На Волстрит во средата цените на акциите се зголемија, иако челниците на американската централна банка Federal Reserve (Fed) посочија дека сметаат дека забрзувањето на растот на економијата би можело да предизвика инфлација и зголемување на каматните стапки.
Индексот Dow Jones забележа раст од 0,3 отсто, на 19.942 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,57 отсто, на 2.270 бодови, a Nasdaq индексот за 0,88 отсто, на 5.477 бодови.
Во вториот ден од новата година цените на акциите пораснаа, и тоа во 9 од 11 најважни сектори S&P 500 индекси. Пад забележаа само цените во телекомуникацискиот и енергетскиот сектор.
Најголем раст пак е забележан во рударскиот и во секторот на производство за широката потрошувачка, и тоа за повеќе од 1,3 отсто.
Цените на акциите продолжија да се движат во нагорна линија, со кратки прекини кои траат од 8 ноември, кога Доналд Трамп победи во трката за Белата куќа.
Инвеститорите ги поттикнува надежта дека плановите на Трамп во врска со намалувањето на даноците, зголемувањето на фискалната потрошувачка, инвестициите во инфраструктурата и олабавената регулатива во одредени сектори ќе придонесат за забрзување на економскиот раст.
Меѓутоа тоа би можело да го стимулира и растот на инфлацијата, поради што американската централна банка во наредниот период би можела да го забрза темпото за зголемување на каматните стапки. На тоа предупредија некои од членовите
На тоа предупредува некои лидери на Fed, покажа вчерашниот објавен записникот од нивната неодамнешна седница.
“Некои од должностите на Fed се фокусирани на планираните промени во фискалната политика, и намалување на даноците и трошоците за инфраструктура. Сепак, ова немаше значително влијание на пазарот, бидејќи тие само го потврдија она што се очекува на пазарот”, вели Крис Закарели, директор на компанијата „Cornerstone Financial Partners“.
Рекордно ниски каматни стапки го поддржаа растот на S&P 500 индексот од финансиската криза во 2008 година на 200 отсто, но некои инвеститори стравуваат дека зголемувањето на каматните стапки може да го попречи понатамошниот раст на цените на акциите, и ги загрижува и прашањето дали Конгресот ќе ги прифати плановите на Трамп за намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и дерегулација во одредени сектори.