Промовирани огласи »

Во денешно време постојат многу предизвици на пазарот за регрутирање - конкуренција за таленти, зголемено време на работен однос, пропусти во вештините - листата е долга. Но постои еден аспект на регрутирањето за кој поретко се зборува - самоуверениот кандидат. 

Точката број еден на листата по интервју со ваков вид кандидат е „егото на кандидат е надвор од контрола“. Да, пазарот на работа се промени во корист на работобарателите. Врвните кандидати знаат дека се одлични, отсекогаш биле. Организациите, компаниите мора да го разберат тој факт - ако сакаат рок ѕвезди потребно е да платат за рок ѕвезди. 

Но, постои многу тенка линија помеѓу самоувереност и арогантност. Самоувереноста е чувство за сигурност во себеси за своите способности. Арогантноста е покажување на самодовербата на начин кој е нападен за другите луѓе. Арогантноста покажува на фактот дека личноста е повеќе егоцентрична отколку тимски играч. Нивниот фокус е најчесто на нивниот личен успех отколку на компанијата. 

Компаниите треба да вработуваат луѓе кои се самоуверени, не арогантни. Кандидатите треба да се обратат кај работодавци кои се самоуверени, не арогантни. Без разлика дали сте работобарател или работодавец, постојат неколку начини преку кои може да се пренесе самоувереноста:

  1. Научете добро да слушате - Постојаното зборување не е доказ за самоуверена личност. Самоувереноста е за способноста за слушање и одговарање на добро осмислен и човечен начин. И кандидатот и работодавецот треба да имаат способност за слушање. 
  2. Фокусирање на свесноста за себеси - Вежбајте ја оваа карактеристика. Самоувереноста е за да се биде свесен за себеси и своето менаџирање. Компаниите и кандидатите ја покажуваат свесноста за себеси преку нивниот бренд. 

  3. Дефинирајте ги вашите слаби и јаки страни - Да, точно е, во текот на интервјуто ние сме особено насочени кон прикажување на нашите јаки страни. Но, сосема е во ред да се разговара за области во кои сакате да се подобрите. 
  4. Подгответе се да разговарате за работните успеси и неуспеси - Никогаш претходно во бизнисот, разговорите за неуспесите не биле толку добро прифатени. Кандидатите и компаниите треба да бидат отворени и транспарентни за нивните грешки и достигнувања. 

Промовирани огласи »

Секоја година, Google се враќа назад на некои од најважните теми на дискусија во последните 12 месеци со видео наречено - Годината преку пребарувањата (Year in Search). Последното издание на ова видео пристигна и ја покажува 2017та како година полна со негативни моменти каде сепак, се свртува кон посветла иднина. 

Најпопуларниот збор кој се пребарувал бил „како“. Како и вообичаено, видеото за 2017та година се покажало особено популарно. Три дена по неговото објавување, има повеќе од 1.2 милиони прегледи, а веќе има над 2.6 милиони прегледи. 

Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=vI4LHl4yFuo

Промовирани огласи »

Сосема е соодветно на анализата за неквалитетни вработени да следи анализа на таков вид и претпоставени. Лошите шефови може да бидат пронајдени на било кое ниво на менаџментот и најчесто, ги покажуваат истите карактеристики. Листата подолу не само што ќе ви помогне да реализирате дали работите со неквалитетен шеф, но исто така и да рефлектирате на тоа дали можеби Вие поседувате некои од овие карактеристики. 

1. Нарцисист. Јас, јас и јас. Ужасните шефоци се бескрајно самоцентрични. Секое едно нешто е поврзано со нив и не со луѓето со кои тие менаџираат или што се случува во личниот живот на нивните вработени. Тимот никогаш не е важен, туку затоа колку добро тој/таа изгледа. Спротивно на ова, добрите лидери водат со интегритет, искреност, грижа и автентичност. 

2. Врескач. Огромни се шансите дека во животот барем еднаш ќе имате претпоставен кој ќе верува во односот помеѓу тоа колку гласно викате и порастот на приходите. Ова можеби да ви звучи смешно сега, но доколку сте се нашле во таква ситуација воопшто не е. 

3. Силеџија. Овој вид на претпоставени менаџираат преку внесување на страв и закани. Мнгоу често исто така врескачи, овие шефови не водат, тие малтретираат. Исто така, тие креираат култура на недоверба, постојана нервоза и страв. Вработените често се загрижени за своите работни места, а политиката во канцеларијата може особено да влијае на перформансот на вработените. 

4.  Не се извинува. Одличните менаџери се такви бидејќи се свесни доколку направат грешка и се извинуваат. Лошите лидери никогаш не го признаваат своето несоодветно однесување и секако, никогаш не се извинуваат за истото. 

5. Слаб комуникатор. Недавањето на јасни инструкции е постојана карактеристика на вашите неспособни претпоставени. Тие постојано задржуваат информации и ги третираат како моќ. Дополнително, тие често се контрадикторни и на себеси или даваат збунувачки инструкции. 

6. Ужасен слушач. Неквалитетните лидери не слушаат, што оди рака под рака со тоа да се биде лош комуникатор. Уште полошо, тие дури не се ни грижат да слушаат. Што и да кажете, овие шефови слушаат она што ним им одговара. Дополнително на ова, постојано ве прекинуваат во зборувањето и никогаш не се целосно присутни за време на интеракциите со вработените. 

7. Секогаш во право. Овој вид на претпоставени имаат постојана потреба да бидат во право и постојано да покажуваат кон луѓето кои не се. 

8. Недостапни. Лошите менаџери се ретко достапни. Особено во време на криза никогаш не се присутни, кога треба да се донесат важни одлуки или кога некој/а од вработените има специфична ситуација. 

9. Никогаш не делат пофалби или охрабруваат. Први за да критикуваат и последни за да пофалат. Преголем број на вработени на неквалитетни менаџери имаат изјавено дека нивните шефови не им се заблагодариле со години. Со оглед на тоа дека препознавањето на добро завршените задачи е најдобриот начин за поврзување, ова е една од најчестите карактеристики на лош лидер. 

10. Укривувач. Бидејќи им недостатува било каква лична одговорност, овие лидери ги обвинвуаат сите други кога едно нешто нема да се одвива според планираното. Тие доста често ги кршат канцелариските правила или ја префрлуваат вината на некој друг. 

11. Нереални. Неспособните менаџери поставуваат цели кои се и нереални и недостижни. Кога овие цели нема да бидат остварени, поради очигледни причини, тие ги обвинуваат вработените за неуспехот, означувајќи ги како слаби, мрзливи или недоволно добри. 

12. Неодлучни. Лошите шефови живеат во страв од самите себе, што многу често доведува до парализирање кога треба да се донесе одлука. Оваа карактеристика потекнува од стравот да се направи грешка или едноставно, не поседување доволно основно бизнис знаење за да се донесе одлуката. 

13. Манипулативни. Неквалитетните лидери се општо познати по манипулирање на другите, без разлика дали се работи за претходно смислена цел или само за забава. Бизнисот за нив може да е игра и тие си играат со луѓето како што ќе посакаат. Нажалост, ова манипулирање може да резултира со повредени чувства и неискажана количина на потрошена енергија. 

14. Одмазднички. За овие шефови особено е важно никогаш да не се согласите со нив, да споделувате свои мислења или пак да навлегувате во дебата за одредено прашање. Ако ги ставите под знак прашалник способностите на овој вид на менаџери, тој/таа ќе се сврти против вас по одредено време. Дури и ако поседувате одличен мотив за овој вид на однесување, кога се соочувате со одмазднички лидер, понекогаш е добро да премолчите за да се заштитите себеси и својата работа. 

15. Земање заслуги за напорната работа на другите. Ова можеби е одлика на особено лошите лидери, менаџери, претпоставени. Добрите лидери се гордеат со постигнувањата на својот тим и се осигуруваат тимот да го знае тоа. Едноставно кажано, земање заслуги за работа која ваш вработен потрошил време, ресурси е засрамувачки. 

Промовирани огласи »

И регрутерите и менаџерите за вработување се плашат од истото сценарио: По првиот месец од вработувањето, новиот вработен/а не е личноста која се прикажала во особено добро светло во процесот на интервјуто. 

Можеби на тој/таа им е потребно повеќе време на адаптација, но и предупредувачките сигнали може да значат дека направена е огромна грешка при вработувањето. Во продолжение, прочитајте пет типови на неквалитетни вработувања: 

  • Лошиот став - Нов вработен со антипатичен став е еден од најголемите кошмари на менаџерите за вработување. Нудењето на конструктивен критицизам од нова перспектива може да ги мотивира вработените на друг начин, но недостаток на почит, бескрајно жалење или постојано споделување на информации од типот „работите беа подобри на моето старо работно место“ се неволја. 

За да го избегнете овој проблем, бидете свесни за кандидатите кои се склони кон конфронтација или негативни уште од самиот почеток, уште од интервјуто. Ако кандидатите не можат да бидат позитивни на интервјуто, може тоа да биде знак на многу полоши работи кои следуваат. Побарајте фидбек од сите што доаѓаат во контакт со кандидатот во текот на денот на интервјуто, од рецепционер, до хигиеничарка, до секретарка, до ваши вработени. Овој став е тешко да се одглуми пред сите и на овој начин, можеби ќе имате среќа да препознаете лош кандидат пред да го вработите. 

  • Актерот/ката - Новите вработени на кои им недостасуваат вештините кои се изјасниле дека ги поседуваат е уште едно огромно разочарување за менаџерите. Можеби тие поминале одлично на интервјуто, но или ги прекриле или ги прецениле своите квалификации и искуство. Добрите интервјуирачи може да го разберат нивото на разбирање на одредени вештини, но секогаш постои шанса кандидатот да има недостаток на одредена вештина, но да е одличен комуникатор. 

Еден начин за верификација на кандидатите е со проверка на искуството од минатото каде со соодветни прашања може да се забележи длабочината на искуството на кандидатот. Исто така, давање на задача на кандидатот за сработување е уште еден начин за проверка на вештините. На овој начин, не само што може да имате увид во способностите туку и имате можност да видите дали кандидатот навистина ужива во работата. 

  • Беспомошниот кандидат - Секогаш постои одредена „крива на учење“ за сите ново вработени, но ако истите тие не се во можност да ги разберат своите задачи во одреден временски период, постојано ги прават истите грешки или бараат проверка дури и за најмалите задачи, тие се повеќе тежина отколку помош. 

Постои очекувања дека по одредено време и тренинзи, вработените се во можност да извршуваат одредени задачи самите од себе. Ако ова не се случи, компанијата мора да се запраша зошто. Дали е до вработениот или не? Дали организацијата има некој недостаток или не е во можност да ги даде соодветните алатки на вработениот за тој/таа да биде успешен? 

  • Дух - Ова се вработените кои не можат да бидат пронајдени. Само што започнале со работа, а веќе доцнат на работа, си заминуваат порано или исчезнуваат во текот на денот поради лични причини или веднаш прашуваат за одмор. 

Секако дека постојат разумни причини зошто новиот вработен доцни или бара одмор, но вие не сакате тоа да стане навика. Осигурајте се дека ќе разговарате за платеното време и слободните денови пред кандидатот да биде вработен/а, за да може да имате увид во сите можни бариери кои може да се случат. 

  • Алпинист - Новите вработени кои брзо се прилагодуваат на новата позиција може исто така да се проблем. Во некои работни места ова воопшто не е проблем. Но некои од вработените може да сметаат дека новиот вработен нема почит кон другите иако може тој/таа да е високо квалификуван работник. 

Ако работодавците ја насочат оваа енергија кон учење, растење и унапредување на вработениот, може да забележите дека имате дијамант кој може да го претворите во ваш најдобар вработен. Негативната страна е што овие вработени губат интерес многу брзо бидејќи очекуваното унапредување не доаѓа. Овој вид на вработени може многу брзо да се претворат во лоши вработени ако работодавците не се внимателно. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »