Промовирани огласи »

Целосно ќе се менува  начинот на  наплата на патарините во Европа. Во унијата вињетите ќе се исфрлат од употреба. Македонија пак одлучи да воведе модел со при- пејт картички.

Од претпријатието за државни патишта во земјава  уверуваат дека до крајот на годинава  на сите наплатни страници, долж коридорот 10 патарината ќе се плаќа електронски- со при пејт каритчки. А на коридорот 8 се очекува до крајот  на следната година. Веќе се обезбедени 500 илјади картички. Цената на картичките ќе се движи од едно  до две евра. Возилата пак кои се постојано на пат- камионите, комбињата кои вршат достава ќе користат  тагови кои ќе чинат од 10 до 20 евра

Модерниот начин на наплата на патарината ќе ја намали потребата од човечки фактор.

Во првите две до три годни нема да имаат проблем, реле Зоран Китанов- директор на агенција за државни патишта.

Во Македонија во моментов има десет наплатни станици, но ќе се градат уште четири плус. Две на новиот автопат Демир Капија- Смоквица, а другите две на делицата Миладиновце- Штип.

Европската унија пак се подготвува за промена на системот за наплата на автопатите, со тоа што патарината ќе се наплаќа според моделот на помината делница на автопатот.

Промовирани огласи »

Големи се шансите дека професионалниот развој ви една од областите каде би сакале да се подобрите. Дури и ако не барате моментално работа, секогаш е добра идеја да го обновувате вашето CV и да се осигурате дека не заостанувате позади во вашата индустрија. 

  • Проект менаџмент - Проект менаџментот, методот на извршување проекти со ограничувања како трошоци, распоред и ресурси, е предизвик за усовршување. Оваа вештина вклучува менаџирање на различни карактери низ различни департмани. Проект менаџерите се повеќе се бараат, но квалитетните тешко се пронаоѓаат. 
  • Microsoft Excel - Microsoft Excel е полн со корисни алатки и функции за кои многу е веројатно да не знаете дека постојат. Доколку не сте ја усовршиле оваа вештина, направете го тоа во најбрз можен рок. 

  • E-mail маркетинг - Овој маркетинг не е мртов. Добро креиран newsletter може да биде многу ефективен и поврзувачки, ако го направите правилно. 
  • Google Analytics - За бизнисите кои живеат онлајн, овие аналитики на Google се неизбежна алатка. Сервисот дозволува преглед во неколку области, како посети, достигнувања, активност и слично. Ако успеете да го надградите своето CV со оваа вештина, може да направите огромна разлика во успехот на бизнисот во онлајн светот. 

  • Јавно говорење и презентациски вештини - Како комуницирате и како ја презентирате вашата работа е исто толку важно како и самата работа. Научете како да се поврзувате со вашата публика и презентирајте ги информациите со самодоверба. 

Промовирани огласи »

Голема промена ќе ги опфати системите за наплата на користење автопатишта.

Директорот на Хрватски автопатишта Борис Хузјан изјавил дека се подготвува ваква промена на ниво на цела Европска унија.

-Во контекст на развојот на модел на наплата на патарина за сите видови возила, важно е да се истакне дека со предлогот на нова директива на Европскиот парламент е планирано во блиска иднина плаќањето на патарини да биде можно единствено по модел на преминат дел од автопат, а не наплата за одреден период на користење-изјавил Хузјан "Jutranji list".

Како вели, тој систем веќе постои во Хрватска.

-Ресорното министерство во рамки на сите реформи кои ги спроведуваме распиша јавен повик за искажување на интерес за изработка на студија за развој на електронскиот систем на наплата на патарини во Хрватска, - вели тој.

Намерата, како наведува, е да се унапреди постоечкиот систем на наплата на патарини, а студијата ќе покаже кок облик на електронски систем на наплата е најпогоден за автопатиштата, уважувајќи ги новите технологии.

Промовирани огласи »

Советите за нашата кариера се менуваат како што и ние се менуваме. Како деца, ние сме охрабрени да сонуваме за нештата кои сакаме да ги постигнеме во нашиот живот. Растеме со идејата дека ќе го работиме она што сакаме. 

Кога сме веќе возрасни, пораката почнува да се фокусира на како можеме да бидеме успешни. Оценките се мерливиот показател на нашата иднина и најчесто, сме советувани да бидеме практични, да пронајдеме добра работа и да останеме таму. 

Успехот и развојот на себеси можат да се случат во исто време, но тие не се две исти нешта. Ако нашата дефиница за успех не е соодветна со она што ви е Вас најважно, на крајот ќе бидете разочарани. Ако сакате да изградете кариера околу она што ви е на Вас важно, прочитајте ги во продолжение трите совети кои многу ретко се слушаат, а се многу важни: 

1. Седнете и разговарајте со вашите пријатели 

Седнете со вашиот најдобар пријател и почнете да разговарате за тоа што го сакате, односно прашањето да биде „Што е она што го сакаш?“ - истото прашање 15 пати. 

На почетокот, одговорите можат да бидат многу предвидливи, како материјални желби, патувања и слично, но од кога сите овие површински нешта ќе бидат искажани започнуваат на површина да излегуваат позначајните, подлабоките желби кои се не осмелувате со секого да ги споделите. Тоа се желбите кои ви се навистина важни и на кои сакате да потрошите време и ресурси и треба вашата енергија да ја насочите во тој правец. 

2. Запомнете ги раскрсниците

Секој човек, во одреден период од животот бил принуден да направи избор. Многу од нив имале мало или немале воопшто никакво влијание врз вашиот сегашен живот. Но, некои од нив можно е да ве насочиле кон сосема нови насоки. Концентрирајте се на тој, еден период од вашиот живот. Идентификувајте ја раскрсницата во тогашниот ваш живот и размислете за причините кои влијаеле на вашата одлука. Како одлуките донесени тогаш помогнале во креацијата на она што се денес. 

3. Прифатете ја историјата

Не се плашете од иднината, туку читајте од минатото. Минатото не е за да се живее таму, туку повремено да се посетува. Да се гледа назад, за многу луѓе е чувствителна тема. Постојат среќни моменти, но и несреќни. 

Од вашето минато може само да научите лекции без да обвинувате други луѓе. Она што може да го направите е да се сетите на секое лице кое влијаело на донесувањето на одлука која ви влијае на сегашниот живот и дали истата може да биде променета. Ако не се развивате, целиот живот може да се претвори во постојано повторување на минатото. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »