Промовирани огласи »

Ако сте скоро дипломирани или менувате кариера, најверојатно сте среќни да добиете било каква работа во вашата индустрија. Но, условите во кои работите се особено важни - тие можат или да ја направат вашата кариера или да ја уништат, а со тоа и вас. 

Што е она што креира добра компаниска култура? 

Идеалната работна култура е онаа која ги става луѓето први. Културата е една од најважните работи, не во однос на став, туку во однос на физички карактеристики. Не се работи за поседувањето на огромен број ресурси или најдобра маса за фудбал, туку за тоа каде компанијата го вреднува интелектуалниот придонес кој Вие може да го дадате на компанијата. Да, бесплатното членство во теретана или садовите со овошје се важни, но многу поважно се флексибилноста, разбирањето, едукацијата која може да ја понуди работодавецот. Најдобар знак е желбата на работодавецот да инвестира во неговите/нејзините вработени. 

Плата + култура на компанијата - дали е возможно? 

Дали е потребно да одберете помеѓу култура и плата или може да ги имате и двете? Големите компании се вашата најдобра можност бидејќи тие имаат поголеми шанси да располагаат со буџет кој ги овозможува сите овие бенефити. Но, со растењето на платата, очекувајте рамнотежата помеѓу работата и личниот живот да биде на мета. 

Одличната плата во било која индустрија не е обична прошетка во паркот. Најголемиот број од луѓето не можат да го одржат темпото кое се бара со имањето на висока плата засекогаш. Потребно е да се сретнете некаде на средина пред да почувствувате лоши последици или да имате излезна стратегија. 

Како може да препознаете какво ќе биде едно работно место? 

Ако се водите според платата, откривањето на вашата плата ќе ви биде примарна задача. Дел од работните места ја огласуваат платата и можете со едно пребарување да откриете кои се највисоко платени работни позиции. 

За работната култура може да се прашате на интервјуто за работа - Дали постои флексибилност во работните часови? Дали обуката е вклучена? Некои од работодавците може и да не ви ја овозможат целосната слика. Веќе можеби и да ги знаете оние со особено лоша репутација бидејќи веќе се зборува за нив низ целата индустрија, но интервјуирачот никогаш нема тоа да ви го признае. Или контактирајте некого кој веќе работел за компанијата, за да сподели свое знаење и мислење. 

Со малку пребарување и потрошено време за вашето добро на работа, ќе бидете подготвени за да ги менувате вашите кариерни избори. 

Промовирани огласи »

Одредени теми за разговор и дискусија на работното место може да предизвикаат непријатни реакции кај вас и вашите колеги и затоа нивно избегнување е сосема рационална одлука. Без овие теми, за што би можеле да разговарате? Пробајте со побезбедни теми како филмови, музика, храна и слично. 

Религија

Додека религијата се чини дека се дискутира секаде, од политички кампањи до спортски терени до церемонии за доделување награди, религијата како тема треба да третирате многу малку. Вербата е многу лична и интимна работа и многу често голем дел од луѓето се посебно чувствителни на оваа тема. Не е потребно да ја криете вашата религија и може да разговарате за работи што ги правите за да ја славите, но имајте во предвид дека не сите ваши соработници имаат исти верувања како вашите

Не навлегувајте подлабоко во вашите религиозни верувања и задржете ги сите негативни мислења за верувањата на другите луѓе. Немојте никогаш да се обидувате да ги убедувате другите за вашата религија или пак да ги убедувате да станат дел од неа. 

Политика

Денес се зборува за политика повеќе од било кога. Како тема, може да предизвика растење на темпераментот кај огромен број луѓе и поради неа, многу односи биле прекинати, дури и помеѓу блиски пријатели или фамилија. Според времето кои вие го поминувате на работата, потребно е да се сложувате со вашите колеги и соработници и затоа разговорите за оваа тема едноставно, не се вредни. 

Додека вие можеби имате особено јаки чувства кон вашата политичка партија, прекумерното споделување или обид на префрлување кон вашата страна на колегите не е професионално и пристојно. Може сосема да ги руши односите кои ги имате и потребно е да размислите дали вреди. 

Вашиот љубовен живот 

Никогаш не дискутирајте детали за вашиот приватен, љубовен живот. Не постои причина зошто вашите соработници би знаеле за тоа што се случува помеѓу вас и вашиот партнер. Оваа тема никогаш не е омилена на работното место. 

Проблеми со вашите деца, партнер или родители 

Дали проблемите со вашето семејство ќе ве деконцентрираат од извршувањето на работните задачи? Ако вие знаете дека тоа нема да се случи, дали тоа со сигурност ќе го знаат вашите колеги или претпоставени? Кога ги дискутирате овие прашања со нив, тие можеби ќе почнат да се запрашуваат дали вашата работа ќе преживее. 

Ако сте пак менаџер, лидер, претпоставен и сте отворени за овие проблеми, ова може да открие многу слабости за вас на вашите подредени. Може да го намали вашиот авторитет. Дополнително, ако постојано ги потенцирате вашите проблеми, може само да го зголемите бројот на озборувања и да станете главна тема на канцелариските озборувања. 

Вашите цели во кариерата

Вие можеби ја сметате вашата моментална работа како скалило до поголеми и подобри работни позиции и нема ништо погрешно околу тоа. Меѓутоа, задржете си ги вашите желби и мисли за себе. Разговорите за вашите амбиции ќе ја стави под знак прашалник вашата лојалност и тоа со добра причина. Некои од колегите може и да ве презираат. 

Ако сте заинтересирани за напреднување во вашата моментална компанија, работете ја својата работа одлично и известете ги вашите претпоставени дека сакате да се движите по нагорна линија. Вашите дела ќе зборуваат повеќе од зборовите. Ако вашите планови за во иднина вклучуваат напуштање на моменталната работа, не ја споделувајте оваа вест се додека не сте сосема сигурни дека тоа ќе биде вашиот иден потег. 

Вашите здравствени проблеми 

Никогаш не треба да бидете засрамени од било какви здравствени проблеми, но нема потреба да зборувате на работа за тоа. Вие можеби одбирате да зборувате постојано за нив или воопшто не, или да бидете премногу отворени. Без разлика за тоа колку, често или ретко, не е потребно да го споделувате секој детал од вашата состојба. 

Оваа ситуација е иста како проблемите во вашата фамилија - може да направи вашите колеги и претпоставени да се запрашаат дали тоа ќе има влијание врз вашата работа и врз вашата способност да ја извршувате вашата работа. Не се работи за тоа дали тие ќе бидат во право или не, туку дека сомнежот ќе биде креиран, 

Промовирани огласи »

Рамстор мол ги започна новогодишните награди на 24. ноември со „Пазари, Греби, Добиј!“ и сега ја надополнува новогодишната еуфорија со бројни изненадувања. 

Во центарот повторно во соработка со Црвен крст на Град Скопје се постави Волшебната новогодишна елка која е украсена од скромните желби на децата сместени во згрижувачки семејства. Рамстор мол ги повикува сите да ги прочитаат пораките на малите и да им ги исполнат новогодишните желби. 

Како надополнување на новогодишната еуфорија, во Рамстор мол од 20. до 24. декември 2017 година има попусти до -50% и во соработка со Занаетчиската комора на Република Македонија ќе го организира еден од најубавите новогодишни базари на рачни ракотворби. 

Мал поглед во прекрасните новогодишни украси во Рамстор мол: https://www.youtube.com/watch?v=4zPd31UovBA 

 

 

Промовирани огласи »

Во денешно време постојат многу предизвици на пазарот за регрутирање - конкуренција за таленти, зголемено време на работен однос, пропусти во вештините - листата е долга. Но постои еден аспект на регрутирањето за кој поретко се зборува - самоуверениот кандидат. 

Точката број еден на листата по интервју со ваков вид кандидат е „егото на кандидат е надвор од контрола“. Да, пазарот на работа се промени во корист на работобарателите. Врвните кандидати знаат дека се одлични, отсекогаш биле. Организациите, компаниите мора да го разберат тој факт - ако сакаат рок ѕвезди потребно е да платат за рок ѕвезди. 

Но, постои многу тенка линија помеѓу самоувереност и арогантност. Самоувереноста е чувство за сигурност во себеси за своите способности. Арогантноста е покажување на самодовербата на начин кој е нападен за другите луѓе. Арогантноста покажува на фактот дека личноста е повеќе егоцентрична отколку тимски играч. Нивниот фокус е најчесто на нивниот личен успех отколку на компанијата. 

Компаниите треба да вработуваат луѓе кои се самоуверени, не арогантни. Кандидатите треба да се обратат кај работодавци кои се самоуверени, не арогантни. Без разлика дали сте работобарател или работодавец, постојат неколку начини преку кои може да се пренесе самоувереноста:

  1. Научете добро да слушате - Постојаното зборување не е доказ за самоуверена личност. Самоувереноста е за способноста за слушање и одговарање на добро осмислен и човечен начин. И кандидатот и работодавецот треба да имаат способност за слушање. 
  2. Фокусирање на свесноста за себеси - Вежбајте ја оваа карактеристика. Самоувереноста е за да се биде свесен за себеси и своето менаџирање. Компаниите и кандидатите ја покажуваат свесноста за себеси преку нивниот бренд. 

  3. Дефинирајте ги вашите слаби и јаки страни - Да, точно е, во текот на интервјуто ние сме особено насочени кон прикажување на нашите јаки страни. Но, сосема е во ред да се разговара за области во кои сакате да се подобрите. 
  4. Подгответе се да разговарате за работните успеси и неуспеси - Никогаш претходно во бизнисот, разговорите за неуспесите не биле толку добро прифатени. Кандидатите и компаниите треба да бидат отворени и транспарентни за нивните грешки и достигнувања. 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »