Промовирани огласи »

Еден од најдобрите начини да се осигурате дека се развивате како личност и како лидер е да читате - многу. 

Најуспешните луѓе се оние кои постојано вложуваат во личниот развој кој им дозволува да примаат знаење, да ги прошират своите видици и перспективи и да ги предизвикаат своите досегашни гледишта. 

Не сите книги се вредни за вашето време како лидер. Почитајте ја листата на книги кои е препорачано да ги прочитате за подобрување на своите лидерски вештини. 

1. Менаџирање на менталната игра - Џеф Бос

Преку користење на методологии за психичко тренирање, Џеф Бос им покажува на своите читатели како да ја изградат својата самодоверба и цврстина, овозможувајќи да достигнат нови нивоа на успех. Оваа книга содржи корисни вежби за учењето како да го менаџирате хаосот и притисокот за да останете смирени и со чиста глава да ги управувате несигурните и тешки ситуации. Советите на Бос ви помагаат да разберете дека стресот е ментална игра која може да биде надмината, често преку избегнување на менталните стапици и учење на заменување на негативните мисли со позитивни. 

2. Започнете со зошто - Симон Синек 

Оваа книга центрира особено важна бизнис вистина - Луѓето не го купуваат она што вие го правите, туку зошто го правите. Симон Синек го објаснува овој концепт во неговата книга „Започнете со Зошто“ преку внесување во неколку основни прашања. Едно клучно прашање кои тој го истражува е зошто некои луѓе и организации се поиновативни, влијателни и профитабилни од другите. 

Тој исто така го поставува прашањето зошто само неколку се во можност да го повторат својот успех. Ако имате проблем со креирање на визија на долг рок и поставување принципи додека го водите својот бизнис и живот, оваа книга ќе ви даде инспирација за да почнете да се движите во вистинската насока. 

3. Лидерот Go-Giver - Боб Бург и Џон Дејвид Ман 

Одличните лидери не се обидуваат да дејствуваат како лидери. Наместо тоа, тие се насочени кон тоа да бидат повеќе луѓе. Тие се фокусираат на концептот „ако даваш и ќе примаш.“ Бург и Ман ја кажуваат приказната на амбициозните луѓе кои се обидуваат да водат мал бизнис за да формираат клучна одлука. 

4. Завршување на нештата - Дејвид Ален 

Од кога првата исто именувана книга била објавена пред 15 години, книгата станала достапен начин и метод за пристап кон професионалните и личните задачи. Оваа нова верзија вклучува нов материјал кој додана нови перспективи на класичниот текст на Дејвид Ален за постигнување максимална ефикасност. 

Ален нуди важни улоги и стратегии на тоа како да ја фокусирате вашата енергија и да го менаџирате текот на работата, вклучувајќи го и тоа како да ја завршите работата, делегирање кога е достапно и одложување кога е потребно. 

5. Давај и земи - Адам Грант 

Успехот не секогаш е за напорната работа, талентот и среќата. Нашата способност за постигнување особено многу зависи од тоа колку добро се поврзуваме со другите. Книгата на Адам Грант покажува дека најголемиот дел од луѓето оперираат како земачи, поклопувачи и давачи. 

Без разлика дали земачите целат кон што поголемо земање од другите и поклопувачите целат кон еднаква замена, давачите се многу редок вид кој придонесуваат кон другите без да очекуваат ништо за возврат. Кога се користи правилно, давањето може да придонеси одлични резултати. 

Промовирани огласи »

Со Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за персоналниот данок на доход од денеска се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку новиот систем е-персонален данок.

Електронска пресметка за приход и данок имаат обврска да поднесат исплатувачи на приходи правни лица кога исплаќаат приходи по сите основи на физички лица резиденти на Република Македонија и на нерезиденти, освен за исплата на плата на вработени лица. Физички лица резиденти, кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство, освен за приходи од вршење самостојна дејност, како и физички лица нерезиденти, кои остваруваат приходи од други физички лица во Македонија, информира Упрвата за јавни приходи.

Од УЈП информираат дека со воведувањето на електронската пресметка (е-ППД) граѓаните за приходите што подлежат на оданочување, а се остварени во земјата или во странство, почнувајќи од 1 јануари, немаат повеќе обврска за поднесување аконтативни даночни пријави ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП.

Почнувајќи од 2019 година, Управата за јавни приходи ќе им издава пополнета годишна даночна пријава на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk за приходите што ќе ги остварат во 2018 година. Граѓанинот ќе има обврска само да ја потврди или коригира пријавата.

Од Упрвата за јавни приходи додаваат и дека со законските измени и новите даночни процедури за персонален данок, физичките лица што остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи за приходите остварени почнувајќи од овој ден, немаат обврска за поднесување пријава за регистрација на обврзниците што остваруваат приходи од земјоделска дејност.

Промовирани огласи »

Секој знае дека комуникацијата е клуч на продуктивниот однос, но и покрај тоа секој од нас прави грешки во комуникацијата. 

Многу често се случува да испратете мејл кој содржи непријатна содржина која може да ве чини многу, особено во бизнис светот. Дури и оние кои се посебно внимателни може да згрешат бидејќи сепак, ние сме само луѓе и грешиме.

Доброто во комуникациските грешки е што е лесно да се идентификуваат и секоја промена започнува со знаење и откривање на истата. Во продолжение, прочитајте за 10 најчести комуникациски грешки кои треба во најбрз можен рок да ги исфрлите од вашата комуникација. 

1. Криете лоши вести 

Во човековата природа е да избегнува конфликти и додека ви се чини дека неискажаниот лош фидбек е подобар отколку кажаниот, избегнувањето може да ве доведе до поголеми проблеми во иднина. Наместо да се обидувате да ги скриете лошите вести, подгответе се за тежок разговор однапред. Одлучете за што ќе разговарате, размислете што ќе кажете и презентирајте ги вашите идеи како јасни. 

2. Вие ги уништувате вашите мостови 

Дури и најпрофесионалните комуникатори може да бидат водени од емоциите понекогаш. Кога нешто сериозно ќе излезе од колосек, може да биде огромно искушение да пресечете и да заминете. Завршувањето на бизнис односите може да биде правилниот избор, но особено е важно тоа да го правите со почит и професионализам. Никогаш не го потценувајте влијанието на долг рок кое рушењето мостови во денешно време може да го има врз вашата кариера. Не само што ќе ги уништите професионалните референци, туку може да пропуштите и идни можности ако личноста разговара со поранешните ваши претпоставени. 

3. Не одговарате, туку реагирате 

Ако го почустувате импулсот да реагирате со фрустрација, шок или бес, паузирајте. Размислете за фактите и смирено одговорете на ситуацијата наместо да реагирате. Емоционалните реакции, без разлика за кој вид се работи, може сериозно да ви ја нарушат репутацијата. 

Наместо тоа, станете активен слушател и контролиран комуникатор. Имплементирајте ги следниве пет принципи на слушање: 

  • Примање - Слушнете ја пораката
  • Разбирање - Интерпретирајте ја пораката и процесирајте ја информацијата
  • Евалуирајте - Формирајте ги вашите мисли и ставови за информацијата која штотуку сте ја слушнале
  • Меморирајте - Запомнете ја информацијата за идни референци 
  • Одговорете - Обезбедете фидбек 

4. На вашите пораки им недостига јасност

Сите знаеме што се случува кога претпоставуваме и зошто тогаш продолжуваме да го правиме тоа на дневна база? 

Ако праќате мејл до колега, не претпоставувајте дека мејлот е примен и разбран. Доколку не добиете одговор до даден рок, пратете уште еден мејл со објаснување. 

5. Не поставувате прашања 

Прашањата се клучни за водење на еден бизнис и непоставување на вистинските прашања е едно од најголемите комуникациски грешки кои можете да ги направите. 

Секоја задача која ви е помалку од 100% јасна, поставете прашање. 

Затворените прашања, односно прашањата на кои можните одговори се „Да“ или „Не“, може да не ви ја доловат поентата и може да бидат доловени како вршење притисок. Обидете се да поставувате отворени прашања кои започнуваат со „Како“, „Зошто“ или „Што“ кој охрабрува поширок одговор. 

6. Се потпирате премногу на вашиот мејл 

Електронската комуникација - мејлови, текст пораки имаат огромен удел во олеснување на бизнис комуникациите. Меѓутоа, тие можат да бидат и недостаток ако се потпирате премногу на нив, особено ако се работи за чувствителни теми. 

Секоја форма на пишувана комуникација, без разлика колку емотикони користете, нема да ја омекне пораката како што говорот на телото и невербалната комуникација прават. 

7. Непотребно извинување

Преголем број на професионалци паднале во стапицата наречена „пречесто извинување“ каде се искажува жалост за ситуации кога нема потреба да се искаже. За некои од нив ова е лоша навика, но во други случаи, оваа навика има пораснато во рефлексна реакција која може да биде форма на самоодрекување. 

Прекумерното извинување може да биде знак на недостаток на самодоверба, па дури и прифаќање на незаслужена вина. Дополнително, оваа реакција може да биде земена како неискрена во ситуација кога извинување е навистина потребно. 

8. Ја практикувате „една голема за сите“ комуникација

Како што постојат и различни карактери, така и различните луѓе комуницираат на различни начини. Одбирањето на погрешниот начин на комуникација може да ги демотивира активните слушатели, но може целосно да го уништи вашиот комуникативен труд. 

Скоро секој користи еден од четирите комуникациски стилови, засновани на нивните потреби и очекувања. 

  • Аналитички - Насочени кон цврсти информации, реални бројки, статистики и факти. 
  • Интуитивен - Јасно кон целта, избегнување непотребни детали и фокусирање на големата слика
  • Функционален - Желба за детали, рокови, специфични процеси и целосни планови
  • Личен - Вреднување на емоционалниот говор и човечките поврзувања

Промовирани огласи »

216 сечачи и 109 дотурачи ќе вработи ЈП  “Македонски шуми”. Огласот е за сезонски работници на определено време за ангажман до крајот на оваа година.

За работата може да се пријават лица со најмногу средно образование, а работно искуство не е задолжително.

Во однос на работните задачи сезонците ќе оборуваат, кројат, и изработуваат шумски сортименти, додека дотурачите ќе вршат пренос на сортиментите.

Работните задачи за сечачите опфаќаат оборување, кроење и изработка на шумски сортименти, а на дотурачите пренос на сортиментите.

Од понеделник до петок вработените ќе работат исклучиво на терен, 40 часа неделно за месечна нето плата 14.490 денари за сечачи и 13.050 денари на дотурачите 

Кандидатите треба да приложат доказ за образованието и уверение за државјанство.

Конкурсот трае до 18 овој месец, а апликациите се доставуваат во дирекцијата на ЈП “Македонски шуми”, на улица Перо Наков број 128 во Скопје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »