Промовирани огласи »

Македонците се повеќе користат пакет услуги од операторите, наместо да се претплатуваат на една мобилна или фиксна линија, или да користат само интернет или дигитална телевизија, покажуваат последните податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Заклучно со вториот квартал лани се регистрирани 2.022.678 претплатници во мобилната телефонија,  речиси 27.000 помалку споредено со вториот квартал во 2016 година кога имало 2.049.170, се наведува во информацијата на АЕК за состојбата на пазарот за електронски комуникации.

Гледано по оператори, на крајот на второто тримесечје во 2017 година  на Македонски телеком отпаѓаат 47,97 проценти од вкупниот број протплатници,  на оне. ВИП 49,57 проценти, а на „Лајкамобајл“ 2,46 проценти. Во вториот квартал 2016, пак, состојбата била поникава, односно оне.ВИП имале 51,02 процента, а Македонски телеком 48,98 проценти.

За шест илјади е намален бројот на фиксни линии, односно во вториот квартал лани  имало 360.804, а во второто тримесечје во 2016 година оваа бројка изнесувала 366.575.

Податоците на АЕК покажуваат зголемување за 1,15 проценти на претплатниците на услуги врзани во пакет,  кои во вториот квартал лани изнесувале 329.910,  а во истиот квартал во 2016 година 326.160.

Значителен раст, од 83,61 проценти, има кај пакетот ТВ, интернет, фиксна телефонија и мобилна телефонија, а постојано се намалува бројот на оние кои користат пакети  со ТВ и интернет, ТВ и фиксна телефонија, интернет и фиксна телефонија, како и пакет со ТВ, интернет и фиксна телефонија.

Промовирани огласи »

Според истражувања кои ги направиле британските психолози денешниот понеделник е прогласен за најдепресивен ден во годината со оглед на тоа што изминуваат полека сите празнични еуфории, луѓето се враќаат на работните места и продолжуваат обврските. Вообичаено Синиот понеделник е на почетокот на третата недела од јануари.

Причините за депресија се доста објективни. Нашите тела се уморни од декемврискиот маратон, а нашите банкарски сметки се испразнети. Исто така за многумина празниците се стресни поради сите грижи за договори со семејството и пријателите, обврските за домашно готвење и подготвување трпези, како и барање подароци.

Утрата се уште се многу темни, а сонцето е премногу слабо за да го регенерира нашето ниво на витамин Д. Значи, природно, најдепресивниот ден во годината е во јануари.

Иако „Blue Monday“ се „слави“ секоја година, изборот на денот не е строго научно оправдан. Датумот е пресметан од страна на психологот Клиф Арнал со формула земајќи ги предвид факторите како што се ладно и влажно време, долгови, деновите поминати по Божик, општото чувство на ниска мотивација.

Промовирани огласи »

Секој може да биде поставен да менаџира тим или компанијата. Но, најдобрите лидери ја разбираат не толку јасната разлика помеѓу лидерството и менаџирањето. Кои се тие разлики? 

  • Вие го заслужувате тимот кој го имате 

Од кога ќе станете лидер, вашите денови за жалење за членовите на тимот се официјално завршени. Ако не сте среќни, може да му помогнете на вашиот тим да се подобри и развива. Може да ги преместите на други работни позиции кои одговараат повеќе со нивните способности. Дури може и да ги охрабрите, доколку тоа им одговара и на нив повеќе, да ја напуштат вашата организација. Но, не смеете да се жалите за тимот и за нивниот перформанс затоа што вие сте сега одговорни за вашиот тим. 

Кога водите една компанија, организација, без разлика дали е позитивно или не, потребно е да превземате одговорност за се што се случува додека сте вие одговорни. Обвинувањето или посочувањето на прсти е знак на незрелост и во најлош случај, е показател за недостаток на интегритетот. 

  • Проблемот е во врвот на хиерархиската скала

Организациите се рефлекција на нивните лидери. Ако забележувате нешто што не ви се допаѓа кај вашиот тим, првото и најдоброто нешто што може да го направите е да паузирате пред огледало. Запрашајте се себеси, „Што е тоа во врска со мене и мојот стил на лидерство што го предизвикува ова однесување?“ Можно е да откриете дека вработувате луѓе слични на вас или дека следите некој вид на шема која постои во вашиот живот. Многу често, негативниот тим е последица на негативен лидер. 

  • Дизајнот на организациите 

Организациите се совршено дизајнирани за да ги добиваат резултатите кои ги креираат. Ако сакате различни резултати, тогаш морате да го промените дизајнот на компанијата. Ако не сакате пици, зошто како лидер, водите пица ресторан?

  • Нарушувањето доаѓа од бунтовните 

Љубопитноста станува се поголема натпреварувачка предност за компаниите кои се фокусирани на растежот. И за да креирате вистинско нарушување, потребно е имате малку креативност и бунтувност во вашиот тим - луѓе кои едноставно никогаш не го прифаќаат фактот дека начинот на кои постојат нештата е оној кој мора да биде. 

Можеби најголемиот предизвик како лидер е да интегрирате луѓе во тимот од овој вид. Трикот е во тоа да ги процените луѓето кои ќе одговараат на културата на компанијата прво, а подоцна да се непрестајно љубопитни и паметни. Ако е обратното, ризикувате да добиете вработен кој можеби вашите клиенти ќе го сакаат, но е насилник позади затворени врати. 

  • Не можете да ја измамите гравитацијата 

Културата се одвива по надолна линија. Ако сакате да бидете на врвот на вашата лидерска скала, осигурајте се дека постојано гледате долу за да увидите каква порака праќате. Вашите луѓе ќе ви се заблагодарат и ќе го олесните вашиот живот драматично многу. 

Промовирани огласи »

Како што и регрутерите се подготвуваат за целито процес на интервјуа, од почеток до крај, така и кандидатите за работа треба да се подготвени кога доаѓаат на интервјуа. Меѓутоа, не секогаш тоа е случајот. За да се олесни процесот и за двете страни, регрутерите имаат листа на барања кои би сакале да ги забележат и видат кај кандидатите: 

CV не подолго од две страни - Постојат многу различни мислења за CV-та. Размислете за вашето CV како збир на вашето искуство. Ако сте на почетокот на вашата кариера, тогаш резиме од една страна е сосема доволно. Ако сте навлезени подлабоко во вашата кариера, треба веќе да ја имате стекнато способноста да се продавате себеси со малку зборови, односно обидете се резимето да изнесува максимум две страни. 

Мотивационите писма се бонус! - Некои луѓе може да кажат дека мотивационите писма се историја, но тие се уште постојат со јасна цел. Овие писма им дозволуваат на кандидатите да опишат нешта кои вообичаено не би можеле да се сретнат во CV-a. На пример, опис на некоја ситуација која сметате дека ќе ви ги зголеми шансите за вработување или едноставно, искажување на желбата колку сакате да работите за организацијата. 

Пребарајте ја компанијата - Проверете го вев сајтот на компанијата. Имајте барем основно знаење за тоа дали се работи за продажба на продукти или услуги. Ниту една компанија, барем на првото интервју не ви бара да знаете се за компанијата, но барем основите е добар почеток. 

Разберете ја работата - Прегледајте го описот на работното место. Денес е лесно, со помош на Интернетот да се пребараат информации од било каков карактер, а вака ќе оставите и впечаток дека сте заинтересирани за професионалниот интерес на работата. 

Соодветен дрес код - Ова не значи дека треба да сте во костум. Организациите сакаат да знаат дека секој што ќе биде најмен ќе остави добар впечаток за компанијата. Со ова е доволно кажано. Исто така, практикувајте добар говор на тело преку активно слушање и одржување на контакт со очи. 

Раскажете ја својата приказна - Едно од најчестите прашања на интервјуата за работа е „Кажете ми нешто за себеси.“ Ова е првиот впечаток кој регрутерот ќе го добие за Вас. Размислете за она што сакате да го кажете. Интересната и автентичната приказна ќе направи луѓето полесно да ве запомнат. 

Бидете удобни во дискутирањето на вашите слаби и јаки страни - Ова исто така, е едно од класичните интервју прашања. Регрутерите сакаат да знаат кои се вашите силни страни, според Вас и што е она што сакате да го развиете. Ова не е трик прашање. Тука се работи за свесноста за себеси. 

Бидете подготвени да разговарате за вашата иднина - Без разлика дали аплицирате за работата од вашите соништа или оваа работа е само една скала до вашата конечна цел, поседувањето на план за вашата кариера е важно. Можеби компанијата нема да е фокусирана на самиот план, но тие се фокусирани на кандидати кои имаат таков план. 

Поставувајте прашања! - Појавете се на интервјуто со подготвени прашања. Ова им дава до знаење на регрутерите дека се интересирате за компанијата, работната позиција но и го цените вашето време за да знаете точно во што се впуштате. 

Свесноста за култура - Ова е исто така една важна карактеристика која ја бараат регрутерите, како на индивидуално ниво, така и на организационо. Компаниите сакаат да знаат дека кандидатите ќе бидат способни да ја прифатат културата на компанијата и дека ќе бидат среќни во својата работна позиција. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »