Промовирани огласи »

Околу 20 милиони долари се пронајдени под душек на Бразилец, обвинет за перење пари во Масачусетс, САД. Тој бил вмешан во финансиски измами за милијарди долари, соопштија од “Гардијан”.

Федералните судии во Бостон го обвинија Клебер Рене Ризарио Рошан, на 28 години затвор за соучество во истрагата за корпорација Телекс Фриј. Фирмата, која се претставувала како интернет компанија за телекомуникации, била голема пирамидална шема. Таа објавува банкрот во април 2014 година и должи над 5 милијарди долари на своите над 965.225 корисници во САД. Во Бразил фирмата должела над 1,76 милијарди, кога го објави стечај.

Адвокатот на обвинетиот одби да даде коментар. Бразилецот бил издаден од анонимен сведок, а полицијата го следелад некое време пред да нвлезе во неговиот дом и да ги открие парите.

Промовирани огласи »

 Во време кога се наближуваат празниците и најубавиот период од годината, моментите поминати со семејството се нешто на што најмногу се радуваме.

Најголем дел од снимените реклами за празниците ја упатуваат токму таа порака, дека времето поминато со најблиските е нешто најскапоцено.

Празниците се време кога сите се собираат и уживаат во друштвото на најблиските, се делат подароци и се јаде вкусна и неодоливо миризлива храна.

Еуфоријата за празниците започнува тогаш кога на телевизија ќе се појават и првите реклами, вообичаено секогаш онаа на Кока Кола е совршен предвесник за новогодишната магија.

Во чест на најубавата сезона која е пред нас, ве потсетуваме на некои од најубавите новогодишни реклами во пресрет на новите што доаѓаат.

Ве предупредуваме, подгответе ги шамивчињата!

Промовирани огласи »

Компанијата LG на годинешниот Меѓународен саем на потрошувачка електроника CES 2017 во Лас Вегас го претстави најтенкиот телевизор на светот кој на ѕид се закачува со помош на магнети.

LG Signature OLED W телевизор е тенок само 2,57 милиметри и има екран со дијагонала од 65 инчи.

Јужнокорејската компанија го рекламира овој уред како „wallpaper TV“.

Со цел да ги избегнат голем број кабли кои одат со телевизор, LG Signature OLED W има само еден кабел кој води до звучник (sound bar)кој ги има сите нормални конектори.

Телевизорот има вграден WI – FI и HDMI порт, 4К резолуција и поддржува HDR. Тука секако е и webOS 3.5 кој овозможува пребарување на интернет, гледање филмови на NETFLIX…

Покрај верзијата од 65 инчи, LG Signature OLED W телевизор ќе биде достапен и со екран од 77 инчи. 

Цената и точното појавување на овој телевизор се уште не се познати.

Промовирани огласи »

Светските дизајнери веќе започнаа да предвидуваат што ќе се носи во новата 2017та а што ќе мора да исфрлиме од нашите гардеробери. Експертите најавуваат многу нови трендови и отфрлање на некои стилови кои повеќе години опстојуваат низ светот.

1. Ќе се носат риги - исто како што секоја жена има црни панталони во својот гардеробер, така оваа година секоја жена ќе има парче облека на риги

2. Разнобојни парчиња - инспирирани од уметноста и не одреденоста, форми и бои кои ги создава имагинацијата ќе бидат тотално шик

3.Вистински тренд ќе бидат чевли со отворена пета

4. Пре тесните фармерки ќе станат минато-конечно жените ќе можат да осетат малку комфорт по многу години тесни фармерки

5. Многу од дизајнерите се сложија дека нема да дизајнираат корсети во новата 2017та

На крајот ни останува да видиме што ќе се презентира на модните писти низ светот и што ќе прилега на нашите тела во новата 2017та!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »