Промовирани огласи »

Државната компанија МЕПСО денеска распиша оглас за вработување на деветмина работници. Покрај високите плати, во очи паѓа и тоа што за три работни места не е задолжително кандидатите да имаат работно искуство. Па така, за работното место копирант, се нуди плата од 24.900 денари, а во огласот е назначено дека на кандидатите не им е потребно искуство.

– 1 (еден) извршител на работното место копирант во архива во служба за општи работи Oддел за општи работи во Сектор за правни и општи работи со средна стручна подготовка – ССС – IVстепен , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 24.900,00 денари, се наведува во објавениот оглас.

Искуство не е потребно ниту за пополнување на местото координатор на Кабинетот на директорот, како и на самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање. За овие работни места е предвидена плата од над 35.000 денари.

-1 (еден) извршител на работното место координатор во Кабинет на директор на Сектор за ИТТК, со Висока стручна подготовка – ВСС – VII степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VI/180-240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 35.100,00 денари,

-1 (еден) извршител на работното место самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање, Оддел за управување со ЕЕС , во Подружница ОЕПС со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен Електротехнички факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VIА/240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 38.500,00 денари.

Огласот е потпишан од генералниот директор Сашо Василевски.

Промовирани огласи »

Утре министерството за финансии повторно ќе се задолжи.

Од домашните банки и осигурителни компании ќе земе заем од речиси 24 милиони евра. Парите се земаат за да се врати стар долг. Според календарот на 24 и на 29 јануари државата треба да врати стар долг од речиси 24 милиони евра. Но од министерството за финансии немаат конкретен одговор на прашањето дали  ќе се прекине со домашното задолжување со оглед на тоа што со еврообврзницата на почетокот на годинава се задолживме половина милијарда евра.

Промовирани огласи »

Ниту еден шеф не сака да признае дека вработените ја напуштаат работата заради него, но во многу случаи тоа е токму така. Ако самиот вие сте шеф, добро е да се запознаете со најчестите грешки на високо ниво, кои принудуваат вредни кадри да размислат за промена на работното место. Еве што велат експертите од Inc.com.

1. Недостаток на охрабрување.

Истражувањата во САД покажаа дека 40% од менаџерите никогаш не ги фалат своите вработени за добра работа. Тоа е сериозен проблем, бидејќи истата студија утврдила дека подготвеноста на менаџерите да даваат позитивен фидбек е еден од водечките фактори кои детерминираат дали вработените ќе ги доживуваат како ефикасни и искрени комуникатори.

Докажано e дека позитивниот став на претпоставените значително ја подобрува продуктивноста на нивните вработени и конечните резултати за компанијата.

2. Припишување на заслугите на подредените.

Неправедно и неприфатливо е шефот да се кити со успесите што ги постигнуваат неговите вработени. Ова е дефинитивно нешто што исто така би го отфрлило најверниот професионалец.

3. Неуспехот да се почитува рамнотежата помеѓу работата и приватноста.

Голем број менаџери сѐ уште го диктираат и контролираат времето што луѓето го одделуваат за своите професионални обврски. Како резултат на тоа, личниот и семејниот живот на луѓето страдаат во името на работата, што ги тера да бараат поповолна околина.

Промовирани огласи »

Според неодамнешната одлука, Европската централна банка ја укинува банкнотата од 500 евра, а аналитичарите оваа одлука ја толкуваат на различни начини – од напредување во борбата против организираниот криминал, до почеток на крајот на готовината.

Според весникот Штутгарт нахрихтен, мал е бројот на луѓе кои до сега во рацете ја имаа виолетовата банкнота.

Банкоматите ретко кога ја исфрлаат таа банкнота, иако ги има околу 600 милиони парчиња во оптек. Ретко на кој ќе му недостига банкнотата од 500 евра, пишува германскиот весник, а пренесува Дојче веле.

Весникот пишува и дека банкнотите од 500 евра сочинуваат околу третина од целокупната вредност на кешот во евра во оптек. Ќе биде потребно да се допечатат големи количества банкноти од 100 и 200 евра.

Се проценува дека повлекувањето на старите банкноти, печатењето и дистрибуцијата на новите ќе чини најмалку половина милијарда евра.

Германските медиуми тврдат дека овој потег на Европската централна банка нема да им пречи на оние кои се бават со криминал, перење пари и шверц на дрога бидејќи брзо ќе најдат нови патишта за вршење и финансирање на своите зделки.

Претседателот на Германската национална банка Јенс Вајдман, во одговорот на прашањето дали укинувањето на оваа пара е „почеток на крајот на кешот“ вели дека готовината има непроценливи предности. Вајдман истакнува дека оваа одлука на потрошувачите им ги ограничува начините на плаќање и трговијата.

„Готовината нуди заштита од ниските или негативните камати. Парите можеа да ги подигнат и да ги стават во фиока. Без готовинатаа таа можност не би ја имале. Сѐ уште не сме дојдени до таму, но укинувањето на банкнотата од 500 евра е повод да се размисли и за тие аспекти“.

Шпигл пишува дека „во царството на организираниот криминал предност има готовинското плаќање“.

Кешот е анонимен, го менува сопственикот со брзина на молња и тешко се следи. Единствената мана на готовината е физичка: потребен ѝ е простор. За исплата на сума од десет милиони евра потребни се 200.000 банкноти од педесет евра, кои, кога ќе се стават на куп тежат 184 килограми. Дискретно предавање на парите во мал куфер е невозможно, пишува Шпигл.

Врската меѓу укинувањето на банкнотите и сузбивањето на криминалот досега не е докажана, признаваат дури и експертите од Европската централна банка.

Бројни критичари, според Шпигл, сметаат дека укинувањето на 500-ката и воведувањето горни граници за исплата на кеш не се оружје во борбата против организираниот криминал и перењето пари, туку прв обид да се исфрли готовината од економијата.

За укинувањето на банкнотата од 500 евра пишува и весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг, во текстот со наслов „Чао, Бин Ладен!“.

Шпанците ја погодија суштината на нештата. Банкнотата во заминување тие веќе подолго време ја викаат „Бин Ладен“. Сите знаат дека парата постои, но речиси никој никогаш не ја видел. Интересно е тоа што најголемиот број банкноти од 500 евра циркулираат во Шпанија, иако економското учество на таа земја во еврозоната изнесува едвај 10 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »