Компанијата LG на годинешниот Меѓународен саем на потрошувачка електроника CES 2017 во Лас Вегас го претстави најтенкиот телевизор на светот кој на ѕид се закачува со помош на магнети.
LG Signature OLED W телевизор е тенок само 2,57 милиметри и има екран со дијагонала од 65 инчи.
Јужнокорејската компанија го рекламира овој уред како „wallpaper TV“.
Со цел да ги избегнат голем број кабли кои одат со телевизор, LG Signature OLED W има само еден кабел кој води до звучник (sound bar)кој ги има сите нормални конектори.
Телевизорот има вграден WI – FI и HDMI порт, 4К резолуција и поддржува HDR. Тука секако е и webOS 3.5 кој овозможува пребарување на интернет, гледање филмови на NETFLIX…
Покрај верзијата од 65 инчи, LG Signature OLED W телевизор ќе биде достапен и со екран од 77 инчи.
Цената и точното појавување на овој телевизор се уште не се познати.