Секако, ова не важи, доколку сте многу уморни од патот - тогаш сигурно ќе заспиете и нема да ви биде важно каква е перницата или пак креветот.

Промовирани огласи »

Сте се запрашале ли колку животните кои живеат на село се поразлични од животните во градовите? За разликите на луѓето веќе сигурно знаете и често коментирате низ разговор, затоа погледнете ги промените кај животните пред да прокоментирате за колегите од другите градови или пак од село :)

Промовирани огласи »

Дали сте подготвени да бидете менаџер за прв пат? Можеби сте имале неквалитетни менаџери во минатато и сметате дека сега е вашата шанса за да го направите како што треба. Ова е вашата шанса да го направите правилно, но не можете да го заобиколите патот. Голем број на истражувања покажуваат дека приближно 60% од менаџерите кои се среќаваат со оваа улога за прв пат, не се покажуваат во најдобро светло и често пати ја на напуштаат компанијата.

Во продолжение, прочитајте шест совети од тимот на KARIERA.mk за правилен почеток на оваа работна функција и избегнете ја ситуацијата да се пронајдете себеси сами на работа на бездната. 

  • Пристапете и на вашата нова улога смирено

Вие може да имате јасна идеја за тоа што всушност работи менаџерот. Можеби и сте имале искуство со лоши менаџери и мислите дека сега знаете како да работите подобро. Вистината е, не е едноставно како што можеби изгледа. Ако изгледате како секогаш да знаете што правите, луѓето нема да ви веруваат или да стекнат доверба во вас. Ќе се здобите многу повеќе со почит доколку сте искрени, барате помош кога ви е потребна и правите промени кога сте надвор од колосек. Препознајте кога правите грешки (тоа е неизбежно) и кога ги правите, признајте ги. Бидете отворени за фидбек и желни за прилагодување. 

  • Променете го вашиот фокус 

Веројатно сте биле унапредени во менаџерската позиција бидејќи сте биле одлични во вашата работа. Но сега имате целосно нова работа. Промената од улога на индивидуален придонесувач и работник до менаџер за прв пат е многу голема и важна промена. Наместо да ја вршите вие работата, вие треба да работите со другите за тие да си ја вршат својата работа. Фокусот треба да ви е на градење на тимот и поддршка за нивната работа. Еден од најголемите предизвици ќе ви биде делегирањето на работата ефективно - да бидете желни за делегирање и да знаете како да делегирате. 

  • Разберете ја големата слика

Своевремено, ќе трбеа да ги рационализирате вашите директни извештаи. Потребно е да поседувате одлично разбирање за тоа каде оди вашата компанија и колку вашиот тим ги разбира целите на компанијата. Не чекајте вашиот претпоставен да ви ги даде овие информации. Бидете проактивни и читајте ги информациите на страната на компанијата и прашајте го вашиот претпоставен за другите стратешко-лидерски прашања. 

  • Осознајте ги промените во вашите односи со другите вработени 

Еден од најзбунувачките аспекти на унапредувањето во менаџер за прв пат е откривањето на вашите врски и односи со вашите поранешни соработници. Мора да пронајдете место во средината - не премногу оддалечени, но не и најдобри пријатели. Можете се уште да бидете пријатели, да се дружите и смеете со нив, но бидете јасни за границите. Не треба да озборувате или да криете доверливи информации, важно е да ви биде коректен односот со сите и да не дозволите вашите лични врски да влијаат на вашите одлуки.

  • Пронајдете ментор

Во идеални услови, вашиот претпоставен ќе ве подучува во вашата нова улога. Но ако тоа не е случај, пронајдете некого, кој ги знае правилата на компанијата, да ве советува. Да се знае нешто во теорија и пракса е сосема различно. Особено на почетокот, ќе ви биде потребно некого со кој ќе може да разговарате за комплицираните ситуации со кои се соочувате. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »