Промовирани огласи »

Граѓаните ќе плаќаат парно колку што потрошиле, а не по квадратура. Ова го предвидува новиот Закон за енергетика. Експертите објаснуваат дека со ова домаќинствата сами ќе регулираат дали сите радијатори ќе им бидат вклучени и на која температура. Но сепак недостаток на законското решение е тоа што домаќинствата сами ќе треба да ги купат уредите и дополнително ќе се оптовари семејниот буџет.

Граѓаните ќе треба сами да си платат… на секој радијатор по околу 50 евра, вели Константин Димитров МАЦЕФ

Со новиот закон ќе се дозволи домаќинствата сами да произведуваат струја и за тоа нема да им треба лиценца.

На пример ако сум произвел повеќе од 10 киловат-часови, ги пласирам во мрежата, па после мрежата барем во ноќен период нека ми врати 10 киловат- часови макар да е таа цена односно вредност на електричната енергија двојно помала, вели Димитров.

Димитров како експерт на полето на енергетиката не може да гарантира дека воведувањето на целосната либерализација на пазарот нема да доведе до поскапување на струјата. Државата може да ја регулира давачката што треба да се плати на сопственикот на мрежата и оној кој што ќе работи во неа. Но не може да се регулира цената по којшто ќе се продава струјата на слободниот пазар.

Извор:СителТв

Промовирани огласи »

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го повтори својот став дека лотаријата за обезбедување на американски визи на странски државјани, треба да биде укината.

Во САД постои такво нешто како лотарија за визи. Дали мислите дека кај нас доаѓаат најдобрите претставници на земјите? Не, кај нас доаѓаат најлошите претставници, изјави шефот на државата.

Го повикувам Конгресот да ја укине визната лотарија, додаде Трамп и потсети дека двата терористички напади во Њујорк од 31 октомври и 11 декември беа организирани од емигранти.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Instagram пласира на пазарот нова функција која може да овозможи нови информации и нови способности на таргетирања на брендовите и тестира уште една која може драстично да го промени начинот на кој корисниците се поврзуваат со содржината. 

  • Instagram ја понуди опцијата да се следат хаштаговите и на тој начин овозможи објавите, видеата и сликите полесни за откривање. Објавите поврзани со хаштаговите кои се следени ќе појавуваат автоматски. Корисниците исто така ќе бидат во можност да видат кои хаштази се следени од други корисници. 

Опцијата заследување на хаштаг може да отвори нови можности за компаниите:

  • Може да го зголеми дофатот на брендот и можностите за таргетирање - Оваа функција моментално не е монетизирана, но Instagram може да го промени тоа во иднина. На пример, може да се приоритетизираат спонзорираните хаштази во објавите на корисниците. Апликацијата може и да им наплаќа на компаниите за преглед во аналитиките на спонзорираните хаштази, што може да биде корисно за таргетирањето. 
  • Може да ја зголеми свесноста за брендот - Оваа функција им дава можност на компаниите бесплатно да го зголемат нивниот дофат до клиентите преку додавање популарни хаштази на нивните објави. 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »