Промовирани огласи »

Во последните месеци од минатата година беше изготвен нов текст на предлогот на Закон за приватните агенции за вработување, а во процесот беше обезбедено широко учество на сите засегнати страни, вклучително и на постоечките агенции за посредување за вработување и агенции за привремени вработувања, информираа во петокот од Министерството за труд и социјална политика.

Основањето и функционирањето на постоечките два типа на приватни агенции за вработување, агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство и агенциите за привремени вработувања, беше уредено со два посебни закона, односно Законот за агенциите за привремени вработувања и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

Од министерстото појаснуваат дека ваквото уредување на споменатата материја, којашто по својата суштина е многу слична, честопати доведувала до забуна и правна несигурност кај потенцијалните кандидати за вработување и основачите на агенции.

Целта на сегашниот Предлог на Закон е да постои единствено регулирање на приватните агенции за вработување и надминување на постојните проблеми при имплементација на законите, кои како предмет на уредување ги имаат приватните агенциите за вработување, како и заштита на работниците вработени преку овој вид на агенции од можни злоупотреби.

Предлогот на Закон за приватните агенции за вработување беше ставен на разгледување на седница на Економско-социјалниот совет на која присуствуваа и преставници од агенциите. Советот, како национално трипартитно тело даде позитивно мислење за предлог Законот, и истиот е доставен до Владата на Република Македонија.

Промовирани огласи »

Периодот од денот кога милијардерите создаваат голем дел од своето богатство е токму утрото.

Том Корли, авторот на книгата "Rich Habits", во текот на пет години ги проучувал животните навики на 233 милионери во светот.

Корли заклучил дека оваа група на луѓе најголем дел од својата сила ја вложуваат во утрото.

Милионерите во раните утрински часови (поединци се будат во 3 или 4) најмногу медитираат, вежбаат, работат на решенија на проблеми и читаат. Оваа последната ставка е исклучително важна, бидејќи оваа група на луѓе постојано се труди да ги прошири своите знаења.

Милионерите така некое време трошат на читање ведри, мотивациони и инспиративни работи, благодарение на кои стекнуваат добро расположение за работа и достигнување на цели кои си ги поставиле пред себе.

Промовирани огласи »

Возилата што повеќе загадуваат и се постари да плаќаат повисока цена за регистрација. Ова е една од мерките кои се разгледуваат за намалување на аерозагадувањето, пренесува Алфа.

Единствената официјална информација е дека сите автомобили ќе добијат еколошки лепенки кои ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува.

Со тоа на полесен начин би се селектирале сите оние кои треба да бидат исклучени од сообраќај при енормно загадување на воздухот. Молк за тоа колку би чинеле техничките прегледи за мерење на загадувањето на секој автомобил а и самите лепенки.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика на македонските патишта, заклучно со крајот на 2015-та година, имало вкупно 383.833 регистрирани автомобили. Најголем дел од нив, 261.470, се произведени пред 2002-та година односно се постари од 15 години! Што  би значено дека доколку би стапил во сила законот за повисоки давачки на постарите возила повеќе од половина од луѓето ќе мораат да плакаат повисока цена за регистрација.

Покрај поскапата регистација на постарите возила, предвидено е менување на табличките на такси превозниците, сите таксисти ќе треба да добијат жолти регистрации со што би се одвоиле од останатите автомобили.

Промовирани огласи »

Неуспехот, за претприемачите, е неизбежен. Ова може да дојде во некоја помала форма на загуба, како губење на договор поради конкуренцијата или некоја поголема загуба, како неможност да се плати кирија за просторот. 

Најдобрите претприемачи не се дефинираат преку нивните неуспеси, туку преку начинот на кој се справуваат со истите. Навигацијата на тешките ситуации како екстерно, така и интерно е од суштинско значење да се биде успешен претприемач. Кога сте соочени со неуспех, искористете ги овие 6 совети за подобро справување со ситуацијата: 

1. Бидете подготвени - Не е потребно веднаш да смислувате планови за спасување на ситуацијата доколку е возможно. Психичката подготвеност за неуспехот е многу поважна. Ако имате постојано позитивни очекувања, кога нештата ќе тргнат по лош пат, може да биде многу потешко да застанете стабилно на две нозе. 

2. Не донесувајте емотивни одлуки - Многу е лесно да се донесат емотивни одлуки веднаш од кога нешто негативно се случува, но скоро никогаш не е правилно. Дури и ако значи дека ви е потребно време за да прифатите што се случува, искористете го. Донесувањето рационални одлуки е многу подобро отколку донесување одлуки засновани на емоциите. 

3. Цврста мрежа на поддршка - Опкружете се себеси со пријатели, фамилија и ментори кои може да бидат огромна поддршка за време на овие тешки времиња. Можеби да се чувствувате осамено во овој период, но имањето на ваков тип на луѓе околу вас може да направи да се почувствувате важни надвор од работното место и да ви воздигне духот. 

4. Реевалуирајте ја вашата ситуација - Неуспехот е одлична можност за да ја реевалуирате вашата ситуација. Треба да се прашувате зошто не успеавте, како се чувствувате во врска со тоа и кој е вашиот следен чекор. Дали е поради вашата нецелосна посветеност на работата и дали воопшто се грижите за тоа што што го работите. 

Неуспехот може да е знак дека тоа што го работите не е за Вас. Да се биде искрен со себеси може да ви заштеди енергија, време и среќа. Заборавете на тоа колку сте инвестирале претходно и фокусирајте се на сегашноста, евалуирајте ја ситуацијата од денешен аспект и тоа може да ви помогне со следните чекори. 

5. Не го поврзувајте неуспехот со вашата личност - Еден од најтешкиот дел од неуспехот е неповрзувањето на ситуацијата со Вас како личност. Ако вашата компанија пропадне, лесно е 100% да се обвинувате себеси како личност, но не секогаш е така. Секој од нас греши и неуспехот е дел од животите на луѓето. 

Ако дозволите да сте премногу поврзани со неуспехот,  тоа ќе направи многу потешко да се справувате со целата ситуација. Наместо тоа, разберете и ја препознајте го неуспехот и продолжете да го живеете својот живот, знаејќи дека се движите напред. 

6. Учете од неуспехот - Ако постојано грешите на истото место, никогаш ништо не сте научиле од своите грешки. Ова е периодот кога треба да се и себеевалуирате, дали е потребно дополнително да вложите во своето знаење за грешките да не се повторат. Тешко е да се постават прашањата во оваа фаза затоа што одговорите можеби нема да ви се допаднат, а се клучни за да продолжите да се движите напред. На овој начин, ќе го спречите повторното правење на истите грешки. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »