Промовирани огласи »

Според статистичките податоци на крајот на 2016 година во Македонија живееле 2.073.702 жители, а најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6 проценти се деца до 14 години, и 13,1 отсто се возрасни над 65 години.

Според податоците на Државнито завод за статистика 2.144 лица се иселиле од Македонија, додека 8.887 ги промениле местото и адресата на живеење.

Во текот на 2016 година, вкупно се родени 23.199 деца, од кои 23.002 живородени и 197 мртвородени деца. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,1 отсто се живородени деца од мајки на возраст меѓу 25 и 29 години. Вредноста на тоталната стапка на фертилитет во 2016 година изнесувала 1.50 живородени деца на една жена.

Најголемиот дел од родените деца, односно 88 отсто се родени во брак, а намалувањето на фертилитетот е резултат на одложувањето на стапувањето во брак во повозрасните години.

Во 2016 година склучени се 13.199 бракови, а бројот на разведени бракови е 1. 985. Просечната возраст при склучување на прв брак е 26,5 години за невестата и 29,3 години за младоженецот.

Бројот на умрените лица во 2016 година, изнесува 20.421 умрено лице, а просечната возраст кај мажите изнесувала 70,3 години, а кај жените 74,7 години. Најзастапени причини за смрт во Македонија биле болестите на циркулаторниот систем кои учествуваат со 53,5 отсто, потоа неоплазмите со 19 отсто, ендокрините, нутритивните и метаболичните болести со 5,5 отсто…

Природниот раст во Македонија изнесува 1,2 отсто.

Последниот попис на население во Македонија е извршен во 2002 година.

Промовирани огласи »

Одлучувањето за тоа кого вработувате игра огромна улога во креирањето на културата на компанијата и осигурувањето во идниот успех. Одбирањето на информативни прашања за интервју може да биде клучен фактор во пронаоѓањето на вистинските вработени - исто како и отстранувањето на оние кои нема да бидат соодветни. 

Различни компании вреднуваат различни карактеристики, но успехот на работното место има силно влијание од поседувањето на ЕИ - емоционална интелигенција, квалитет за кој не треба да се преговара кога се земаат во предвид кандидатите за работа. 

Во продолжение, прочитајте седум прашања за интервју кои можат да ви го откријат нивото на ЕИ кој го поседува вашиот кандидат и дали истото е соодветно за вашата работна култура. 

  • Што/кој ве инспирира и зошто? 

Одговорот на кандидатот ви дава мал увид во тоа кого кандидатот го гледа како идол и зошто. Одговорот исто така може да ви открие и начините на однесување кои кандидатот ги почитува

  • Ако отворате компанија утре, кои ќе бидат трите врвни вредности? 

Секој добар однос започнува со доверба и поврзани вредности. Поглед во приоритетите на кандидатот, како и искреноста и интегритетот можат да бидат откриени со одговорот на кандидатот. 

  • Дали креиравте долготрајни пријателства додека работевте на друго место? 

Потребно е долго време за креирање односи помеѓу луѓето и да се биде способен за тоа е знак на солидна ЕИ. Долготрајно пријателство кажува за вас дека односите и грижата за луѓето се важни за вас

  • Ако се променат приоритетите во бизнисот, опишете како вие ќе му помогнете на тимот да ги разбере и имплементира променетите цели? 

Менувањето на приоритети се случува во секоја компанија и на секоја работна позиција, затоа барајте кандидати кои се флексибилни и ги поседуваат вештините со кои ќе можат да се носат со промените. Вработете кандидати кои се високо свесни за себеси, мотивирани и емпатични. Овие вештини им помагаат на вработените подобро да работат во тимови. 

  • Ако сметате дека се уште ви недостига одредена вештина, која би била таа? 

Љубопитноста и желбата за учење се витални знаци дека потенцијалниот вработен сака да стане подобар во нешто. Луѓето кои имаат проблеми со ова прашање се луѓето кои мислат дека знаат се. Ова се луѓето кои не сакате да бидат дел од вашиот тим. 

  • Може ли да ме научите нешто, како да не сум го слушнал никогаш претходно? (Може да биде било што, вештина, лекција, загатка)

Одговорот на кандидатот може да ви открие неколку квалитети:

- Дали кандидатот ќе одвои време да размисли пред да зборува

- Ако кандидатот ја поседува техничката способност да објасни нешто на личност кој поседува помалку знаење на темата

- Дали кандидатот поставува емпатични прашања на личноста која ја подучува, како на пример „Дали ова има смисла?“

  • Кои се трите клучни фактори кои ќе придонесат за вашиот успех? 

Одговорот на ова прашање може да ви покаже дали личноста е себична или не. Кога луѓето зборуваат за нивниот личен успех, слушајте дали зборуваат со „јас, јас, јас“ или со „тимот, ние, заедно сите“. Барајте го тимскиот играч кој може да донесе нешто позитивно за компанијата. Некој/а може да е многу паметна личност, но ако тимот не ужива да работи со таа личност, тие нема да се вклопат. 

Промовирани огласи »

Министерство за финансии подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Во образложението се вели дека во автомат клубовите се поставуваат автомати кои се постари од 15 години и дека на приредувачите на игри на среќа никој не им гарантира за исправноста и функционалноста на увезените автомати.

Исто така и учесниците во игрите на среќа играат на застарени и амортизирани автомати, наместо на автомати не постари од една година. Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории.

Ваквиот начин на отворање на деловните простории за приредување на игри на среќа на автомати, има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот на Република Македонија заради помалку остварените приходи по овој основ.

Со овој предлог закон кај приредувачите на игрите на среќа во автомат клуб се враќа лиценцирањето на секоја деловна просторија, а кај приредувачите на игрите на среќа во обложувалница се предлага со една издадена лиценца од страна на Владата на Република Македонија да можат да се отворат 50 уплатни места и банкарска гаранција односно депозит од 500.000 евра, пишува во образложението.

Промовирани огласи »

За да работите ефективно со регрутер, потребно е да знаете како да комуницирате со нив. 

Многу од работобарателите го дискутираат мрежното бизнис поврзување како клучна карактеристика на успешната потрага по работа. Додека мнозинството ја препознава важноста на градењето на вистинските односи, малкумина знаат како да основаат врска со клучната група: регрутерите. 

За да ви помогнеме, тимот на KARIERA.mk креираше листа на важни позитивни и негативни комуникациски карактеристики од работењето со регрутери. 

  • Разбирање на важноста на односот со регрутерот

Зошто бенефитот е толку голем од учењето како да комуницирате ефективно со регрутерите? Со тек на време, способните регрутери може да ви помогнат на неколку начини, меѓу кои и следниве: 

  • Креирање можност за дополнителни работни места за кои вие не сте знаеле
  • Обезбедување на клучни информации за побарувачката 
  • Помош при преговарање за повисока плата
  • Обезбедување на квалитетно CV и совети при потрагата за работа 

  • Пренесете ги правилно вашите кариерни цели

Многу често, работобарателите се жалат дека се приморани на интервјуа за работни места за кои тие не се заинтересирани или квалификувани. Резултатот е во креирањето лош впечаток за време на интервјуто кој, од друга страна, го повредува односот со постоечкиот регрутер. 

Ова може да биде избегнато преку јасно комуницирање за вашите професионални цели со регрутерот. Кога тој/таа знае точно што барате, тие може да би предложат работни места без да ве стават во незгодна позиција. 

Ако ви е понудена работна позиција за која не сте заинтересирани, најдобро е со почит да ја добиете, да му/и се заблагодарите на регрутерот за нивното внимание и да им кажете точно што ве интересира. 

  • Не бидете неодлучни 

Не одете на интервју само за да добиете високи оценки од регрутерот. Нема да си го подобрите односот на овој начин и на крајот, само на себеси ќе си наштетите. Без разлика дали интервјуто ќе помине добро и нема да ја прифатете работата или нема да добиете понуда, никој не добива во оваа ситуација. 

  • Дозволете регрутерот да ве води 

Еден од најдобрите начини за поврзување со регрутерот е да му дозволите да си ја работи својата работа. Повремено, работобарателите имаат проблем со немањето контрола врз процесот на вработување. Анксиозноста ги присилува на одредени акции кои може да бидат гледани како вмешување во работата на регрутерот. Зацврстувањето на овој однос се сведува на - поставувајте прашања. Ако не сте запознаени со целосниот процес, прашајте го регрутерот, тој/таа сигурно ќе сака да ви одговори бидејќи двете страни имаат корист од целосното информирање. 

  • Останете професионални дури и ако не ја добиете работата

Уште еден начин преку кој регрутерот ќе има високо мислење за Вас е ако знаете да прифатите пораз. Некогаш, работобарателите ќе кажат лоши зборови за менаџерите кои требало да ги вработата кои ги прави да изгледаат непрофесионални. Дополнително, зборуваат негативно за клиентите на регрутерот, да не се заборави. Како се однесувате кога нештата не се случуваат по планираното е исто толку важно како и вашето однесување кога се одвиваат по планираното. 

Ако играте правилно, работењето со регрутер може да има огромен бенефит за вашата кариера. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »