На 16 и 17 ноември во „Хотел Marriott“ во Скопје ќе се одржи Microsoft Визија: Reloaded, најголемиот и најзначајниот настан годинава ИТ заедницата и бизнис-секторот.
Конференцијата во организација на Microsoft Македонија на едно место ќе собере повеќе од 300 бизнис-лидери, одлучувачи, ИТ-професионалци и партнери од земјава и пошироко. Сите тие ќе бидат дел од новата, освежена и надополнета Microsoft Визија конференција, која веќе со години е најважниот настан во ИТ-индустријата, а од годинава и најголемиот настан кој ја поврзува ИТ со бизнис-секторот, со образовниот и со јавниот сектор.
Конференцијата во 12:00 часот ќе ја отвори Michael Kögeler, генерален директор за Multicountry регионот во Microsoft, кој опфаќа 15 земји во Централна и во Источна Европа. Меѓу главните говорници на конференцијата ќе бидат и Петар Иванов, генерален директор на Microsoft за Македонија, Бугарија и Косово, како и Љупчо Георгиев, директор на Microsoft Македонија и Косово, а пред присутните на отворањето ќе се обрати и Амбасадор на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
На самата конференција, помеѓу сите активности, Microsoft Македонија во соработка со Цертиадриа ќе обезбеди и бесплатни ваучери за 30 кандидати вработени во јавната администрација да можат на самото место да го полагаат испитот Microsoft Office Specialist.
Регистрацијата за учество на конференцијата се врши уште денеска преку официјалната веб-страница: www.vizijareloaded.mk.