Промовирани огласи »

Приватните превозници ќе добијат од Град Скопје субвенции за да инсталираат уреди на гас и да набават нови автобуси кои ги задоволуваат Еуро 5 и Еуро 6 стандарди, а за ЈСП ќе се купуваат зглобни електрични автобуси.

Овие мерки се предвидени со програмата за заштита на животната средина на Град Скопје за 2018 година. Во буџетот предвидени се 2,3 милиони евра, за приватните превозници обезбедени 325.000 евра за субвенции, а за купување електрични автобуси предвидени се 1,6 милиони евра, а околу 325.000 евра се предвидени и за субвенционирање на јавното претпријатие за бесплатен автобуски превоз во денови на алармантно загадување на воздухот.

Во 2018 година, со финансиска поддршка од Град Скопје, граѓаните ќе добијат субвенции при набавка на инвертери за затоплување, за што се обезбедени 160.000 евра.

За училиштата ќе се обезбедат околу 1,5 милиони евра за реконструкција на енергетско-ефикасни фасади и околу 20.000 евра за опремување на училниците со прочистувачи на воздух.

Во склоп со буџетот за 2018-та година, предвидени се и зелени проекти за кои ќе има 160.000 евра за кофинансирање на изработка на зелени покриви со соодветни институции.

Промовирани огласи »

Според законот возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од  30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Ваквите состојби можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Промовирани огласи »

Не ја потценувајте важноста на говорот на телото. Некои трикови, како потсетувањето да се насмеете, се лесни за имплементирање во секојдневниот живот. Меѓутоа, постојат други техники, кои се малку потешки за усовршување, но можат да направат огромна разлика. Некои од нив се следниве:

1. Копирајте ја личноста со која разговарате 

„Огледување“ - поставување на вашето тело да одговора на позицијата на личноста со која разговарате - може да биде особено тешко за постигнување. Но ова покажува восхит и согласување. Може да биде предизвик да го правите ова суптилно, без да изгледате како да се шегувате со некого, но е добар трик за имплементирање ако се обидувате да оставите добар впечаток

2. Чекорете со цел и енергија

Не сите луѓе чекорат со самодоверба. Некои луѓе чекорат низ животот со мрзливо, непријатно чекорење. И може да биде тешко да го промениме начинот на кој одиме. Но, ако вложите малку труд за да го подобрите, може да се осигурате дека луѓето нема да донесуваат брзи заклучоци за вашата самодоверба, привлечност и веродостојност. 

3. Одржување на стабилен контакт со очи

Се се во очите. Луѓето со несигурен поглед често се сметаат за анксиозни, неконцентрирани и нечесни. Може да биде предизвик да се подобри оваа техника, особено бидејќи е непријатна и неприродна карактеристика за некои луѓе. Но, ова е вежба која може многу да ви помогне во животот. 

4. Држете ги видливи вашите раце

Понекогаш е тешко да знаете што да правите со вашите раце, особено ако сте нервозна личност. Како резултат, може да ги ставите во џебовите рацете или ги ставите пред вас. Овие потези се разбирливи, но понекогаш може да остават негативна слика. Важно е да ги оставете вашите раце видливи бидејќи на тој начин не изгледа како да криете нешто. 

5. Седете исправени 

Вашите родители биле во право кога постојано ви кажувале да седите исправено кога сте биле тинејџери. Ако седите премногу назад во вашата столица, регрутерите ова го сметаат како знак за вашиот неинтерес за работната позиција или несериозноста кон интервјуто, а ниедно од овие две ќе ви помогне да ја добиете работата. Дополнително, седењето премногу напред во столицата, може да биде доказ за недостаток на самодоверба. 

Наместо тоа пробајте да седете како да има конец од врвот на вашата глава до таванот. Седењето исправени е знак за поседување интелектуалност, самодоверба и кредибилитет. 

6. Работете на вашето ракување

Никој не сака да се ракува со таканаречената „мртва риба“ ракување. Постои изрека - слабото ракување е еднакво на слаба личност во размислувањата на многу луѓе. Што всушност значи цврсто ракување и како да го овозможите ова?

Кога се поздравувате со рацете, сакате ракувањето да биде доволно цврсто за да ги почувстувате коските на другата личност преку нежен притисок. Одржувајте контакт со очи и насмејте се во целиот процес. 

Промовирани огласи »

Ако сте скоро дипломирани или менувате кариера, најверојатно сте среќни да добиете било каква работа во вашата индустрија. Но, условите во кои работите се особено важни - тие можат или да ја направат вашата кариера или да ја уништат, а со тоа и вас. 

Што е она што креира добра компаниска култура? 

Идеалната работна култура е онаа која ги става луѓето први. Културата е една од најважните работи, не во однос на став, туку во однос на физички карактеристики. Не се работи за поседувањето на огромен број ресурси или најдобра маса за фудбал, туку за тоа каде компанијата го вреднува интелектуалниот придонес кој Вие може да го дадате на компанијата. Да, бесплатното членство во теретана или садовите со овошје се важни, но многу поважно се флексибилноста, разбирањето, едукацијата која може да ја понуди работодавецот. Најдобар знак е желбата на работодавецот да инвестира во неговите/нејзините вработени. 

Плата + култура на компанијата - дали е возможно? 

Дали е потребно да одберете помеѓу култура и плата или може да ги имате и двете? Големите компании се вашата најдобра можност бидејќи тие имаат поголеми шанси да располагаат со буџет кој ги овозможува сите овие бенефити. Но, со растењето на платата, очекувајте рамнотежата помеѓу работата и личниот живот да биде на мета. 

Одличната плата во било која индустрија не е обична прошетка во паркот. Најголемиот број од луѓето не можат да го одржат темпото кое се бара со имањето на висока плата засекогаш. Потребно е да се сретнете некаде на средина пред да почувствувате лоши последици или да имате излезна стратегија. 

Како може да препознаете какво ќе биде едно работно место? 

Ако се водите според платата, откривањето на вашата плата ќе ви биде примарна задача. Дел од работните места ја огласуваат платата и можете со едно пребарување да откриете кои се највисоко платени работни позиции. 

За работната култура може да се прашате на интервјуто за работа - Дали постои флексибилност во работните часови? Дали обуката е вклучена? Некои од работодавците може и да не ви ја овозможат целосната слика. Веќе можеби и да ги знаете оние со особено лоша репутација бидејќи веќе се зборува за нив низ целата индустрија, но интервјуирачот никогаш нема тоа да ви го признае. Или контактирајте некого кој веќе работел за компанијата, за да сподели свое знаење и мислење. 

Со малку пребарување и потрошено време за вашето добро на работа, ќе бидете подготвени за да ги менувате вашите кариерни избори. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »