Промовирани огласи »

Културата во канцеларијата е во зависност од луѓето, но исто така и во зависност од физичкото креирање на канцеларијата. Канцеларискиот простор е многу повеќе од само место за работа. Тука може да се помогне на организационото здравје преку овозможување на средина во која може да се забележи соработка и продуктивност. Исто така, овој простор помага при регрутирањето на таленти кои првиот впечаток е креиран преку канцеларискиот простор. Без разлика од големината или од индустријата, компаниите може да имаат значајни бенефиции преку целосно дизајнираниот работен простор. 

Бидејќи се повеќе компании се насочени кон креирање на силни врски, се повеќе внимание е насочено кон дизајнот на канцеларискиот простор и конструкцијата. Но, градењето на поврзувачки канцелариски простор не е едноставно. Потребен е тим од експерти кои креативно и ефективно во однос на трошоци ќе го дизајнираат и создадат овој простор кој ќе ги обедини луѓето од сите департмани и искуства. 

1. Заеднички простор

Фоаје кое поканува со креацијата или влезот во канцеларијата го диктираат тонот за вработените, гостите и идните вработени. Тие исто така може да бидат и простор за спонтано одвивање на разговори, делови за поопуштено седење и Wi-Fi дел. Вработените  од било кој департман може да поминат преку овој заеднички простор, да забележат моментални состаноци и да се поврзат меѓусебно во обичен или работен разговор во не-традиционална средина. 

2. Конференциски простории

Конференциските соби не секогаш предизвикуваат топли мисли кај вработените, но тие се од суштинско значење за успехот на бизнисот. Модерната, централно лоцирана, од стакло конференциска просторија привлекува поголема природна светлина и креира продуктивни тимови. Тие исто така обезбедуваат транспарентна култура и доверба. 

Технологијата е исто така, клучна. Конференциски соби кои се опремени со последната видео-конференциска технологија и брзи мрежни поврзувања обезбедуваат цврсти внатрешно-канцелариски односи. 

3. Централно место за собир 

Покрај заедничките простории, додавањето на флексибилни соби и зони кои се со намера за не-традиционални собирања може да ги подобрат односите на вработените и да ја зголемат иновативноста. Кујна, кафе простории и простории за игри се огромен плус и ја прават канцеларијата повеќе како дом. Овој вид простории може да поврзат вработени од различни департмани кои вообичаено не се поврзуваат. 

Не се плашете да размислувате креативно во овој дел. Овие простори се одлична можност да го покажете карактерот на вашата компанија - преку брендирани, интерактивни пораки за комуникација помеѓу вработените. 

Градење на поврзаноста преку овие три методи 

Со фокусирање на добро дизајнирана, поврзувачки заеднички простори, конференциски собо и централни места за собир, вашата компанија може да креира работен простор кој ја поддржува соработката и својата култура. Размислете за тоа како вашите вработени моментално се поврзуваат и како тоа може да биде подобрено во физичкиот простор во кој работат. 

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи веќе ја објави јавна покана за поднесување на Годишна даночна пријава (образец "ПДД-ГДП") за утврдување на персоналниот данок на доход за 2017 година.

Секој граѓанин мора да поднесе годишна даночна пријава, во спротивно казната за оние кои нема да поднесат пријава изнесува 200 евра.

Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на:

1. Лични примања - платa и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот; надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 6 од Законот за персоналниот данок на доход, и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работните односи, Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори и прописите за органите на државната управа; пензиите; примањата на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва; примањата на функционери, пратеници, советници, и други носители на јавни функции; примања на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.); надоместок за врвни спортисти; надоместок за време на боледување; надоместок за време на отсуство од работа; надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва; надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите; плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата и секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица (пр. приход од извршување физичка или интелектуална работа, врз основа на договор за дело или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, приход остварен со работа преку интернет и сл.).

2. Приходи од земјоделска дејност - ако граѓанинот остварува приходи и од други извори.

3. Приходи од самостојна дејност - ако граѓанинот остварува приходи и од други извори.

4. Приходи од имот и имотни права - приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.

5. Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост - вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж, уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техника, фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил, сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста, изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија, преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби, изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се претходно наведени.

6. Приходи од капитал - дивиденди и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица, каматитe по заеми дадени на физички и правни лица и камати по обврзници или други хартии од вредност.

7. Капитални добивки - од продажба на учество во капиталот и недвижен имот.

8. Добивки од игри на среќа - приходи што се остварени во пари, предмети или права, освен добивки од посебните игри на среќа.

9. Други приходи - сите други приходи кои се исплатени, а не се набројани во точките 1 до 8 од оваа Јавна покана, ниту се ослободени од обврската за оданочување согласно член 6 од Законот за персоналниот данок на доход, како и приходите остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот без надоместок, доколку истите не се оданочени согласно Законот за даноци на имот.

Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат Годишна даночна пријава.

Граѓанинот е должен Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”) да ја поднесе до даночната канцеларија на УЈП според местото на живеење, во Контакт центарот Скопје без разлика на местото на живеење на граѓанинот или преку е-Даноци.

Рокот за поднесување е од 1 јануари до 15 март 2018 година. Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”) може да ја преземете од веб страницата на УЈП.

На даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во рокот определен со оваа покана ќе им сеизрече глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност за сторен прекршок согласно Законот за персоналниот данок на доход.

Промовирани огласи »

Изреката „за секој прст што го вперуваш, три веќе има вперено во тебе“ особено се однесува на менаџментот. Кога моралот на тимот е на ниско ниво, се зголемува бројот на побарани откази и луѓето избегнуваат контакт со очи со Вас, тогаш можеби е време да прифатите дека проблемот е до Вас. 

Кое и да е одговорното лице што ја има привилегијата да ја држи титулата менаџер, вашиот прв приоритет е да се биде целосен познавач на најчестите причини зошто вашите најдобри луѓе си одат од вашата фирма. 

1. Менаџерите кои ги малтретираат своите вработени

Ефектите од малтретирање на работното место се високи и го чинат многу бизнисот. Како можете со сигурност да кажете дека работите за претпоставен кој ве малтретира? Овој вид на сопственик не е строг менаер кој ви нуди конструктивен критицизам кој има за намера да ви помогне со вашиот перформанс; наспроти тоа, тие користат само деструктивен критицизам кој има за цел да ве исплаши и понижи како човечко суштество (многу често и пред вашите соработници) и ве напаѓа на лично ниво наместо да ја критикува вашата работа. 

2. Менаџери кои не даваат позитивни критики

40% од претпоставените, сопствениците и менаџерите никогаш не даваат позитивни критики на своите вработени. Ова е значаен проблем бидејќи желбата на менаџерите да даваат позитивен фидбек е најсилниот показател за тоа дали тие ќе бидат ефективни, искрени комуникатори.

3. Менаџери кои ја земаат заслугата за работата на вработените 

Значаен дел од вработените исто така, се изјаснуваат дека земањето на заслугите од страна на менаџерот е нешто за кое вреди да се размислува за отказ. Дел од нив го класифицираат ова однесување како најлош вид на однесување на еден претпоставен. 

4. Менаџери кои немаат грижи за балансот работа-личен живот на своите вработени

Иако флексибилните часови и работа од дома се повеќе се присутни во општеството, за најголемиот дел од вработените, менаџерите се тие кои ја диктираат и контролираат количината на работа и работните часови. Како резултат на ова, личните животи на вработените доста често се на мета, прекувременот работење е многу честа појава, работа за време на викенд и 24/7 можност за работна комуникација. Последица на ова е стресот кој го создаваат сите овие фактори и кој е прв причинител за проблеми со здравјето на вработените

Како може да се реши овој проблем? 

Платата е важна, меѓутоа добрите работници се суштински мотивирани. Вашата работа како сопственик, претпоставен или менаџер е рационално да се поврзете со нив, да им ги обезбедите ресурсите кои им се потребни за да успеат и да направите да се чувстуваат вредно и почитувано како човечки суштества. Кога ќе го направите ова, ќе им дадете огромен број на причини да се разбудат наутро и да поседуваат желба за да придонесат кон завршување на значајна работа.

Промовирани огласи »

Што е она што го сакаат вашите клиенти, како вашите клиенти размислуваат и како тие се поврзуваат помеѓу себе - сите овие информации постојано се менуваат. Секоја година во дигиталната ера, гледаме растење и опаѓање на социјалните платформи, менување на трендовите и менување на желбите на потрошувачите кои го обврзуваат онлајн маркетигн светот постојано да еволвира, да се развива. 

Невизуелни искуства - Никој не очекувал дека индустријата за „паметните звучници“ ќе се развие како што се разви во 2017 година. До 2022, овие звучници се очекува да бидат дел од домовите на повеќе од 55% од жителите на САД, а веќе се продадени повеќе од 20 милиони само оваа година. Луѓето почнуваат да се поврзуваат со овие уреди како дел од нивната рутина, секојдневниот живот преку користењето гласовни наредби и слушање на резултатите. Потрошувачите се почесто бараат да се поврзат со уреди кои не бараат никаков визуелен надзор или физички напор и ова ќе има огромно влијание на тоа како маркетерите комуницираат со нив. 

Капитализација на апликациите - Денес постои апликација за се. Да, постојат огромен број на различни апликации кои се појавиле во последната деценија, но сега, потрошувачите се потпираат на одредени апикации - како што мапи, апликации за транспорт и апликации за оценување, како дел од секојдневниот живот. Многу е возможно дека во 2018 ќе гледаме се поголема капитализација на апликациите - се повеќе брендови кои ќе купуваат огласи и ќе се договараат за да постигнат изложеност на високо популарни апликации. 

Микро моменти - Google ги дефинира микро моментите како секој еден момент кој го поттикнува потрошувачот да го искористи неговиот мобилен многу брзо без ралика дали сака да научи нешто, да оди некаде, да направи нешто или да купи нешто. Во 2018, брендовите кои ќе потрошат најмногу време обидувајќи се да научат, разберат и капитализираат овие микро моменти ќе бидат оние кои ќе имаат највисоки шанси за успех. Ова бара многу подлабоко демографско истражување и интензивна мобилна стратегија, но со денешните алатки, може да биде полесно да се постигне сето ова. 

Индивидуални комуникации - Интернетот е многу прометно место и затоа е лесно да се загубиме во истиот. Токму затоа се повеќе потрошувачи го вреднуваат персонализираниот пристап, индивидуалното искуство, вклучувајчи и еден-на-еден комуникација со брендот. Сосема е очигледно дека само еден-на-еден пристапот не е издржлив, но токму затоа се повеќе брендови се свртуваат кон chatbots (прозорец за разговор) како поефективна и поисплатлива алтернатива. Овие прозорци за разговор секој ден стануваат се повеќе интелигентни и популарни, како и кај потрошувачите, така и кај брендовите. До крајот на 2018, chatbots ќе станат и неоппходен дел од една компанија ако сакате да им дадете персонализирано искуство на вашите потрошувачи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »