Промовирани огласи »

Целите кон унапредување? Ова може да ви биде одлична цел на која може да се посветите годинава. Овој празничен период од годината е одличен за да паузирате, да размислете и оформите стратегии како ќе ја постигнете оваа цел. 

Прочитајте во продолжение кои се најчестите совети од сопствениците, претприемачите и менаџерите за како успешно да ја придвижите напред:

  • Соработка

Ако целите кон унапредување на вашата кариера, потребно е да правите повеќе од само фокусирање на својата лична работа. Можеби на некој во канцеларијата му/и е потребно помош. Колку повеќе се вашите соработници импресионирани од Вас, толку се поголеми шансите дека вашиот шеф ќе слушне за вашата работна етика. Вашата способност за соработка е исто така важна како и вашата способност да работите независно. 

  • Труд

Кога се работи за вашата работна етика, не е секогаш само за постигнување на специфичните цели. Дел од менаџерите го забележуваат и трудот што некој од вработените го вложува - дали се дисциплинирани и приспособливи? Дали се фокусирани на креативноста? Повеќе се работи за трудот кој еден вработен го вложува, отколку за целите. Големи се шансите да бидете унапредени доколку вложувате секојдневно. 

  • Доверливост

Ако сакате да ја движите вашата кариера по нагорна линија, потребно е да им покажете на вашите претпоставени дека може да сметаат на вас. 

Точноста, иницијативноста, пријателскиот однос и способноста за покажување развој се клучните фактори кои може да влијаат на вашето унапредување. 

  • Лекција од неуспехот 

Никој не е совршен - секој од нас искусил неуспех во даде момент од своите кариери. Но, како се справувате со вашите грешки е она што може да биде позитивен исход. Вашиот претпоставен ќе ја забележи вашата способност да ги свртите нештата кон позитивната страна. 

  • Отворен дијалог 

Не секогаш е потребно да работите на унапредувањето тајно. Земете го во предвид разговорот со вашиот претпоставен за вашите цели и спомнете зошто сакате да бидете унапредени. На овој начин ќе креирате отворен дијалог помеѓу вас и вашиот шеф, што ќе ве оддржува и двајцата на иста страна за вашата позиција. 

  • Креативност 

Размислувањето „надвор од кутијата“ секогаш може да ве одвои од вашите колеги и да ви ги зголеми шансите кога е време за унапредување. 

Оние вработени кои имаат идеи за проекти кои се добир за тимот се многу често унапредувани. Имплементирањето, соочување со проблемите и осмислување на потенцијалните решенија се исто така важни карактеристики на кои можете да се посветите доколку сакате развој на вашата кариера. 

Промовирани огласи »

Маркетерите користат различни продажни тактики за зголемување на празничните продажби. Тие имаат и креирани посебни денови за продажба кога се најдобрите зделки. 

Како бизнис компании, целта е максимизирање на празничните продажби преку нудење на најдобрите понуди кон клиентите. Меѓутоа, агендата на потрошувачите може да биде малку поразлична. 

Најголем дел од луѓето ќе се согласат дека Божиќ е за помош на луѓето на кои им е најпотребно, искажување на љубовта кон најблиските и поминување време со нив. Но, голем број на студии покажуваат дека се поголем број на луѓе трошат огромна сума на пари за подароци токму во овој дел од годината. 

Без разлика дали се согласувате со делењето подароци или не, прочитајте за најкористените тактики за зголемување на продажбата во празнични периоди:

Потребата да се вклопиме - Ние сме, по природа, општествено усогласени и компатибилни суштества. Оттаму, акозабележиме дека некој купува огромна количина на подароци, ние претпоставуваме дека ова однесување е правилно и за нас. Маркетерите го даваат најдоброто од себеси за да направат да се чувствуваме како да ни е потребен нивниот производ за да се вклопиме заедно со нашите пријатели, семејство и познаници. 

Неточни прогнозирања - Луѓето се борат за да ја предвидат иднината. Дури и ако сме имале повеќе од едно нешто во минатото, не можеме да претпоставиме дали тоа материјално добро имало ефект врз нашата целокупна среќа. За да го искористат овој факт, маркетерите постојано ни покажуваат нови, подобрени верзии, подобар модел или подобрување на нивните производи. Без способноста за правилно прогнозирање, ние купуваме повеќе и сме приморани повторно да учиме преку искуството. 

Потрага по социјално одобрување - Ние сме екстремно социјални суштества и огромен дел од нашата среќа се заснова на нашата заедница и блиски односи. Емоционалното значење на подарокот е користено особено од индустриите кои продаваат производи со високи цени, како што се автомобили, накит и дијаманти. Многу луѓе се согласуваат дека овие производи се репрезент на љубов и романса и притисокот да се добие социјално одобрување преку овој вид купување се зголемува за време на празниците. 

Ефектот на недостаток - Кога луѓето мислат дека една можност е ограничена, тие ќе работат напорно да бидат вклуечни. Маркетерите ја користат оваа тактита со временски ограничени понуди, ограничено производство и лансирање производи единствено за празници. 

Промовирани огласи »

Додека кај новиот осигурани сме од евентуалните дефекти со гаранцијата од произведувачот, но со голема цена, ситуацијата кај половните е малку покомплицирана. Купувањето на половниот автомобил денес е исто како да земете мачка во вреќа. Од една страна за осетно помалку пари од новиот можете да купите навистина добар половен, а од друга страна купувачот ретко е запознаен со вистинската состојба на возилото што го купува бидејќи никогаш не се знае како претходниот сопственик го одржувал, колкава е неговата вистинска километража, дали е удиран, краден и слично. Еве неколку брзи совети кои ќе ви ги посочат умешно сокриените измами на продавачите на половни автомобили.

НЕ БРЗАЈТЕ ПРИ КУПУВАЊЕТО НА ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ
При купувањето на половен автомобил не треба да се брза, најдобра солуција е купување од познати особи, за кои знаете дека возилото добро се одржувало и возело. Најголем ризик има кај увезените половни автомобили, бидејќи тие во најголем случај се со поминати многу километри, треба да се очекуваат многу дефекти кои можат да создадат многу главоболки на новиот сопственик. Автоплацовите честопати во понудите даваат и гаранција на половните автомобили, па купувањето кај нив е посигурно, каде истите неретко имаат и договор со некои од банките, па е олеснет процесот за добивање на кредит отколку да го правите тоа сами. Последна солуција е купување на автомобил преку огласник или автосаеми. Во таков случај секако треба да понесете со себе вешто лице кое ги разбира проблемите на автомобилите, и доколку има нешто сомнително би ве предупредил да не го купувате вашиот можен лимен миленик.

ПРЕГЛЕДАЈТЕ ЈА НЕГОВАТА КАРОСЕРИЈА
Купувачот најпрво има визуелен контакт со потенцијалниот миленик. Изгледот на каросеријата и внатрешноста на возилото за вистинските познавачи на автомобили често може да биде доволен знак какво е возилото. Затоа кај првиот визуелен преглед многу битно е да се знае на што да се обрати внимание. Автомобилот може на прв поглед да изгледа како гланц нов, но стручните лица знаат како да утврдат дали истиот бил оштетен и колку.

Доколку се нееднакви растојанијата на школката на автомобилот, меѓу вратите и хаубата тоа е сигурен знак дека автомобилот бил хаварисан и дека некои негови делови на неговата каросерија се сменети можеби и по неколку пати. Можно истиот да претрпел сериозни деформации при ударот. Трагите на големите оштетувања можат вешто да бидат скриени, но тие најтешко се кријат на долниот дел на автомобилот. Било какви заварувања на каросеријата, подразбира дека некои делови на автомобилот се менувани.

Исто така не е на одмет да ги проверите ознаките на прозорците, фаровите и трепкачите. Оригиналните делови имаат знак на произведувачот на автомобилот сами на себе. Преглед на каросеријата подразбира, разгледување на камуфлираните и корозирани делови. Задолжително треба да се отвори гепекот, да се подигне тапацирот и да се види делот покрај резервното тркало, каде најчесто се приметуваат деформитетите настанати од заден удар. Заблуда е автомобил стар пет години да нема ниедна гребнатинка. Ако е таков, тоа значи дека е префарбан и дека имал поголеми оштетувања. Не се исклучува и можноста истиот да е составен и од два автомобила.

ВНАТРЕШНОСТА НА ВОЗИЛОТО
Истрошеноста на педалите секогаш говори дека возилото е многу возено. Освен тоа облогата на воланот може да биде излижана. Тоа укажува на фактот дека автомобилот е возен во градски услови. Повеќе изминати илјади километри во градско возење секогаш има последици на состојбата на моторот, отколку поминатите километри на отворено. Гребаници на возачката врата укажува на фактот дека возилото е користено пак на кратки дестинации.

Моторот мора да работи мирно, дури и ако е дизел, секако доколку возилото е старо најмногу 5-6 години. Кај дизелите постари од ова работата на моторот е бучна и тешко може да се процени неговата состојба само со стратување на лице место и гледање.

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕГЛЕД НА ПНЕВМАТИЦИТЕ
Пред да се одлучите да купите автомобил вистинските познавачи на возила обрнуваат внимание на изгледот на пневматиците. Доколку гумите се истрошени повеќе на едната страна, значи дека трапот не е центриран. Исто така на основа на гумите може да се утврди и веродостојноста на километражникот.

ГОДИНАТА НА ПРОИЗВОДСТВО НА АВТОМОБИЛОТ
Со староста на автомобилот паѓа и неговата цена на пазарот. Со тоа и заработката од продажба на возилото. Секогаш треба да се внимава дали за истата сума пари може да се најде иста марка со поново годиште на производство. Доколку автомобилот чини и повеќе илјади евра, неопходно е и да се провери регуларноста на документацијата во МВР.

Промовирани огласи »

Според статистичките податоци на крајот на 2016 година во Македонија живееле 2.073.702 жители, а најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6 проценти се деца до 14 години, и 13,1 отсто се возрасни над 65 години.

Според податоците на Државнито завод за статистика 2.144 лица се иселиле од Македонија, додека 8.887 ги промениле местото и адресата на живеење.

Во текот на 2016 година, вкупно се родени 23.199 деца, од кои 23.002 живородени и 197 мртвородени деца. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34,1 отсто се живородени деца од мајки на возраст меѓу 25 и 29 години. Вредноста на тоталната стапка на фертилитет во 2016 година изнесувала 1.50 живородени деца на една жена.

Најголемиот дел од родените деца, односно 88 отсто се родени во брак, а намалувањето на фертилитетот е резултат на одложувањето на стапувањето во брак во повозрасните години.

Во 2016 година склучени се 13.199 бракови, а бројот на разведени бракови е 1. 985. Просечната возраст при склучување на прв брак е 26,5 години за невестата и 29,3 години за младоженецот.

Бројот на умрените лица во 2016 година, изнесува 20.421 умрено лице, а просечната возраст кај мажите изнесувала 70,3 години, а кај жените 74,7 години. Најзастапени причини за смрт во Македонија биле болестите на циркулаторниот систем кои учествуваат со 53,5 отсто, потоа неоплазмите со 19 отсто, ендокрините, нутритивните и метаболичните болести со 5,5 отсто…

Природниот раст во Македонија изнесува 1,2 отсто.

Последниот попис на население во Македонија е извршен во 2002 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »