Промовирани огласи »

Во интервју на New York Times, Извршниот директор на Burger King, Даниел Шварц споделува едно прашање кое тој го поставува на сите кандидати за работа, за да открие дали се квалитетни таленти - „Дали си паметен/на или работиш напорно?“

Ова се чини како многу едноставно прашање - Секако дека вистинскиот одговор е дека работите напорно, така? Но, според Шварц, голем број од неговите кандидати го имаат следниот одговор: „Јас сум паметен/на, па затоа не морам да работам напорно.“

Огромна грешка. 

Не треба да вработувате луѓе кои велат дека работат напорно, не е тоа целта. Целта е поседувањето на вистинскиот став. Како сопственик на бизнис, тој вели дека никој не би сакал да вработи луѓе кои мислат дека се препаметни за работата. Тие можеби ќе постигнат резултати, но нивното размислување не е добро за било која култура на компанија на долг рок.

Некои од советите кои ги споделува Шварц за подобро пронаоѓање на вистинските кандидати се следниве:

  • Прашајте ги кандидатите за тоа како нивните поранешни шефови би ги рангирале - Побарајте од кандидатите да се изјаснат за тоа како нивните поранешни претпоставени би ги рангирале на скала од 1 до 10 заедно со елаборирање на секое рангирање. Барајте кандидати кои имаат почит и се фер, дури и ако не се согласувале со изборите на нивните претпоставени. Одличните вработени може да ги увидат проблемите од различен аспект, што е доказ за одличен знак за вештини со луѓе. По интервјуто, побарајте ги претпоставените за да ја верифицирате информацијата. 
  • Потрудете се да ги мотивирате да зборуваат што згрешиле на претходната работа - Сите прават грешки, но како одговараме на тие грешки е она што го гради нашиот карактер. Шварц го формира ова прашање на следниот начин: „Може ли да ми кажете нешто за ситуација или две кога сте згрешиле на претходната работа?“ Вие барате кандидат кој превзема одговорност за своите грешки и се подобрува. Отфрлете ги кандидатите кои обвинуваат секој друг освен себеси. Ако одбиваат да превземат одговорност за минатите грешки, ќе го прават истото и за вашата компанија. 
  • Предизвикајте ги кандидатите и забележете ја реакцијата - Ставете ги во ситни стресни ситуции кандидатите за да ги видете нивните реални бои. Она што го споделува Шварц како совет е „Ви благодарам, тоа звучи одлично, но јас не го добивам впечатокот дека вие сте супер ѕвезда.“ Одреден број кандидати може да зборуваат многу посилно за претходните успешни проекти и тоа е одлично, но секако ќе налетате на неколку кандидати кои ќе подлегнат на притисокот и ќе станат премногу агресивни или дефанзивни. Овој вид на кандидати се добри на краток рок доколку се обидувате да го зголемите вашиот ROI. Но, на долг рок барајте тимски играч кој може да ја заврши работата. 

Промовирани огласи »

По многуте забелешки од граѓаните изминативе години дека 2 јануари треба повторно да биде неработен ден, Министерството за труд и социјална политика најавува преиспитување на Законот за празниците на Република Македонија. За да се предложи следниот 2 јануари пак да биде неработен ден, од Министерството велат дека се клучни мислењата од работодавачите и од работниците.

Во изминатиот период во врска со Законот за празниците на РМ многу често се поведуваа прашања во насока дека тие се многу на број, дека треба да се дополни со неработни денови за други националности итн. Работодавачите често укажуваат дека има многу празници. За да може да се пристапи кон какво било решение, ќе треба прашањето да се отвори и да се разговара со претставници на работодавачите и претставници на работниците и, секако, да се разгледаат меѓународните искуства за бројот на неработни денови. Потоа ќе може да се пристапи кон предлог во кој ќе се согледа и можноста дали 2 јануари да се смета како неработен ден, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Законот за празниците беше изменет во 2007 година кога 2 јануари беше прогласен за работен ден, а беа додадени низа нови празници. Постојниот закон предвидува 12 неработни дена за сите граѓани на Република Македонија, дополнителни 5 неработни за православните граѓани, дополнителни 3 за католиците, 1 за муслиманите и по уште еден неработен ден за припадниците на албанската, српската, ромската, влашката, еврејската, бошњачката и за турската заедница.

Промовирани огласи »

Целите кон унапредување? Ова може да ви биде одлична цел на која може да се посветите годинава. Овој празничен период од годината е одличен за да паузирате, да размислете и оформите стратегии како ќе ја постигнете оваа цел. 

Прочитајте во продолжение кои се најчестите совети од сопствениците, претприемачите и менаџерите за како успешно да ја придвижите напред:

  • Соработка

Ако целите кон унапредување на вашата кариера, потребно е да правите повеќе од само фокусирање на својата лична работа. Можеби на некој во канцеларијата му/и е потребно помош. Колку повеќе се вашите соработници импресионирани од Вас, толку се поголеми шансите дека вашиот шеф ќе слушне за вашата работна етика. Вашата способност за соработка е исто така важна како и вашата способност да работите независно. 

  • Труд

Кога се работи за вашата работна етика, не е секогаш само за постигнување на специфичните цели. Дел од менаџерите го забележуваат и трудот што некој од вработените го вложува - дали се дисциплинирани и приспособливи? Дали се фокусирани на креативноста? Повеќе се работи за трудот кој еден вработен го вложува, отколку за целите. Големи се шансите да бидете унапредени доколку вложувате секојдневно. 

  • Доверливост

Ако сакате да ја движите вашата кариера по нагорна линија, потребно е да им покажете на вашите претпоставени дека може да сметаат на вас. 

Точноста, иницијативноста, пријателскиот однос и способноста за покажување развој се клучните фактори кои може да влијаат на вашето унапредување. 

  • Лекција од неуспехот 

Никој не е совршен - секој од нас искусил неуспех во даде момент од своите кариери. Но, како се справувате со вашите грешки е она што може да биде позитивен исход. Вашиот претпоставен ќе ја забележи вашата способност да ги свртите нештата кон позитивната страна. 

  • Отворен дијалог 

Не секогаш е потребно да работите на унапредувањето тајно. Земете го во предвид разговорот со вашиот претпоставен за вашите цели и спомнете зошто сакате да бидете унапредени. На овој начин ќе креирате отворен дијалог помеѓу вас и вашиот шеф, што ќе ве оддржува и двајцата на иста страна за вашата позиција. 

  • Креативност 

Размислувањето „надвор од кутијата“ секогаш може да ве одвои од вашите колеги и да ви ги зголеми шансите кога е време за унапредување. 

Оние вработени кои имаат идеи за проекти кои се добир за тимот се многу често унапредувани. Имплементирањето, соочување со проблемите и осмислување на потенцијалните решенија се исто така важни карактеристики на кои можете да се посветите доколку сакате развој на вашата кариера. 

Промовирани огласи »

Маркетерите користат различни продажни тактики за зголемување на празничните продажби. Тие имаат и креирани посебни денови за продажба кога се најдобрите зделки. 

Како бизнис компании, целта е максимизирање на празничните продажби преку нудење на најдобрите понуди кон клиентите. Меѓутоа, агендата на потрошувачите може да биде малку поразлична. 

Најголем дел од луѓето ќе се согласат дека Божиќ е за помош на луѓето на кои им е најпотребно, искажување на љубовта кон најблиските и поминување време со нив. Но, голем број на студии покажуваат дека се поголем број на луѓе трошат огромна сума на пари за подароци токму во овој дел од годината. 

Без разлика дали се согласувате со делењето подароци или не, прочитајте за најкористените тактики за зголемување на продажбата во празнични периоди:

Потребата да се вклопиме - Ние сме, по природа, општествено усогласени и компатибилни суштества. Оттаму, акозабележиме дека некој купува огромна количина на подароци, ние претпоставуваме дека ова однесување е правилно и за нас. Маркетерите го даваат најдоброто од себеси за да направат да се чувствуваме како да ни е потребен нивниот производ за да се вклопиме заедно со нашите пријатели, семејство и познаници. 

Неточни прогнозирања - Луѓето се борат за да ја предвидат иднината. Дури и ако сме имале повеќе од едно нешто во минатото, не можеме да претпоставиме дали тоа материјално добро имало ефект врз нашата целокупна среќа. За да го искористат овој факт, маркетерите постојано ни покажуваат нови, подобрени верзии, подобар модел или подобрување на нивните производи. Без способноста за правилно прогнозирање, ние купуваме повеќе и сме приморани повторно да учиме преку искуството. 

Потрага по социјално одобрување - Ние сме екстремно социјални суштества и огромен дел од нашата среќа се заснова на нашата заедница и блиски односи. Емоционалното значење на подарокот е користено особено од индустриите кои продаваат производи со високи цени, како што се автомобили, накит и дијаманти. Многу луѓе се согласуваат дека овие производи се репрезент на љубов и романса и притисокот да се добие социјално одобрување преку овој вид купување се зголемува за време на празниците. 

Ефектот на недостаток - Кога луѓето мислат дека една можност е ограничена, тие ќе работат напорно да бидат вклуечни. Маркетерите ја користат оваа тактита со временски ограничени понуди, ограничено производство и лансирање производи единствено за празници. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »