Промовирани огласи »

И регрутерите и менаџерите за вработување се плашат од истото сценарио: По првиот месец од вработувањето, новиот вработен/а не е личноста која се прикажала во особено добро светло во процесот на интервјуто. 

Можеби на тој/таа им е потребно повеќе време на адаптација, но и предупредувачките сигнали може да значат дека направена е огромна грешка при вработувањето. Во продолжение, прочитајте пет типови на неквалитетни вработувања: 

  • Лошиот став - Нов вработен со антипатичен став е еден од најголемите кошмари на менаџерите за вработување. Нудењето на конструктивен критицизам од нова перспектива може да ги мотивира вработените на друг начин, но недостаток на почит, бескрајно жалење или постојано споделување на информации од типот „работите беа подобри на моето старо работно место“ се неволја. 

За да го избегнете овој проблем, бидете свесни за кандидатите кои се склони кон конфронтација или негативни уште од самиот почеток, уште од интервјуто. Ако кандидатите не можат да бидат позитивни на интервјуто, може тоа да биде знак на многу полоши работи кои следуваат. Побарајте фидбек од сите што доаѓаат во контакт со кандидатот во текот на денот на интервјуто, од рецепционер, до хигиеничарка, до секретарка, до ваши вработени. Овој став е тешко да се одглуми пред сите и на овој начин, можеби ќе имате среќа да препознаете лош кандидат пред да го вработите. 

  • Актерот/ката - Новите вработени на кои им недостасуваат вештините кои се изјасниле дека ги поседуваат е уште едно огромно разочарување за менаџерите. Можеби тие поминале одлично на интервјуто, но или ги прекриле или ги прецениле своите квалификации и искуство. Добрите интервјуирачи може да го разберат нивото на разбирање на одредени вештини, но секогаш постои шанса кандидатот да има недостаток на одредена вештина, но да е одличен комуникатор. 

Еден начин за верификација на кандидатите е со проверка на искуството од минатото каде со соодветни прашања може да се забележи длабочината на искуството на кандидатот. Исто така, давање на задача на кандидатот за сработување е уште еден начин за проверка на вештините. На овој начин, не само што може да имате увид во способностите туку и имате можност да видите дали кандидатот навистина ужива во работата. 

  • Беспомошниот кандидат - Секогаш постои одредена „крива на учење“ за сите ново вработени, но ако истите тие не се во можност да ги разберат своите задачи во одреден временски период, постојано ги прават истите грешки или бараат проверка дури и за најмалите задачи, тие се повеќе тежина отколку помош. 

Постои очекувања дека по одредено време и тренинзи, вработените се во можност да извршуваат одредени задачи самите од себе. Ако ова не се случи, компанијата мора да се запраша зошто. Дали е до вработениот или не? Дали организацијата има некој недостаток или не е во можност да ги даде соодветните алатки на вработениот за тој/таа да биде успешен? 

  • Дух - Ова се вработените кои не можат да бидат пронајдени. Само што започнале со работа, а веќе доцнат на работа, си заминуваат порано или исчезнуваат во текот на денот поради лични причини или веднаш прашуваат за одмор. 

Секако дека постојат разумни причини зошто новиот вработен доцни или бара одмор, но вие не сакате тоа да стане навика. Осигурајте се дека ќе разговарате за платеното време и слободните денови пред кандидатот да биде вработен/а, за да може да имате увид во сите можни бариери кои може да се случат. 

  • Алпинист - Новите вработени кои брзо се прилагодуваат на новата позиција може исто така да се проблем. Во некои работни места ова воопшто не е проблем. Но некои од вработените може да сметаат дека новиот вработен нема почит кон другите иако може тој/таа да е високо квалификуван работник. 

Ако работодавците ја насочат оваа енергија кон учење, растење и унапредување на вработениот, може да забележите дека имате дијамант кој може да го претворите во ваш најдобар вработен. Негативната страна е што овие вработени губат интерес многу брзо бидејќи очекуваното унапредување не доаѓа. Овој вид на вработени може многу брзо да се претворат во лоши вработени ако работодавците не се внимателно. 

Промовирани огласи »

Граѓаните ќе плаќаат парно колку што потрошиле, а не по квадратура. Ова го предвидува новиот Закон за енергетика. Експертите објаснуваат дека со ова домаќинствата сами ќе регулираат дали сите радијатори ќе им бидат вклучени и на која температура. Но сепак недостаток на законското решение е тоа што домаќинствата сами ќе треба да ги купат уредите и дополнително ќе се оптовари семејниот буџет.

Граѓаните ќе треба сами да си платат… на секој радијатор по околу 50 евра, вели Константин Димитров МАЦЕФ

Со новиот закон ќе се дозволи домаќинствата сами да произведуваат струја и за тоа нема да им треба лиценца.

На пример ако сум произвел повеќе од 10 киловат-часови, ги пласирам во мрежата, па после мрежата барем во ноќен период нека ми врати 10 киловат- часови макар да е таа цена односно вредност на електричната енергија двојно помала, вели Димитров.

Димитров како експерт на полето на енергетиката не може да гарантира дека воведувањето на целосната либерализација на пазарот нема да доведе до поскапување на струјата. Државата може да ја регулира давачката што треба да се плати на сопственикот на мрежата и оној кој што ќе работи во неа. Но не може да се регулира цената по којшто ќе се продава струјата на слободниот пазар.

Извор:СителТв

Промовирани огласи »

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го повтори својот став дека лотаријата за обезбедување на американски визи на странски државјани, треба да биде укината.

Во САД постои такво нешто како лотарија за визи. Дали мислите дека кај нас доаѓаат најдобрите претставници на земјите? Не, кај нас доаѓаат најлошите претставници, изјави шефот на државата.

Го повикувам Конгресот да ја укине визната лотарија, додаде Трамп и потсети дека двата терористички напади во Њујорк од 31 октомври и 11 декември беа организирани од емигранти.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »