Промовирани огласи »

Доколку патувате во странство со автомобил, во следните држави ќе можете да возите со македонски возачки дозволи.
Република Македонија има склучено билатерални договори за заемно признавање на националните возачки дозволи со Шпанија, Албанија, Италија и Словенија.

Кога станува збор за другите земји, па дури и соседните, потребна е меѓународна возачка дозвола за патување со сопствено или туѓо возило. Меѓутоа, многумина препорачуваат да се поседува меѓународна возачка дозвола дури и во земјите со кои се има склучено договор.

Меѓународната возачка дозвола се издава од правно лице овластено од Министерството за внатрешни работи и таа има важност до три години. Истовремено, таа никогаш не се издава на лице што е претходно казнувано.

Покрај оваа дозвола, за патување во странство е потребен и зелениот картон за да се покријат потенцијалните штети доколку истите се причинети на трети лица со употреба на моторното возило.

Промовирани огласи »

Ако комбињата истовараат роба на улица ќе бидат казнети со 45 евра а ако се паркирани на тротоар со 150 евра.

Возилата нема да смеат да доставуваат роба по дуќаните на потегот од Рузвелтова до железничката станица, од Илинденска до крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ односно од булеварот Теодосиј Гологанов до Јужен булевар.

Град Скопје вчера донесе одлука за забрана на дотур на роба од први декември до 31 март во центарот на градот од 7.30 до 18 часот. Одлуката се носи согласно препораките на Владата за воведување итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Од Градот велат дека засега мерката ќе важи само до крајот на март, како од дел од проектите за загадувањето, но во меѓувреме ќе се направат анализи да се воведе забрана за дотур на роба во текот на денот, преку цела година.

Промовирани огласи »

Секојдневно слушаме за заштита на животната средина, но дали знаеме што всушност тоа значи и како ние можеме да придонесеме?

Во својот дом, наместо обични светилки, поставете ЛЕД или флуоресцентни. Тие можеби се малку поскапи, но ќе ви траат подолго и заштедуваат енергија. Секогаш исклучувајте ги светилките кога ќе излезете од просторијата. Користете јавен превоз, велосипед или одете пеш секогаш кога времето тоа ви го дозволува. Така ќе придонесете кон намалување на штетните гасови во атмосферата. Свој придонес во зачувување на околината можете да дадете и со активирање на услугата „електронска сметка од ‘Вип’“.

Со оваа услуга сметката веќе нема да ја добивате во хартиена форма, туку на имејл-адресата што ќе ја наведете ќе добиете информација за бројот и износот на вашата фактура. Исто така, добивате и линк до детаљниот преглед на сметката. Електронската сметка може да ја активирате преку веб-страницата на „Вип“ преку мобилната апликација „Мојот Вип“ или со испраќање бесплатна СМС-порака со содржина START на 140410, а ви овозможува увид во сметката во секој момент, како и можност за електронско плаќање.

За потсетување, наградната игра на “Вип“, „Екоактивација“, сè уште е во тек, со која „Вип“ ја поттикнува еколошката свест во јавноста. Следното извлекување е во февруари 2018 година, затоа плаќајте ги вашите сметки електронски и бидете еден од среќните добитници на мобилен телефон, лаптоп, таблет или велосипед.

Промовирани огласи »

Владата го разгледа и утврди Предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за ноќна работа, со која, меѓу другото е уредено и работењето на жените ноќе, со тоа што Конвенцијата содржи одредби во насока на заштита на мајчинството, соопшти Владата.

Со Конвенцијата се елиминираат сите рестрикции на ноќната работа специфични за жените, освен за оние кои се насочени кон заштита на женската улога за репродукција и нега на новороденчињата.

Со оваа конвенција се подобруваат можностите на жените за вработување, односно се овозможува жената да има избор, дали ќе работи ноќе или не. Истовремено, со ратификацијата на оваа конвенција ќе се зајакне водечкиот принцип на родова еднаквост и на тој начин ќе се отстрани ограничувањето на слободата на избор на работникот на работно време, единствено на основа на пол, соопшти Владата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »