Промовирани огласи »

Некои вработени се подобри од другите, но што ако вие сте проблематичниот работник во канцеларијата? 

Да се биде неквалитетен работник не секогаш значи дека сте лоши карактерно, мрзливи или па дури неспособни за да успеете професионално. Може да значи дека не сте вклопувате со културата на компанијата. Можеби само да значи дека сте во погрешната индустрија. 

Ако почувствувате дека не ја извршувате добро својата работа, тогаш е важно да размислете зошто и да превземете чекори за да ја оправдате ситуацијата. Но, пред тоа, потребно е да одлучите дали сте или не неквалитетен работник. Прочитајте во продолжение неколку знаци дека не си ја вршите својата работа: 

  • Не сте точни 

Дали се работи за заборавање на важни крајни рокови, појавување на состаноци подоцна од закажанот или доаѓање на работа во рандом одбрани часови, оваа навика им кажува на сите дека Вие едноставно не го почитувате нивното време. 

  • Постојано нудите изговори

Постои латинска поговорка која вели „Оној што се оправдува, самиот е виновен“. Не се потпирајте на изговори за да ја оправдате својата неспособност. 

  • Вршите минимална работа

Вие само се држите до врвот на нештата, никако подлабоко. Правите доволно за да избегнете да бидете отпуштени и тоа е тоа. Ако вашиот претпоставен ви постави задача која е и малку предизвик, вие реагирате со огорченост. За да бидат работите појасно, никого не се обидувате да измамите на овој начин, туку само ризикувате да ја уништите својата репутација со вашата пропадната работна етика. 

  • Убедени сте дека сте најпаметните во канцеларијата

Да се биде самоуверен е одлично, можете дури и да сте особено интелигентни во дадена област, но никој не сака да работи со арогантен колега. 

  • Не верувате во мисијата и визијата на компанијата

Сметате дека целите на вашата компанија се бесцелни. Верувате дека одговорните во компанијата се неспособни. Можеби и да сте во прави, но ако навистина не сте импресионирани со вашата компанија, тогаш наместо да го губите времето зборувајќи лошо, започнете да си барате нова работа. 

  • Не се согласувате со никој во компанијата

Да, сосема е возможно да сите во вашата организација се ужасни. Но, дали некогаш сте размислиле дека можеби Вие сте проблемот? 

Промовирани огласи »

Промената на кариера не е никогаш лесна, но е апсолутно возможна. Само затоа што сте на еден посветен кариерен пат не значи дека мора да останете цел живот на истиот. Без разлика дали ви е здодевно на работа, исцрпени сте или едноставно сакате нов почеток, постојат огромен број на размислувања кои влегуваат во промената на кариерата. При тој процес, имајте ги во предвид следниве чести грешки кои се прават за да знаете како да ги одбегнете: 

- Донесување избрзана одлука 

Пред да ја промените работата, Вие потребно е подлабоко да се фокусирате на причините зошто сакате да ја напуштите моменталната работа. Потребно е да инвестирате време за да откриете со што сте незадоволни и што ќе ве направи позадоволни. 

Запрашајте зошто сте несреќни и одговорете си искрено. Можеби само да имате лоша недела или лош месец, или можеби само не ви се допаѓа шефот, не и индустријата. Секој од нас поминува низ фази на незадоволство со нашите работни места. Потребно е да трчате кон нешто, не од нешто. 

- Избор на нова кариера заснована на платата

Очигледно е дека треба да сте финансиско стратешки поставени кога одбирате кариера, но не ги засновајте вашите одлуки само на заработката. Ако одлучите за работа која е високо платена, но не е соодветна со вашите интереси, вредности или вештини, нема да бидете среќни. Можеби на почеток би биле среќни, но со тек на време ќе излезе на виделина вашата нервоза. 

Не се работи за тоа дали не треба да ја вклучувате платата, но постојат и други важни фактори, како балансот помеѓу работата и животот и простор за развој. 

- Не вршите истражување на пазарот на понуда за индустријата за која целите 

Доколку не направите истражување пред менување на кариерата за тоа каква е понудата на пазарот, тоа е исто како играње пикадо во темница. 

- Давате отказ без да имате пронајдено работа 

Истражувањата покажуваат дека е полесно да се пронајде работа кога сте се уште вработени, што има смисла бидејќи празниот простор во CV-то може да направи менаџерот за вработување да размисли два пати пред да ве повика на интервју. Како последица на ова, најдобро е да останете на работата додека немате пронајдено друга работа. 

- Ја негирате моќта на бизнис поврзувањето 

Дури и ако направите истражување во секторот во кој сакате да влезете, се додека не разговарате со луѓе кои работат таму, не знаете точно за што се работи. Токму затоа, потребно е постојано да ги надградувате вашите професионални контакти. 

- Не го прилагодувате вашето CV за кариерните промени

Да, одлично е ако имате 5 години искуство во PR, но ако барате кариера во Човечки ресурси, тоа многу нема да ви заврши работа. Вашето CV треба да е во сооднос на индустријата за која аплицирате. Забележете кои вештини ваши се релеватни за прикажување, а кои не. 

Промовирани огласи »

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија велат дека ова покачување директно влијае врз џебот на граѓаните. Потпретседателот Назми Ејупи тврди дека реално е да се очекува и покачување на цените на останатите производи и услуги.

Нема сомнеж дека покачувањето на цената на нафтата за толку кратко време, за две три недели, како и денешното поскапување директно влијае на бизнисот на сите бизнисмени бидејќи за толку кратко време, 10%-15% ја покачува цената на производите како и транспортот. Сигурно дека и дистрибутерите ќе размислуваат за покачување на цената, а тоа директно ќе влијае на бизнисот на производителите, трговците, а може да се очекува и покачување на цената на производите, вели Ејупи.

Бизнисменот Невзат Алији, чија што компанија врши организиран транспорт на стоки, смета дека поскапувањето на нафтата негативно ќе влијае врз работата на дистрибутерите. Доколку продолжи поскапувањето на нафтата, тогаш ќе поскапат и цените на транспортот, а тоа води кон опасност од инфлација.

Покачувањето на цената на нафтата негативно се одрази на нас, тоа доведува до поскапување на производите кои што ги дистрибуираме, додава Алији.

Од друга страна, министерот за финансии, Драган Тевдовски, на почетокот на годинава, по зголемувањето на акцизата за 3,5 денари, ова нема да влијае на цената на производите.

Во последните шест месеци цената на дизелот во Македонија е зголемена за 26,5 проценти односно 12,5 денари. Во јуни минатата година за еден литар еуродизел возачите плаќаа по 47 денари, а од ноќеска на полноќ таа изнесува 59,5 денари.

Промовирани огласи »

Американскиот милијардер и инвеститор Ворен Бафет изјави дека никогаш нема да инвестира во криптовалути.

Можам да тврдам со сигурност дека дигиталните валути ќе завршат лошо, рекол Бафет во интервју за СиЕнБиСи.

Неговиот коментар доаѓа само ден откако директорот на банката „ЈП Морган Чејс“ Џејми Дајмон изразил каење поради тоа што биткоинот го нарече измама.

Биткоинот го разбранува светот на инвеститорите, бидејќи во еден момент надмина дури 19 000 долари.

Биткоинот денес е во пад од три отсто и со него се тргува по цена од 13.981,53 долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »