Промовирани огласи »

6 годишниот Рајан, водител на популарниот Јутјуб канал Ryan ToysReview, веќе е мултимилионер, пишува Форбс.

Имено, Рајан се најде на листата од јутјубери кои најмногу заработиле во 2017 година. Ова детенце во оваа година, според податоците на Форбс, заработил 11 милиони долари, па така го завзеде осмото место на листата на Јутјуб ѕвезди кои најмногу заработуваат.


 Каналот го отвориле неговите родители во 2015 година. Тие ги снимаат и ги продуцираат емисиите на Рајан, а тие се главна причина за тој да стане толку богат.

Се започнало така што Рајан обожавал да ги гледаа рецензиите на игрите на Јутјуб, па ги запрашал родителите зошто и тој да не го прави тоа. Го прославил видео клипот во кое го отвора големото Пиксарово јајце, а до ден денес тоа видео има повеќе од 800 милиони прегледи.

Освен играчки, Рајан почна да рецензира и слатки, а на Јутјуб го пратат повеќе од 10 милиони луѓе.

Промовирани огласи »

Дали некогаш сте работеле со некој/а кој ви се чини дека не ужива во работењето или едноставно, не му/е грижа? Дали го пренесовте ова непријатно искуство на луѓето околу вас? 

Кога сте сопственик на свој бизнис, „лошиот маркетинг“ може да влијае на вашата репутација значајно. Решението е да прифатете и развиете цврста работна етика. Овој вид на работна етика ве полни и вас и вашите вработени со енергија, ви помага да се соочите полесно со предизвиците и проблемите и ве држи на врвот од вашата работа. Ова се шест клучни карактеристики на цврстата работна етика: 

  • Професионализам 
    • Да се биде професионален вклучува се - од тоа како сте облечени и како се презентирате себеси во бизнис светот до начинот на кој се однесувате кон другите луѓе. Професионализмот е многу широк поим што ги поттиснува сите останатите елементи на етичкото работење.

  • Почит
    • Без разлика на приближувањето на крајниот рок или темпераментните карактери, останете секогаш смирени и дипломатски настроени. Потрудете се секогаш да го вреднувате мислењето на другиот, особено под ситуации на притисок. 
  • Доверливост
    • Вие сте секогаш на време и подготвени за состаноците, ја завршувате работата на време и во рамки на буџетот. Вашата репутација за личност од доверба ве следи бидејќи ја докажувате постојано кон вашите клиенти, соработници и претпоставени. Секој од нив може целосно да ви верува со дадена задача, производ или услуга. 

  • Посветеност 
    • Не запирајте се додека една работа не е завршена - и не само завршена, туку добро завршена. Посветете се на деталите, проверете неколку пати доколку е потребно. Вашата страст кон работењето се покажува во тежината на вашето работење и резултатите кои ги постигнувате. 
  • Одлучност 
    • Препреките не треба да дозволите да ве спречат и со ентузијазам подгответе се за предизвиците. Ако ја знаете јасно вашата цел, продолжете да одите кон неа, без разлика колку далеку е потребно да одите. 
  • Човечност 
    • Осознавањето на трудот на сите кои придонесуваат е особено важна карактеристика. Споделувањето благодарност кон вашите соработници или вработени ќе ве направи поотворени кон другите. 

Промовирани огласи »

Работата од дома не е повеќе табу тема. Всушност, станува се почесто за многу луѓе - благодарение на технологијата која ја прави возможна комуникацијата и соработката со било кого во светот.

Додека работењето од дома може да биде многу добро, може да биде особено негативно искуство доколку не сте подготвени. Тоа е разбирливо ако овој стил на живот ви е нов. Прочитајте во продолжение неколку совети за зголемување на продуктивноста доколку работите од дома. 

1. Бидете свесни кога сте најпродуктивни - Тајната во работењето од одма лежи во сознанието кога сте најпродуктивни. Не секој е подготвен да праќа мејлови и целосно да работи пред 8 часот наутро. Оваа информација за себеси ќе ви осигура поголема продуктивност и поквалитетна работа. 

2. Денот нека ви биде како традиционален работен ден - Ова не значи дека морате да почните да работите во 9 наутро и да завршите во 5 попладне. Сепак, заклучивме дека можеби ова да не е најпродуктивното ваше време.  Ова значи дека ќе е потребно да одржувате постојан распоред кога започнувате со работа и кога завршувате. 

3. Научете вистински да работите со вашата тастатура - Ова може да ви се чини како мал проблем, но може да ви заштеди време, да ја зголеми вашата продуктивност, да ја подобри вашата ефикасност и да го намали уморот во вашите раце. Ова е значаен факт кога пишувате секојдневно. 

4. Користете алатки кои функционираат најдобро за вас - Комплетирање на листа за работи кои треба да ги завршите, комуницирање со клиентите па дури и блокирање на секој вид на дистракција може да ви биде од помош. Трикот е да го пронајдете вистинскиот микс на алатки кои функционираат за вас. 

5. Поставете временски рок за социјалните медиуми и проверката на мејл - Освен ако вашата работа не вклучува постојано присуство на социјалните медиуми, одберете конкретно време за да ги проверите вашите социјални медиуми и мејлови. Ако не, постојано ќе бидете деконцентрирани кога ќе примете нотификација. Најголемиот дел од успешните луѓе ги проверуваат своите профили на социјалните медиуми во одредено време. Прегледувајте ги наутро, за време на вашата пауза за ручек и на крајот од денот. 

6. Закажување состаноци - Во реалноста, закажувањето на состаноци може да биде многу корисно бидејќи тие се брз и ефективен начин или за да се реши еден проблем или да се креира еден процес. Наместо да комуницирате постојано преку мејл или преку телефон со клиентот, организирајте едночасовен состанок. На овој начин, ќе го завршите вашиот проект порано. 

7. Следете го правилото на две минути - Ако постои задача која може да биде завршена во две минути или помалку, тогаш извршете ја веднаш. Не го трошете вашето време или енергија да ги запишете овие задачи. Направете ги веднаш за вашето време и енергија да биде искористено за поважна работа. 

8. Користете соодветни паузи - На вашиот мозок му се потребни микро паузи во текот на денот. На овој начин ќе си го добиете фокусот назад за потребната работа. Подобрите паузи вклучуваат активности во кои луѓето уживаат. 

Промовирани огласи »

Со големо задоволство Вип ја најавува новата услуга за сите корисници на пакетот HBO Premium со која од денеска имаат пристап до HBO видеотеката, промотивно 3 месеци без претплата и добиваат можност да гледаат повеќе од 4.000 наслови на најсовремени филмови и серии од HBO продукцијата, и тоа кога и да посакаат.

Промотивно, сите корисници кои ќе склучат нов или ќе обноват договор за Vip Комбо, добиваат гратис интерактивна телевизија и 3 месеци бесплатно пакет HBO Premium, вклучувајќи ја и целосната HBO видеотека.

По завршување на промоцијата, пакетот HBO Premium ќе продолжи да се наплатува 299 денари месечно.

Услугата HBO On Demand е достапна за сите Vip Комбо корисници кои користат уред за интерактивна телевизија и имаат активирано HBO Premium пакет. Покрај услугата HBO On Demand, пакетот HBO Premium ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2, HBO3, HBO HD, HBO2 HD, HBO3 HD како и услугата HBO GO.

Понудата е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово и Велес, на локации каде постои техничка можност.

Повеќе информации за новата услуга можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на  077 1234. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »