Промовирани огласи »

Очекувањата кога работите со клиенти од повисок профил од вообичаено може да биде многу поразличен од останатите групи, како и разбирањето на нивните потреби кое ќе ви помогне да успеете. Подготовката е клуч за успех при работењето со овој вид на клиенти. Некои од стратегиите кои можете да ги употребите се следните:

  • Дискрецијата и приватноста е најважни 

Клиентите од висок профил ја ценат дискрецијата и почитувањето на нивната приватност. Ниту еден од овие клиенти не сака неговите или нејзините лични информации на различни странци. Особено е важно никогаш да не разговарате со новинарите и медиумите за идните планови на клиентот. Ова може да ви биде почетна точка на водење и да ја искористете како продажна точка. Преку разбирањето на важноста на приватноста на вашиот клиент, вие ќе изградете репутација на доверлив и веродостоен бизнис. 

  • Времето е пари 

Овие клиенти имаат многу обврски и не сакаат да го губат своето време. Комуницирајте само кога е навистина потребно и тоа е најдобро да го завршите наутро, бидејќи во текот на денот се потешко е да одвојат време за Вас. Исто така, поврзете се со вашиот клиент претходно за да ја проверите достапноста и да сте свесни за нивниот распоред. Менаџирањето на нивните очекувања е од суштинско значење за целата ваша врска. 

  • Не постои традиционален распоред

Тие очекуваат Вие да сте достапни 24/7 како што тие патуваат и може да бидат во друга временска зона кога ќе ве побараат. Како што веќе заклучивме, клиентите од висок профил имаат многу обврски и може да ве бараат кога ќе се тие слободни, понекогаш и во текот на ноќта. Тие не престануваат да работат и очекуваат дека и вие ќе бидете достапни за разговор кога тие имаат минута, две за тоа. 

  • Предвидете ги нивните потреби 

Бидете активни слушатели. Обрнете внимание на тоа што тие го бараат. Исто така, фаќајте забелешки за некои информации кои клиентот можеби не очекува да ги запомните. На овој начин, кога ќе е вистински момент, ќе се докажете и пред себеси и пред клиентот дека навистина го слушате и сте му/и посветен. Исто така, водете сметка за сите видови алергии, нешта кои не се допаѓаат и непријатни моменти. Особено е важно да не згрешите кога се работи за овие чувствителни теми, бидејќи не е потребно многу за да се изгуби довербата. 

  • Клиентите од висок профил бараат вредност

Само бидејќи се успешни, тоа не значи дека овие видови клиенти не ги вреднуваат парите. Тоа значи дека тие не сакаат да ги трошат своите пари непотребно и се во потрага по услуга која им одговара. Спротивно од популарното верување, овие клиенти не се комплицирани, само се во потрага по некој кој го разбира нивниот начин на водење бизнис. 

Промовирани огласи »

Едно од централните правила на бизнис вмрежувањето е едноставно, но мора постојано да се повторува: не се поврзувајте со луѓето само кога ви е потребно нешто. Императив е да се грижите за вашите врски и да се поврзувате со луѓето, за кога ќе дојде време да навистина имате потреба, да не биде непријатна ситуација за двете страни. 

Дури подобро, може и да помагате на другите. Ако запознавате луѓе на конференции или на други настани, на која следи замена на бизнис картички и покани за поврзување преку LinkedIn, како може да искористите најмногу од платформата? Прочитајте некои од стратегиите во продолжение кои можете да ги искористите: 

Персонализирајте го пристапот - Кога барате да се поврзувате со некој на LinkedIn, лесно е да се искористи моделот кој го нуди мрежата. Но, ако сакате да оставите впечаток, тоа е последното нешто што сакате да го направите, затоа што нема да ве одвои од другите или да му/и даде причина на другата страна да се поврзи со Вас. Претставете се, кажете нешто за тоа зошто нивната работа или бизнис ве интересира, малку за тоа што Вие нудите и потоа заблагодарете им се за нивното време. 

Обновувајте го профилот секојдневно - Не сакате да го користите LinkedIn само кога сте во потрага по нешто. Останете поврзани постојано, прегледувајте го вашето резиме со секое ново искуство и коментирајте на објавите кои луѓето ги споделуваат. Третирајте го вашиот профил како да е профил на извршен директор. 

Бидете комплетни - Ако сакате да оставите најдобар впечаток, не заборавајте да го потполните вашиот профил целосно, од сертификати до специфични вештини. Кога некој го прегледува вашиот профил, сакате да им дадете најјасна слика од вашето искуство. 

Подржувајте ги вашите колеги - Не заборавајте да ги внесете вашите вештини, но едноставен и ефективен начин да останете активни на платформата е да ги охрабрете и подржете вештини на вашите поранешни и сегашни соработници. Не го правете ова само од пристојност, искресноста и специфичноста за тоа што ги прави одлични во нивната работа се рефлектира добро на нив и зборува за вашата способност да бидете тимски играч. 

Промовирани огласи »

Ако се решите да направите чекор и да си отворите свој бизнис, луѓето во вашиот живот, од фамилија и пријатели до инвеститори, сите тие ќе имаат мислење кое секако ќе го споделат со Вас, без разлика дали тоа го барате од нив или не. 

Вистината е, може да ги добиете сите совети на светот од многу почитувани извори, но ако не се чувствувате дека се во ред, тогаш треба да верувате на вашата визија и мисија. 

6 претприемачи ги споделуваат најлошите совети кои ги добиле и што научиле од нив. 

1. Облекувај се како сите за да се вклопиш - Алексис Мејбанк, Project September 

Многу луѓе ќе ви кажат дека треба да се облекувате и однесувате на одреден начин за да се вклопите во една средина. Вие сте ваш сопствен бренд и колку поудобно ви е во вашата кожа, толку посамоуверени ќе бидете и луѓето полесно ќе ве запаметат. 

2. Слушајте го малцинството од вашите корисници - Луис вон Ан, Duolingo 

Кога се обидувате да изградите проект, вообичаен совет е слушајте ги вашите корисници. Сопственикот на Дуолинго открил дека ова е ужасен совет, барем за него. Ако каналите преку кои добивате фидбек се такви да само неколку корисници зборуваат со вас, вие само ги слушате најгласните, не сите од нив, а тоа е погрешно. Ако ги слушате само луѓето кои допираат до вас, тоа е малцинство на луѓе кои се многу гласни. Ова не секогаш е случајот, но освен ако не знаете што правете, треба да бидете внимателни со овие гласови. 

3. Играј безбедно - Даниела Јачобовски, BaubleBar 

Oва е тешко бидејќи понекогаш ова може да биде корисен совет во зависност од контектстот. Повеќе се работи за прифаќањето на овој совет и начинот на кој го имплементирате во вашиот бизнис. Еден момент може да е кога ја напуштате моменталната работа за да се вложите во нешто друго. 

4. Да се обидуваш да бидеш некој кој не си - Енџи Хикс, Angie`s List

Доколку сте млад претприемач, многу често може да ви се делат совети за тоа како треба да се однесувате и какви да бидете. Следењето на тој совет може да е кобно за вашиот бизнис, доколку не се пронаоѓате себеси. Најдобро е вашито бренд да се претставува Вас и какви сте вие како личност. 

5. Вработувајте само за да пополните позиција - Џордана Киер, Lola

Едноставно, вработете некој колку позицијата да не стои празна. Процесот на вработување е за пронаоѓање на вистинските луѓе и бара многу време. Идејата да ги пополнвате позициите е најлошиот совет, затоа што подоцна можете да се каете. Донесувањето нова личност во вашиот тим влијае на вашата култура и го води вашиот бизнис. 

6. Не се пријавувајте за ништо - Тина Шарки, Brandless

Не волонтирајте за ништо. Овој совет е многу неетички, особено ако доаѓа од личност која не ве познава. Кога постои можност, шанса, искористете ја и откријте како може да направите разлика. Многу поголем број на шанси може да ви се појават и ќе ги гледате можностите и каде не постојат.

Промовирани огласи »

Приватните превозници ќе добијат од Град Скопје субвенции за да инсталираат уреди на гас и да набават нови автобуси кои ги задоволуваат Еуро 5 и Еуро 6 стандарди, а за ЈСП ќе се купуваат зглобни електрични автобуси.

Овие мерки се предвидени со програмата за заштита на животната средина на Град Скопје за 2018 година. Во буџетот предвидени се 2,3 милиони евра, за приватните превозници обезбедени 325.000 евра за субвенции, а за купување електрични автобуси предвидени се 1,6 милиони евра, а околу 325.000 евра се предвидени и за субвенционирање на јавното претпријатие за бесплатен автобуски превоз во денови на алармантно загадување на воздухот.

Во тек се подготовките за  изработка на техничката документација со која ќе се специфицираат постапките за набавка и преадаптација на еко автобуси.

Во 2016 година тогашната влада и раководство на град Скопје имаа предвидено набавка на 20 нови автобуси на електричен погон кои помалку би загадувале без емисии на ЦО2, како и на 30 минибуси наменети за помалку френкфентни но, секако неопходни градски линии исто така со електричен погон. 

Со електричните автобуси покрај тоа што ќе се намали загадувањето, ќе се намали и потрошувачката на гориво на ЈСП.Изминативе три дена како резултат на континуирано екстремно загадување воведен е бесплатен градски автобуски превоз за граѓаните, но тие не ја користат мерката во целост и продолжуваат со вообичаените превозни навики. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »