Промовирани огласи »

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го повтори својот став дека лотаријата за обезбедување на американски визи на странски државјани, треба да биде укината.

Во САД постои такво нешто како лотарија за визи. Дали мислите дека кај нас доаѓаат најдобрите претставници на земјите? Не, кај нас доаѓаат најлошите претставници, изјави шефот на државата.

Го повикувам Конгресот да ја укине визната лотарија, додаде Трамп и потсети дека двата терористички напади во Њујорк од 31 октомври и 11 декември беа организирани од емигранти.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Instagram пласира на пазарот нова функција која може да овозможи нови информации и нови способности на таргетирања на брендовите и тестира уште една која може драстично да го промени начинот на кој корисниците се поврзуваат со содржината. 

  • Instagram ја понуди опцијата да се следат хаштаговите и на тој начин овозможи објавите, видеата и сликите полесни за откривање. Објавите поврзани со хаштаговите кои се следени ќе појавуваат автоматски. Корисниците исто така ќе бидат во можност да видат кои хаштази се следени од други корисници. 

Опцијата заследување на хаштаг може да отвори нови можности за компаниите:

  • Може да го зголеми дофатот на брендот и можностите за таргетирање - Оваа функција моментално не е монетизирана, но Instagram може да го промени тоа во иднина. На пример, може да се приоритетизираат спонзорираните хаштази во објавите на корисниците. Апликацијата може и да им наплаќа на компаниите за преглед во аналитиките на спонзорираните хаштази, што може да биде корисно за таргетирањето. 
  • Може да ја зголеми свесноста за брендот - Оваа функција им дава можност на компаниите бесплатно да го зголемат нивниот дофат до клиентите преку додавање популарни хаштази на нивните објави. 

Промовирани огласи »

Квалитетно, брзо или евтино - одберете две. 

Оваа изрека ја претставува идејата дека ние би можеле да добиеме брз квалитет, но ќе не чини. Ако сакаме едно нешто да е брзо и евтино, тогаш постои можноста да не е толку добро. И ако земеме нешто добро по ниска цена, може да ни одземе плус време. 

Тука се поставува прашањето - Дали може да ги обезбедиме вистинските луѓе на вистинските работни позиции во вистинското време? Тежок е предизвикот поради три причини: 

  • - Дизајнот на работата - Компаниите треба да креираат работи кои вработените ќе сакаат да ги работат. Тие не можат да бидат спој од одговорности со наслов прикачен на нив. Вработените сакаат да можат едноставно да им објаснат на другите што работат и како придонесуваат за нивната компанија и заедница. Секторот за човечки ресурси може да игра огромна улога во помагањето на компанијата да креира работни места за кои ќе постои желба да се аплицира. Ова значи дека секторот за човечки ресурси ќе треба да води сметка за работните трендови како технологијата, па затоа работните места се дизајнирани за да ги исполнат и моменталните и идните потреби на компанијата.

  • -Регрутирање - Кога веќе компанијата ги има креирано работните места кои ги сакаат луѓето, потребно е да се смисли стратегија со која ќе се дознае за овие слободни работни места. Пронаоѓањето на кандидатите за одредени работни места станува се потешко. Ова дополнително значи дека треба да се информираат работобарателите за постоењето на компанијата - мисијата, визијата, целта. Секторот за човечки ресурси и потрага по таленти треба да соработува со остатокот од компанијата за да се дефинира брендот на вработување на компанијата и искуството на кандидатите. 

  • - Распоредување - Не е доволно само да се креираат работни места и да се вработат луѓе. Компаниите треба да се осигураат дека вработените се вработени кога има смисла за бизнисот. Ова звучи многу очигледно, но многу често голем дел од компаниите грешат токму овде. Постои разлика помеѓу вработување и распоредување. Компаниите може да имаат огромен број на вработени и никогаш да не се распоредени во точното време. Или можеби да се распоредуваат вработените на време, но да има недостаток на вработени. 

Постоењето на апсолутен начин за распоредување на вистинските вработени на вистинската работа во вистинското време е скоро невозможно. Токму поради тоа, менаџирањето на работната сила е од особена важност. За среќа, постојат технолошки алатки кои можат да ни помогнат овој ефект во бизнисот да биде постигнат. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »