Промовирани огласи »

Денес беше одржан Саемот на кариера и алумни 2017 во просториите на Универзитетот ФОН, со почеток од 10:00 часот.

Интересот беше огромен, а KARIERA.mk беше дел од учесниците на Саемот. Заедно со присутните и сите заинтересирани студенти или невработени лица се дискутираа можностите кои ги нуди KARIERA.mk за нив, како да им се овозможи полесен пристап до посакуваната пракса или работна позиција и за достапноста на информациите и огласите од сајтот преку сите социјални мрежи. 

Целта на саемот беше преглед на можностите кои ги нудат присутните компании, разгледување на опциите за реална соработка помеѓу бизнис секторот и студентската и академската заедница. Присутните лица имаа можност да остават своја биографија кај компаниите и со тоа, да им се овозможи да бидат повикани за обука, пракса или идно вработување. 

Промовирани огласи »

Бугарските истражни органи запленија неверојатни 213,519 биткоини со сегашна вредност проценета на 3,6 милијарди долари што е доволно за отплата на една петтина од државниот долг кој изнесува 16,5 милијарди долари. Заплената на биткоините доаѓа по голема акција за сузбивање на криминал во царинските служби при што се приведени над дваесет лица, од кои петмина се царински службеници.

Криминалната група се претпоставува дека свои членови имала и во Македонија, Србија, Грција и Романија. Тие оперирале на тој начин што регрутирале царински службеници да вметнат вирус во компјутерските системи на царинските управи со цел да манипулираат со пристигната стока и да избегнат плаќање на царина со што „робата“ можела слободно да помине преку границите.

Средствата кои нелегално ги заработувале ги вложувале во биткоини за да потешко им се влезе во трага. Се очекува одговор и од македонските истражни органи за инволвираноста во овој масовен криминален потфат.

Промовирани огласи »

6 годишниот Рајан, водител на популарниот Јутјуб канал Ryan ToysReview, веќе е мултимилионер, пишува Форбс.

Имено, Рајан се најде на листата од јутјубери кои најмногу заработиле во 2017 година. Ова детенце во оваа година, според податоците на Форбс, заработил 11 милиони долари, па така го завзеде осмото место на листата на Јутјуб ѕвезди кои најмногу заработуваат.


 Каналот го отвориле неговите родители во 2015 година. Тие ги снимаат и ги продуцираат емисиите на Рајан, а тие се главна причина за тој да стане толку богат.

Се започнало така што Рајан обожавал да ги гледаа рецензиите на игрите на Јутјуб, па ги запрашал родителите зошто и тој да не го прави тоа. Го прославил видео клипот во кое го отвора големото Пиксарово јајце, а до ден денес тоа видео има повеќе од 800 милиони прегледи.

Освен играчки, Рајан почна да рецензира и слатки, а на Јутјуб го пратат повеќе од 10 милиони луѓе.

Промовирани огласи »

Дали некогаш сте работеле со некој/а кој ви се чини дека не ужива во работењето или едноставно, не му/е грижа? Дали го пренесовте ова непријатно искуство на луѓето околу вас? 

Кога сте сопственик на свој бизнис, „лошиот маркетинг“ може да влијае на вашата репутација значајно. Решението е да прифатете и развиете цврста работна етика. Овој вид на работна етика ве полни и вас и вашите вработени со енергија, ви помага да се соочите полесно со предизвиците и проблемите и ве држи на врвот од вашата работа. Ова се шест клучни карактеристики на цврстата работна етика: 

  • Професионализам 
    • Да се биде професионален вклучува се - од тоа како сте облечени и како се презентирате себеси во бизнис светот до начинот на кој се однесувате кон другите луѓе. Професионализмот е многу широк поим што ги поттиснува сите останатите елементи на етичкото работење.

  • Почит
    • Без разлика на приближувањето на крајниот рок или темпераментните карактери, останете секогаш смирени и дипломатски настроени. Потрудете се секогаш да го вреднувате мислењето на другиот, особено под ситуации на притисок. 
  • Доверливост
    • Вие сте секогаш на време и подготвени за состаноците, ја завршувате работата на време и во рамки на буџетот. Вашата репутација за личност од доверба ве следи бидејќи ја докажувате постојано кон вашите клиенти, соработници и претпоставени. Секој од нив може целосно да ви верува со дадена задача, производ или услуга. 

  • Посветеност 
    • Не запирајте се додека една работа не е завршена - и не само завршена, туку добро завршена. Посветете се на деталите, проверете неколку пати доколку е потребно. Вашата страст кон работењето се покажува во тежината на вашето работење и резултатите кои ги постигнувате. 
  • Одлучност 
    • Препреките не треба да дозволите да ве спречат и со ентузијазам подгответе се за предизвиците. Ако ја знаете јасно вашата цел, продолжете да одите кон неа, без разлика колку далеку е потребно да одите. 
  • Човечност 
    • Осознавањето на трудот на сите кои придонесуваат е особено важна карактеристика. Споделувањето благодарност кон вашите соработници или вработени ќе ве направи поотворени кон другите. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »