Промовирани огласи »

Една од главните цели на законските измени на брзиот транфер на пари е да се овозможи оданочување на лицата кои ги користат овие услуги, односно да плаќаат данок на доход од 10% како и за било кој друг вид на личен доход на пари, пишува порталот Фактор.мк.

Сепак, ваквите измени внесуваат сомнеж кај компаниите кои даваат услуги за брз трансфер на пари. Според Шерефедин Амити, генерален извршен директор на Монета, измените на законот кои треба да важат од 1 јули 2018 година не се во согласност со европските регулативи и ќе предизвикаат зголемување на црните трансфери на пари кои никој не може да ги следи, ниту пак да ги регулира.

Во законските измени се предвидени нови обврски пред се за давателите на услуги на брз трансфер на пари меѓу кои доставување на постојани извештаи за сите трансакции до надлежните институции меѓу кои НБРМ и УЈП. На тој начин ќе се добие поголема евиденција за приливот на девизи од странство кон нашите граѓани, но и ќе се отвори можноста за внесување во даночниот систем.

„Нова обрска за давателите на услугата брз трансфер на пари е испраќање на извештаји до Управата за јавни приходи. Сакаме да укажеме дека нема европска регулатива ниту пак има регулатива било каде во светот која се однесува на вршење на услугата брз трансфер на пари, а која нормира задолжително да се доставуваат месечните извештаи за секоја извршена поединечна трансакција до Управата за јавни приходи. Истакнуваме дека воведување на законска обврска во Република Македонија за давателите на услуга брз трансфер на пари задолжително ги доставуваат месечните извештаи и до Управата за јавни приходи ќе ја направи Република Македонија единствена и прва земја со ваква непродуктивна практика во светот“, вели Амити за Фактор.

Директорот на Монета е особено загрижен од е фактот што очекуваното преминување на трансферите од формалните канали преку давателите на услуги за брз трансфер на пари преку изнаоѓање на неформални канали за трансфер на пари, а заради вака предложените измени, дополнително ќе оневозможи следење, детектирање и навремено пријавување до надлежните институции на сомнителни трансакции поврзани со спречувањето перење пари и финансирање на тероризам како една од главните обврски на постоечките лиценцирани агенти и субагенти кои спроведуваат посебни одобрени програми за спречување перење пари.

Тој истака смета дека може да дојде до затварање на околу 300 микро бизниси, коишто ќе мораат да ги затворат своите бизниси поради нерентабилност. Минимум 630 семејства од вработените во овие микро бизниси ќе останат без своите месечни приходи. Негативен импакт во државниот буџет ќе има во смисла на наплата на данок на добивка кои досега го плаќале лиценцираните агенти и субагенти.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Државната компанија МЕПСО денеска распиша оглас за вработување на деветмина работници. Покрај високите плати, во очи паѓа и тоа што за три работни места не е задолжително кандидатите да имаат работно искуство. Па така, за работното место копирант, се нуди плата од 24.900 денари, а во огласот е назначено дека на кандидатите не им е потребно искуство.

– 1 (еден) извршител на работното место копирант во архива во служба за општи работи Oддел за општи работи во Сектор за правни и општи работи со средна стручна подготовка – ССС – IVстепен , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 24.900,00 денари, се наведува во објавениот оглас.

Искуство не е потребно ниту за пополнување на местото координатор на Кабинетот на директорот, како и на самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање. За овие работни места е предвидена плата од над 35.000 денари.

-1 (еден) извршител на работното место координатор во Кабинет на директор на Сектор за ИТТК, со Висока стручна подготовка – ВСС – VII степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VI/180-240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 35.100,00 денари,

-1 (еден) извршител на работното место самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање, Оддел за управување со ЕЕС , во Подружница ОЕПС со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен Електротехнички факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VIА/240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 38.500,00 денари.

Огласот е потпишан од генералниот директор Сашо Василевски.

Промовирани огласи »

Утре министерството за финансии повторно ќе се задолжи.

Од домашните банки и осигурителни компании ќе земе заем од речиси 24 милиони евра. Парите се земаат за да се врати стар долг. Според календарот на 24 и на 29 јануари државата треба да врати стар долг од речиси 24 милиони евра. Но од министерството за финансии немаат конкретен одговор на прашањето дали  ќе се прекине со домашното задолжување со оглед на тоа што со еврообврзницата на почетокот на годинава се задолживме половина милијарда евра.

Промовирани огласи »

Ниту еден шеф не сака да признае дека вработените ја напуштаат работата заради него, но во многу случаи тоа е токму така. Ако самиот вие сте шеф, добро е да се запознаете со најчестите грешки на високо ниво, кои принудуваат вредни кадри да размислат за промена на работното место. Еве што велат експертите од Inc.com.

1. Недостаток на охрабрување.

Истражувањата во САД покажаа дека 40% од менаџерите никогаш не ги фалат своите вработени за добра работа. Тоа е сериозен проблем, бидејќи истата студија утврдила дека подготвеноста на менаџерите да даваат позитивен фидбек е еден од водечките фактори кои детерминираат дали вработените ќе ги доживуваат како ефикасни и искрени комуникатори.

Докажано e дека позитивниот став на претпоставените значително ја подобрува продуктивноста на нивните вработени и конечните резултати за компанијата.

2. Припишување на заслугите на подредените.

Неправедно и неприфатливо е шефот да се кити со успесите што ги постигнуваат неговите вработени. Ова е дефинитивно нешто што исто така би го отфрлило најверниот професионалец.

3. Неуспехот да се почитува рамнотежата помеѓу работата и приватноста.

Голем број менаџери сѐ уште го диктираат и контролираат времето што луѓето го одделуваат за своите професионални обврски. Како резултат на тоа, личниот и семејниот живот на луѓето страдаат во името на работата, што ги тера да бараат поповолна околина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »