Промовирани огласи »

Квалитетно, брзо или евтино - одберете две. 

Оваа изрека ја претставува идејата дека ние би можеле да добиеме брз квалитет, но ќе не чини. Ако сакаме едно нешто да е брзо и евтино, тогаш постои можноста да не е толку добро. И ако земеме нешто добро по ниска цена, може да ни одземе плус време. 

Тука се поставува прашањето - Дали може да ги обезбедиме вистинските луѓе на вистинските работни позиции во вистинското време? Тежок е предизвикот поради три причини: 

  • - Дизајнот на работата - Компаниите треба да креираат работи кои вработените ќе сакаат да ги работат. Тие не можат да бидат спој од одговорности со наслов прикачен на нив. Вработените сакаат да можат едноставно да им објаснат на другите што работат и како придонесуваат за нивната компанија и заедница. Секторот за човечки ресурси може да игра огромна улога во помагањето на компанијата да креира работни места за кои ќе постои желба да се аплицира. Ова значи дека секторот за човечки ресурси ќе треба да води сметка за работните трендови како технологијата, па затоа работните места се дизајнирани за да ги исполнат и моменталните и идните потреби на компанијата.

  • -Регрутирање - Кога веќе компанијата ги има креирано работните места кои ги сакаат луѓето, потребно е да се смисли стратегија со која ќе се дознае за овие слободни работни места. Пронаоѓањето на кандидатите за одредени работни места станува се потешко. Ова дополнително значи дека треба да се информираат работобарателите за постоењето на компанијата - мисијата, визијата, целта. Секторот за човечки ресурси и потрага по таленти треба да соработува со остатокот од компанијата за да се дефинира брендот на вработување на компанијата и искуството на кандидатите. 

  • - Распоредување - Не е доволно само да се креираат работни места и да се вработат луѓе. Компаниите треба да се осигураат дека вработените се вработени кога има смисла за бизнисот. Ова звучи многу очигледно, но многу често голем дел од компаниите грешат токму овде. Постои разлика помеѓу вработување и распоредување. Компаниите може да имаат огромен број на вработени и никогаш да не се распоредени во точното време. Или можеби да се распоредуваат вработените на време, но да има недостаток на вработени. 

Постоењето на апсолутен начин за распоредување на вистинските вработени на вистинската работа во вистинското време е скоро невозможно. Токму поради тоа, менаџирањето на работната сила е од особена важност. За среќа, постојат технолошки алатки кои можат да ни помогнат овој ефект во бизнисот да биде постигнат. 

Промовирани огласи »

Работниците во Јапонија користат само половина од годишниот одмор, а за тоа време имаат грижа на совест, покажува најново истражување. 

Околу 63% од нив тврдат дека имаат грижа на совест додека се на одмор. 

Според истражувањето на Експедија, Јапонците се последни во светот од 30 земји. Тие користат одмор од само 10 дена. 

Јапонците велат дека избегнуваат долг годишен одмор затоа што недостигаат работници, а воедно се солидаризираат со колегите. 

33% рекле дека не знаат дали нивниот работодавец ќе одобри одмор. 

Слични ставови имаат работниците во Сингапур и Јужна Кореја. 

Најмала грижа на совест затоа што земаат одмор имаат граѓаните на Италија, Мексико, и Шпанија. 

Промовирани огласи »

Во Соединетите Американски Држави, секој 20-ти е милионер. Постојат места, меѓутоа, кои можат да се пофалат со далеку погусто богатство.

Во Монако, секој трет е милионер. А еден од секои 56 жители на францускиот регион има богатство вредно над 30 милиони долари. Тоа е сумата над која се смета дека лицето има ултра богатство.

Монако се наоѓа во јужна Франција, во близина на италијанската граница. Тој одамна е популарна банкарска дестинација, како и даночно засолниште, поради фактот дека кнежеството нема данок на доход. Монако е добро познат по своите казина и луксузни домови.

Во Монако има околу 39.000 жители, а 686 од нив имаат многу висок статус. Многу од овие 686 луѓе имаат само втор дом во кнежевството, не се постојани жители. Меѓу постојаните жители 100 лица имаат нето богатство од 30 милиони долари или повеќе, што се смета за ултра-богатство.

Монако е исто така едно од најбезбедните места во светот. Таму се наоѓа најголемата полициска сила по глава на жител, како и 24-часовен систем за видео надзор, кој го следи цело кнежевство.

Погледнете кои се градовите во светот со најмногу милионери меѓу населението:

10. Лос Анџелес - 1 на 1622 луѓе

9. Њујорк - 1 на 1392 луѓе

8. Лондон - 1 на 1388 луѓе

7. Хонг Конг - 1 од 918 луѓе

6. Цирих - 1 од 783 луѓе

5. Сан Франциско - 1 од 737 луѓе

4. Сан Хозе - 1 од 716 луѓе

3. Сингапур - 1 од 707 луѓе

2. Женева - 1 од 221 луѓе

1. Монако - 1 од 56 луѓе

Промовирани огласи »

Патувањето на претприемачите е полно со предизвици и информативни лекции. Ако обрнете внимание, тие лекции може да го доведат вашето внимание на следното ниво. 

Претприемачи и членови на The Oracle ги рефлектираат своите најважни бизнис лекции и како ги искористиле за да успеат. 

1. Вреднувајте го вашето време преку поставување на цена - Кевин Харингтон

Вашето време е вашиот најквалитетен ресурс и едно нешто кое не можете да го вратите назад. Императив е да го приоритетизирате вашиот живот и бизнисот на начин кој е соодветен со она што вие го вреднувате најмногу. 

Важно е да сте насочени кон иднината, но исто така е важно и да си дозволите на себеси да живеете во моментот и да одвоите време да дадете нешто назад. Ова значи да сте особено јасни за она што му дава на вашиот живот вредност и колку е вредно вашето време. 

2. Останете љубопитни - Мајкл Алден 

„Држете се за она што го знаете“ е строга држена лекција во многу од круговите на претприемачите. По долгиот живот со оваа теза, овој претприемач одлучил да верува во спротивното. Ако го одржувате вашиот ум отворен кон нови идеи, вие создавате шанси и за себеси. Тој раскажува за периодот кога бил запознаен со Биткоин од близок пријател и се исмеал на целата идеја. Сега го забележал недостатокот само поради тоа што некогаш не бил подготвен да слуша за друга идеја. 

3. Бидете господар на вашите мисли и емоции - Ком Мирза

Најголемиот дел од лекциите доаѓаат од неуспеси, чекори наназад и порази. Иако болно, овие неуспеси ја развиваат свесноста за себеси да расти. Ве принудуваат да одвоите време за да научите да господарите со вашите мисли и емоции. 

Да се биде смирениот модератор - кој извршува акции кога другите стануваат емоционални многу брзо - ви дава огромна предност. Почнете со запишување на вашите цели секој ден. Потрошете време сами со своите мисли и чувства за себеси. Постојано потсетувајте се што сакате од животот. 

4. Верувајте во себеси, интуиција и визија - Марина Роуз 

Мотото „За да веруваш и да оствариш, прво треба да видиш, почувствуваш, помирисаш и вкусиш“ е она по кое се водела Марина. Размислете за енергијата на децата - авантурстички, брзи, инспиративни и издржливи. Најголемиот дел од претприемачите ја губат оваа искра или вербата во себе по неколку неуспеси бидејќи сметаат дека неуспехот е неизбежен. Но, ова е суштинското време за работа на себеси и својот ум, за да може да паузирате и научите од вашите неуспеси и да продолжите напред кон успехот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »