Промовирани огласи »

Министерство за финансии подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Во образложението се вели дека во автомат клубовите се поставуваат автомати кои се постари од 15 години и дека на приредувачите на игри на среќа никој не им гарантира за исправноста и функционалноста на увезените автомати.

Исто така и учесниците во игрите на среќа играат на застарени и амортизирани автомати, наместо на автомати не постари од една година. Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории.

Ваквиот начин на отворање на деловните простории за приредување на игри на среќа на автомати, има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот на Република Македонија заради помалку остварените приходи по овој основ.

Со овој предлог закон кај приредувачите на игрите на среќа во автомат клуб се враќа лиценцирањето на секоја деловна просторија, а кај приредувачите на игрите на среќа во обложувалница се предлага со една издадена лиценца од страна на Владата на Република Македонија да можат да се отворат 50 уплатни места и банкарска гаранција односно депозит од 500.000 евра, пишува во образложението.

Промовирани огласи »

За да работите ефективно со регрутер, потребно е да знаете како да комуницирате со нив. 

Многу од работобарателите го дискутираат мрежното бизнис поврзување како клучна карактеристика на успешната потрага по работа. Додека мнозинството ја препознава важноста на градењето на вистинските односи, малкумина знаат како да основаат врска со клучната група: регрутерите. 

За да ви помогнеме, тимот на KARIERA.mk креираше листа на важни позитивни и негативни комуникациски карактеристики од работењето со регрутери. 

  • Разбирање на важноста на односот со регрутерот

Зошто бенефитот е толку голем од учењето како да комуницирате ефективно со регрутерите? Со тек на време, способните регрутери може да ви помогнат на неколку начини, меѓу кои и следниве: 

  • Креирање можност за дополнителни работни места за кои вие не сте знаеле
  • Обезбедување на клучни информации за побарувачката 
  • Помош при преговарање за повисока плата
  • Обезбедување на квалитетно CV и совети при потрагата за работа 

  • Пренесете ги правилно вашите кариерни цели

Многу често, работобарателите се жалат дека се приморани на интервјуа за работни места за кои тие не се заинтересирани или квалификувани. Резултатот е во креирањето лош впечаток за време на интервјуто кој, од друга страна, го повредува односот со постоечкиот регрутер. 

Ова може да биде избегнато преку јасно комуницирање за вашите професионални цели со регрутерот. Кога тој/таа знае точно што барате, тие може да би предложат работни места без да ве стават во незгодна позиција. 

Ако ви е понудена работна позиција за која не сте заинтересирани, најдобро е со почит да ја добиете, да му/и се заблагодарите на регрутерот за нивното внимание и да им кажете точно што ве интересира. 

  • Не бидете неодлучни 

Не одете на интервју само за да добиете високи оценки од регрутерот. Нема да си го подобрите односот на овој начин и на крајот, само на себеси ќе си наштетите. Без разлика дали интервјуто ќе помине добро и нема да ја прифатете работата или нема да добиете понуда, никој не добива во оваа ситуација. 

  • Дозволете регрутерот да ве води 

Еден од најдобрите начини за поврзување со регрутерот е да му дозволите да си ја работи својата работа. Повремено, работобарателите имаат проблем со немањето контрола врз процесот на вработување. Анксиозноста ги присилува на одредени акции кои може да бидат гледани како вмешување во работата на регрутерот. Зацврстувањето на овој однос се сведува на - поставувајте прашања. Ако не сте запознаени со целосниот процес, прашајте го регрутерот, тој/таа сигурно ќе сака да ви одговори бидејќи двете страни имаат корист од целосното информирање. 

  • Останете професионални дури и ако не ја добиете работата

Уште еден начин преку кој регрутерот ќе има високо мислење за Вас е ако знаете да прифатите пораз. Некогаш, работобарателите ќе кажат лоши зборови за менаџерите кои требало да ги вработата кои ги прави да изгледаат непрофесионални. Дополнително, зборуваат негативно за клиентите на регрутерот, да не се заборави. Како се однесувате кога нештата не се случуваат по планираното е исто толку важно како и вашето однесување кога се одвиваат по планираното. 

Ако играте правилно, работењето со регрутер може да има огромен бенефит за вашата кариера. 

Промовирани огласи »

Една минута по полноќ, Ник Хјуз славеше повеќе од нова година: тој го имаше првиот муштерија кој легално можеше да си купи марихуана, откако Калифорнија на 1 јануари стана најголемата сојузна држава во САД која легализираше рекреативна употреба на канабис.

Тој нѐ чекаше да отвориме. Беше многу возбуден и изгледаше почестено што е првиот купувач воопшто, изјави Хјуз, сопственик на продавница која доби лиценца за продавање на марихуана.

Пред 14 месеци, жителите на Калифорнија ја изгласаа историската одлука, која стапи на сила дури 20 години откако таа стана првата сојузна држава која ја легализираше медицинската марихуана.

Околу 90 продавници добија лиценца да продаваат марихуана веднаш по нова година, но се очекува нивниот број да расте во наредните недели. Засега тие се сконцентрирани само во четири области и секој град ќе има сопствени регулативи и дистрибуција. Марихуана ќе може да купи секој што има над 21 година и најмногу ќе смее да поседува 28 грама или шест стебла дома.

Можеме да доставиме марихуана за 20 минути. Тоа е како пица. До пладне, послуживме 350 муштерии, до крајот на денот можат да бидат илјада. Ова е нешто што долго го чекавме. Луѓето, конечно, ќе сфатат дека тревата не е ништо лошо. Таа им помага на луѓето, кажа Вил Сен од „Урбан лиф“.

Калифорнија очекува и голема финансиска добивка од оваа одлука: се проценува дека до 2020 година овој пазар ќе вреди седум милијарди долари годишно.

Промовирани огласи »

Кога сте заглавени во сообраќајниот метеж или чекате за јавен превоз, времето надвор е ладно или врне премногу дожд, работата од дома ви се чини како одлична идеја

Немањето потреба да се губи време да се стигне до канцеларијата автоматски ќе го направи вашиот ден подолг. Ова ви дозволува да имате повеќе време за фамилијата, пријателите, хоби и себеси. На многу начини ви заштедува време, стрес и пари. 

Работењето од дома има многу предности, но исто така има и некои скриени недостатоци. Да, немате потреба да излегувате од дома и ќе бидете во можност да работите во удобноста на својот дом, но тоа не е за секого. 

Осаменоста

Доколку работите од дома, вие не одите во канцеларија, многу ретко имате состаноци, повици или причина да разговарате со други луѓе. Можеби да имате состаноци на Skype или некои дискусии во текот на денот за работата, но тоа се случува преку компјутер и немате причина да зборувате на глас. 

Кога работите од дома, можете да работите и од блиското кафе, но немате соработници на овие локации. Ова може да биде многу осамено, особено ако сакате за нешто посебно да разговарате. Доколку имате партнер, по работниот ден тој/таа не сака ништо освен тишина, а вие може да се најдете во ситуација да сакате премногу да зборувате. 

Луѓето во канцеларија забораваат на вас 

Ова можеби да не ви звучи фер, но е вистина. Доколку не сте физички присутни во канцеларијата, луѓето може да заборават на вас. Ова не е особен проблем ако повеќе луѓе од тимот работат исто како и вас, но ако сте сами постојат шанси да бидете заборавени. Исто така, може да пропуштите можност за унапредување или некој настан за кој сте биле исклучени само затоа што не сте биле присутни. 

Луѓето претпоставуваат дека секогаш сте слободни 

Не секоја негативна карактеристика од работењето од дома доаѓа од канцеларијата. Вашето семејство и пријатели може да ви создаваат дополнителни проблеми. 

Секој од нив може да си претпоставува дека вие сте генерално слободни. Понекогаш ова е предност, доколку потребно е мајстор да ви дојде дома или вашето дете е болно. Понекогаш, може да е навистина проблем доколку морате да објаснувате зошто не можете да пречекате некого од аеродром на пример, или не можете да отидете на друго место поради вашата работа. 

Да се има флексибилност е одлично, но да се биде принуден да се користи таа флексибилност кога не сакате, не толку многу. Ако вие одберете да станете рано за да работите за подоцна да можете да гледате филм или било што друго, тоа е одлично за Вас. Но ако морате да го правите тоа затоа што на некој друг му е потребна услуга, тоа е сосема друг случај. 

Нештата кои ви го одвлекуваат вниманието се премногу 

Во домот постојат многу нешта кои можат да ви го одвлечат вниманието и фокусот од работата. Да, можеби имате повеќе слобода за почесто користење на кујната и почесто готвите или средувате нешто во домот. Но ова се достигнувања од вашиот личен живот, не и професионален. Концентрирајте се на работата тогаш кога сте најпродуктивни, а за се останато одвојте време по завршувањето на работата. 

Работата од дома може да биде огромен бенефит за вашиот животен стил. Но, постојат многу предизвици за кои треба да сте свесни и тоа е се на што се сведува работата од дома - да имате сознанија во што се впуштате кога се одлучувате да работите од дома. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »