Промовирани огласи »

Не е филм, туку животна приказна на Марко и лука Максимовиќ, 21-годишни близнаци родени во Лос Анџелес.

Марко и Лука, иако родени во САД, пред десетина години се вратиле во Србија, а истакнуваат дека желбата на нивниот татко била да растат како Срби. Во Белград завршиле основно училиште, гимназија, а потоа запишале Земјоделски факултет. „Кога се запишавме во прво одделение лошо зборувавме српски, но брзо се навикнавме и одлично се снајдовме“, вели Лука, пренесува “N1“.

Во село Божурња, покрај Топола, откаде што е мајка им на нивниот татко, пред неколку години почнале да се занимаваат со самостоен земјоделски бизнис. На своја иницијатива, почнале да размислуваат што би можело најдобро да одекне во Шумадија, позната по сливите и грозје.

Дошле на идеја да одгледуваат боровинки, кои во Србија не биле во големи количини. Велат дека боровинката е овошка на милениумот и дека може да се употребува сушена, свежа, како и смрзната.

Сфативме дека работата со боровинки може многу да ни донесе, вели Лука и додава дека од година во година приходите растат за 208 отсто. Марко и Лука велат дека се задоволни. Работата константно напредува, побарувачката расте, а сметаат дека боровинките се-иднината.

Просечната цена на боровинката е од 5 до 6 евра по килограм, а по хектар може да се има околу 15 тони“, вели Лука, додавајќи дека годишните трошоци не надминуваат 15 отсто од вкупната бруто заработувачка.

Сепак, велат дека се најсреќни што, и покрај стереотипите дека само на Запад може да се успее, своите цели ги оствариле и во Србија.

Промовирани огласи »

Луѓето се повеќе се навикнуваат на намалувањето на интегритетот во модерниот свет. Навикнати сме да сме оставени на чекање во корисничка поддршка со часови и постојано да слушаме „Вашиот повик е важен за нас.“ Стануваме имуни на продукти кои не стигнуваат до нашата адреса, што многу често и забораваме да ги вратиме. И можеби звучи цинично, но знаеме дека личноста која ни кажала дека ќе ни се јави, никогаш не ни се јавува. 

Од друга страна, пријатно сме изненадени кога некој го прави она што вели дека ќе го направи. Истото се случува и кога добиваме одговор од човек наместо од машина на линијата на услуга за корисници. И кога компанијата прифаќа производи назад, ние остануваме лојални. Затоа што овие луѓе и таа компанија имаат интегритет. А интегритетот е она што ве одвојува и вас и вашиот бизнис од сите останати. 

Што всушност претставува интегритетот? 

Интегритетот значи почитување на својот збор во се што правите. Кога наплаќате одредена услуга или производ, вие морате да стоите позади таа услуга или производ. Таа бизнис трансакција е тест за вашиот интегритет. Дали вие го постигнувате она што велите дека ќе го постигнете? Дали правите се за да му услужите на вашиот клиент? 

Интегритет со другите луѓе

Да се поседува интегритет не значи дека вие секогаш успешно ќе ја завршите задачата. Но тоа значи дека вие ќе дадете се од себе за да го направите тоа. Се до моментот додека не сте направиле се, пробале се за да постигнете една задача, не поседувате интегритет. 

Секако, вие секогаш можете да го преговарате договореното. Ова исто така, може да биде една форма на интегритет. Наместо да се обидувате да задоволите преголем број на луѓе затоа што имате премногу обврски, признајте си на себеси и потоа искористете го својот збор за да го преговарате договореното. 

Луѓето со недостаток на интегритет не стојат на својот збро и избегнуваат тешки и мачни разговори кои може да се појават со преговарањето. Кога на луѓето им недостига интегритет, можете лесно да бидете збунети за нивните намери и чувства и дали воопшто може да им верувате. 

Интегритет со себеси 

Имањето интегритет со себеси е исто толку важно. Дали го одржувате зборот кажан на себеси? Кога ќе одлучите да изгубите некој килограм или да промените некоја навика - дали си останувате на зборот или дозволувате слабата страна да ве надвладее? Најголемиот дел од одлуките кои ги донесуваме за Нова Година не траат бидејќи ни недостига интегритет на самите себеси. 

Како да го зголемите вашиот интегритет? 

  • Одржувајте го вашиот збор - Што и да кажете дека ќе направите, направете го. Ако знаете дека нема да го направите, не го кажувајте. Преговарајте ако е потребно, но не се откажувајте. 
  • Бидете искрени - Разговарајте за вашите мисли и чувства искрено. Никогаш не ги користете вашите зборови за да ја маскирате вистината. Наместо тоа, осигурајте се дека вашите зборови ќе бидат носители на вистината. 
  • Бидете свесни за зборовите кои ги кажувате - Зборовите имаат огромна тежина на нив. Никогаш не ги користете во форма на озборување или против себеси, своите чувства и акции. Тие имаат моќ и користете ги паметно. 

Промовирани огласи »

Дали сонувате за повисока плата, развој на кариера и поголем престиж? Вашата цел за 2018 година е да добиете покачување. 

За да го постигнете ова, ќе имате неколку вештини кои, според менаџерите интервјуирани од Business Insider, ќе бидат најбарани во годината.

1. Целосна посветеност - шефовите ги вреднуваат вработените кои целосно се посветуваат на еден проект, дури и ако тоа значи да остане на функцијата надвор од работното време.

2. Сигурност - во потрага по луѓе кои се точни и на кои безбедно можат да им бидат доверени одговорни задачи.

3. Способноста да учиш од твоите грешки - никој не е совршен, важно е како реагираме на неуспесите и она што го извлекуваме од нив како лекција.

4. Дијалог - чесна и точна комуникација е клучен фактор за секој успех, личен или корпоративен.

5. Креативност - размислувањето надвор од општо прифатената рамка ќе го разликува работникот како ништо друго.

6. Флексибилност - способноста на една личност да работи подеднакво добро сама, со тим и под различни услови ја прави исклучително вредна .

Ако ги поседувате овие квалитети и знаете како да ги демонстрирате на соодветен, ненаметлив начин, вашето покачување нема да биде одложено. Среќно

Промовирани огласи »

Во интервју на New York Times, Извршниот директор на Burger King, Даниел Шварц споделува едно прашање кое тој го поставува на сите кандидати за работа, за да открие дали се квалитетни таленти - „Дали си паметен/на или работиш напорно?“

Ова се чини како многу едноставно прашање - Секако дека вистинскиот одговор е дека работите напорно, така? Но, според Шварц, голем број од неговите кандидати го имаат следниот одговор: „Јас сум паметен/на, па затоа не морам да работам напорно.“

Огромна грешка. 

Не треба да вработувате луѓе кои велат дека работат напорно, не е тоа целта. Целта е поседувањето на вистинскиот став. Како сопственик на бизнис, тој вели дека никој не би сакал да вработи луѓе кои мислат дека се препаметни за работата. Тие можеби ќе постигнат резултати, но нивното размислување не е добро за било која култура на компанија на долг рок.

Некои од советите кои ги споделува Шварц за подобро пронаоѓање на вистинските кандидати се следниве:

  • Прашајте ги кандидатите за тоа како нивните поранешни шефови би ги рангирале - Побарајте од кандидатите да се изјаснат за тоа како нивните поранешни претпоставени би ги рангирале на скала од 1 до 10 заедно со елаборирање на секое рангирање. Барајте кандидати кои имаат почит и се фер, дури и ако не се согласувале со изборите на нивните претпоставени. Одличните вработени може да ги увидат проблемите од различен аспект, што е доказ за одличен знак за вештини со луѓе. По интервјуто, побарајте ги претпоставените за да ја верифицирате информацијата. 
  • Потрудете се да ги мотивирате да зборуваат што згрешиле на претходната работа - Сите прават грешки, но како одговараме на тие грешки е она што го гради нашиот карактер. Шварц го формира ова прашање на следниот начин: „Може ли да ми кажете нешто за ситуација или две кога сте згрешиле на претходната работа?“ Вие барате кандидат кој превзема одговорност за своите грешки и се подобрува. Отфрлете ги кандидатите кои обвинуваат секој друг освен себеси. Ако одбиваат да превземат одговорност за минатите грешки, ќе го прават истото и за вашата компанија. 
  • Предизвикајте ги кандидатите и забележете ја реакцијата - Ставете ги во ситни стресни ситуции кандидатите за да ги видете нивните реални бои. Она што го споделува Шварц како совет е „Ви благодарам, тоа звучи одлично, но јас не го добивам впечатокот дека вие сте супер ѕвезда.“ Одреден број кандидати може да зборуваат многу посилно за претходните успешни проекти и тоа е одлично, но секако ќе налетате на неколку кандидати кои ќе подлегнат на притисокот и ќе станат премногу агресивни или дефанзивни. Овој вид на кандидати се добри на краток рок доколку се обидувате да го зголемите вашиот ROI. Но, на долг рок барајте тимски играч кој може да ја заврши работата. 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »