Промовирани огласи »

Едно од централните правила на бизнис вмрежувањето е едноставно, но мора постојано да се повторува: не се поврзувајте со луѓето само кога ви е потребно нешто. Императив е да се грижите за вашите врски и да се поврзувате со луѓето, за кога ќе дојде време да навистина имате потреба, да не биде непријатна ситуација за двете страни. 

Дури подобро, може и да помагате на другите. Ако запознавате луѓе на конференции или на други настани, на која следи замена на бизнис картички и покани за поврзување преку LinkedIn, како може да искористите најмногу од платформата? Прочитајте некои од стратегиите во продолжение кои можете да ги искористите: 

Персонализирајте го пристапот - Кога барате да се поврзувате со некој на LinkedIn, лесно е да се искористи моделот кој го нуди мрежата. Но, ако сакате да оставите впечаток, тоа е последното нешто што сакате да го направите, затоа што нема да ве одвои од другите или да му/и даде причина на другата страна да се поврзи со Вас. Претставете се, кажете нешто за тоа зошто нивната работа или бизнис ве интересира, малку за тоа што Вие нудите и потоа заблагодарете им се за нивното време. 

Обновувајте го профилот секојдневно - Не сакате да го користите LinkedIn само кога сте во потрага по нешто. Останете поврзани постојано, прегледувајте го вашето резиме со секое ново искуство и коментирајте на објавите кои луѓето ги споделуваат. Третирајте го вашиот профил како да е профил на извршен директор. 

Бидете комплетни - Ако сакате да оставите најдобар впечаток, не заборавајте да го потполните вашиот профил целосно, од сертификати до специфични вештини. Кога некој го прегледува вашиот профил, сакате да им дадете најјасна слика од вашето искуство. 

Подржувајте ги вашите колеги - Не заборавајте да ги внесете вашите вештини, но едноставен и ефективен начин да останете активни на платформата е да ги охрабрете и подржете вештини на вашите поранешни и сегашни соработници. Не го правете ова само од пристојност, искресноста и специфичноста за тоа што ги прави одлични во нивната работа се рефлектира добро на нив и зборува за вашата способност да бидете тимски играч. 

Промовирани огласи »

Ако се решите да направите чекор и да си отворите свој бизнис, луѓето во вашиот живот, од фамилија и пријатели до инвеститори, сите тие ќе имаат мислење кое секако ќе го споделат со Вас, без разлика дали тоа го барате од нив или не. 

Вистината е, може да ги добиете сите совети на светот од многу почитувани извори, но ако не се чувствувате дека се во ред, тогаш треба да верувате на вашата визија и мисија. 

6 претприемачи ги споделуваат најлошите совети кои ги добиле и што научиле од нив. 

1. Облекувај се како сите за да се вклопиш - Алексис Мејбанк, Project September 

Многу луѓе ќе ви кажат дека треба да се облекувате и однесувате на одреден начин за да се вклопите во една средина. Вие сте ваш сопствен бренд и колку поудобно ви е во вашата кожа, толку посамоуверени ќе бидете и луѓето полесно ќе ве запаметат. 

2. Слушајте го малцинството од вашите корисници - Луис вон Ан, Duolingo 

Кога се обидувате да изградите проект, вообичаен совет е слушајте ги вашите корисници. Сопственикот на Дуолинго открил дека ова е ужасен совет, барем за него. Ако каналите преку кои добивате фидбек се такви да само неколку корисници зборуваат со вас, вие само ги слушате најгласните, не сите од нив, а тоа е погрешно. Ако ги слушате само луѓето кои допираат до вас, тоа е малцинство на луѓе кои се многу гласни. Ова не секогаш е случајот, но освен ако не знаете што правете, треба да бидете внимателни со овие гласови. 

3. Играј безбедно - Даниела Јачобовски, BaubleBar 

Oва е тешко бидејќи понекогаш ова може да биде корисен совет во зависност од контектстот. Повеќе се работи за прифаќањето на овој совет и начинот на кој го имплементирате во вашиот бизнис. Еден момент може да е кога ја напуштате моменталната работа за да се вложите во нешто друго. 

4. Да се обидуваш да бидеш некој кој не си - Енџи Хикс, Angie`s List

Доколку сте млад претприемач, многу често може да ви се делат совети за тоа како треба да се однесувате и какви да бидете. Следењето на тој совет може да е кобно за вашиот бизнис, доколку не се пронаоѓате себеси. Најдобро е вашито бренд да се претставува Вас и какви сте вие како личност. 

5. Вработувајте само за да пополните позиција - Џордана Киер, Lola

Едноставно, вработете некој колку позицијата да не стои празна. Процесот на вработување е за пронаоѓање на вистинските луѓе и бара многу време. Идејата да ги пополнвате позициите е најлошиот совет, затоа што подоцна можете да се каете. Донесувањето нова личност во вашиот тим влијае на вашата култура и го води вашиот бизнис. 

6. Не се пријавувајте за ништо - Тина Шарки, Brandless

Не волонтирајте за ништо. Овој совет е многу неетички, особено ако доаѓа од личност која не ве познава. Кога постои можност, шанса, искористете ја и откријте како може да направите разлика. Многу поголем број на шанси може да ви се појават и ќе ги гледате можностите и каде не постојат.

Промовирани огласи »

Приватните превозници ќе добијат од Град Скопје субвенции за да инсталираат уреди на гас и да набават нови автобуси кои ги задоволуваат Еуро 5 и Еуро 6 стандарди, а за ЈСП ќе се купуваат зглобни електрични автобуси.

Овие мерки се предвидени со програмата за заштита на животната средина на Град Скопје за 2018 година. Во буџетот предвидени се 2,3 милиони евра, за приватните превозници обезбедени 325.000 евра за субвенции, а за купување електрични автобуси предвидени се 1,6 милиони евра, а околу 325.000 евра се предвидени и за субвенционирање на јавното претпријатие за бесплатен автобуски превоз во денови на алармантно загадување на воздухот.

Во тек се подготовките за  изработка на техничката документација со која ќе се специфицираат постапките за набавка и преадаптација на еко автобуси.

Во 2016 година тогашната влада и раководство на град Скопје имаа предвидено набавка на 20 нови автобуси на електричен погон кои помалку би загадувале без емисии на ЦО2, како и на 30 минибуси наменети за помалку френкфентни но, секако неопходни градски линии исто така со електричен погон. 

Со електричните автобуси покрај тоа што ќе се намали загадувањето, ќе се намали и потрошувачката на гориво на ЈСП.Изминативе три дена како резултат на континуирано екстремно загадување воведен е бесплатен градски автобуски превоз за граѓаните, но тие не ја користат мерката во целост и продолжуваат со вообичаените превозни навики. 

Промовирани огласи »

Некои вработени се подобри од другите, но што ако вие сте проблематичниот работник во канцеларијата? 

Да се биде неквалитетен работник не секогаш значи дека сте лоши карактерно, мрзливи или па дури неспособни за да успеете професионално. Може да значи дека не сте вклопувате со културата на компанијата. Можеби само да значи дека сте во погрешната индустрија. 

Ако почувствувате дека не ја извршувате добро својата работа, тогаш е важно да размислете зошто и да превземете чекори за да ја оправдате ситуацијата. Но, пред тоа, потребно е да одлучите дали сте или не неквалитетен работник. Прочитајте во продолжение неколку знаци дека не си ја вршите својата работа: 

  • Не сте точни 

Дали се работи за заборавање на важни крајни рокови, појавување на состаноци подоцна од закажанот или доаѓање на работа во рандом одбрани часови, оваа навика им кажува на сите дека Вие едноставно не го почитувате нивното време. 

  • Постојано нудите изговори

Постои латинска поговорка која вели „Оној што се оправдува, самиот е виновен“. Не се потпирајте на изговори за да ја оправдате својата неспособност. 

  • Вршите минимална работа

Вие само се држите до врвот на нештата, никако подлабоко. Правите доволно за да избегнете да бидете отпуштени и тоа е тоа. Ако вашиот претпоставен ви постави задача која е и малку предизвик, вие реагирате со огорченост. За да бидат работите појасно, никого не се обидувате да измамите на овој начин, туку само ризикувате да ја уништите својата репутација со вашата пропадната работна етика. 

  • Убедени сте дека сте најпаметните во канцеларијата

Да се биде самоуверен е одлично, можете дури и да сте особено интелигентни во дадена област, но никој не сака да работи со арогантен колега. 

  • Не верувате во мисијата и визијата на компанијата

Сметате дека целите на вашата компанија се бесцелни. Верувате дека одговорните во компанијата се неспособни. Можеби и да сте во прави, но ако навистина не сте импресионирани со вашата компанија, тогаш наместо да го губите времето зборувајќи лошо, започнете да си барате нова работа. 

  • Не се согласувате со никој во компанијата

Да, сосема е возможно да сите во вашата организација се ужасни. Но, дали некогаш сте размислиле дека можеби Вие сте проблемот? 

Повеќе
КЛИКНИ