Промовирани огласи »

Владата промовира нова економска мерка, со која ветува дека на секој граѓанин ќе му следува пензија од државата.

Сите жени кои ќе наполнат 62 години и сите мажи кои ќе наполнат 64 години, а не ги остваруваат условите за старосна пензија, ќе добиваат државна социјална пензија. Право на државната пензија ќе имаат граѓаните кои во последните 20 години живеле во Македонија.

Државната социјална пензија на почетокот ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија. Граѓаните над 65 години независно дали ги исполниле условите за пензија или не учествувале во градењето на нашето општество и секој од нив заслужува да имаат достоинствена старост. Нашата цел е достоиствен живот за сите граѓани на Македонија. – стои во соопштението на СДСМ.

Промовирани огласи »

Американскиот бренд за брза храна KFC наскоро отвора своја мрежа на ресторани во Македонија. Ова може да се забележи по огласите кои се објавени на фејсбук страна на рестораните во Косово, а преку кои се бара продажен и административен персонал во Македонија.

Компанијата KFC e основата во 1991 година, а седиштето е во Кентаки. Со повеќе од 20 илјади продажни места распоредени во 123 земји KFC е втор најголемо ресторан за брза храна, веднаш по Мекдоналдс.

Еден од најпопуларните специјалитети по кои е познат овој ресторан е пилешкото месо и вкусните компирчиња.

Промовирани огласи »

Првачињата ќе поминуваат помалку време во училиште за цели 3 часа неделно, пишува порталот Факултети.

Тие сега во просек во клупите се по 17 часа и 40 минути во текот на неделата, а со новата програма во училиште ќе поминуваат по најмногу 14 часа и 20 минути.

МОН предлага во текот на неделата учениците од прво одделение да имаат три дена по 4 наставни часа, а два дена по 3 наставни часа. Вкупното време што учениците ќе го потрошат на инструкции изнесува 12 часа неделно. Во споредба со старата програма (15 часа и 20 минути), има намалување на наставата за цели 3 часа.

Промовирани огласи »

Една од главните цели на законските измени на брзиот транфер на пари е да се овозможи оданочување на лицата кои ги користат овие услуги, односно да плаќаат данок на доход од 10% како и за било кој друг вид на личен доход на пари, пишува порталот Фактор.мк.

Сепак, ваквите измени внесуваат сомнеж кај компаниите кои даваат услуги за брз трансфер на пари. Според Шерефедин Амити, генерален извршен директор на Монета, измените на законот кои треба да важат од 1 јули 2018 година не се во согласност со европските регулативи и ќе предизвикаат зголемување на црните трансфери на пари кои никој не може да ги следи, ниту пак да ги регулира.

Во законските измени се предвидени нови обврски пред се за давателите на услуги на брз трансфер на пари меѓу кои доставување на постојани извештаи за сите трансакции до надлежните институции меѓу кои НБРМ и УЈП. На тој начин ќе се добие поголема евиденција за приливот на девизи од странство кон нашите граѓани, но и ќе се отвори можноста за внесување во даночниот систем.

„Нова обрска за давателите на услугата брз трансфер на пари е испраќање на извештаји до Управата за јавни приходи. Сакаме да укажеме дека нема европска регулатива ниту пак има регулатива било каде во светот која се однесува на вршење на услугата брз трансфер на пари, а која нормира задолжително да се доставуваат месечните извештаи за секоја извршена поединечна трансакција до Управата за јавни приходи. Истакнуваме дека воведување на законска обврска во Република Македонија за давателите на услуга брз трансфер на пари задолжително ги доставуваат месечните извештаи и до Управата за јавни приходи ќе ја направи Република Македонија единствена и прва земја со ваква непродуктивна практика во светот“, вели Амити за Фактор.

Директорот на Монета е особено загрижен од е фактот што очекуваното преминување на трансферите од формалните канали преку давателите на услуги за брз трансфер на пари преку изнаоѓање на неформални канали за трансфер на пари, а заради вака предложените измени, дополнително ќе оневозможи следење, детектирање и навремено пријавување до надлежните институции на сомнителни трансакции поврзани со спречувањето перење пари и финансирање на тероризам како една од главните обврски на постоечките лиценцирани агенти и субагенти кои спроведуваат посебни одобрени програми за спречување перење пари.

Тој истака смета дека може да дојде до затварање на околу 300 микро бизниси, коишто ќе мораат да ги затворат своите бизниси поради нерентабилност. Минимум 630 семејства од вработените во овие микро бизниси ќе останат без своите месечни приходи. Негативен импакт во државниот буџет ќе има во смисла на наплата на данок на добивка кои досега го плаќале лиценцираните агенти и субагенти.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »