Промовирани огласи »

На социјалните мрежи се шират снимки од нереди кои настанале во супермаркетите ширум Франција, поради акциските цени на Nutella. Цената на популарниот намаз вчера во Франција била намалена за цели 70 отсто.

Ниската цена на популарниот намаз предизвикала хистерија кај потрошувачите.

Медиумите во Франција пренесуваат дека луѓето во супермаркетите „се однесувале како животни“, а еден од нив изјавил дека една жена била повлечена за коса, друга постара жена пак, била погодена со кутија во глава, додека трета жена завршила со крвава рака.

Луѓето го преплавија супермаркетот, се туркаа, кршеа работи. Беше навистина хаотично, изјави еден од вработените во супермаркет во францускиот град Форбах.

Инциденти биле пријавени и во уште неколку супермаркети во повеќе градови ширум Франција.

Нередите настанале откако француски синџир на супермаркети соопштил дека тегла Nutella, чија редовна цена е 4.5 евра, во текот на акцијата ќе чини само 1.4 евра.

Промовирани огласи »

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро реагира на погрешнa примена на одредбите што се однесуваат на регрес за годишен одмор (К15) за работниците што користеле породилно отсуство, а кои во Република Македонија најчесто се жени.

Во изминатиот период Хелсиншкиот комитет регистрирал случаи на разчна примена на одредбите од колективниот договор за стопанството кои се однесуваат на регресот за годишен одмор. Од таму велат дека имало случаи каде што по пријави до Трудовиот инспекторат испратени од Хелсиншкиот комитет по однос на неисплата на регрес за годишен одмор, популарно наречен К 15, Инспекторатот утврдил дека на работничките што во текот на календарската година користеле породилно отсуство не им следува регрес за годишен одмор.

Ваквиот став се оправдува со толкување на одредбата од член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството („Службен весник на РМ“ број 115/2014 од 1.8.2014 година) во согласност со која работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работа, меѓу кои е и правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавец. Користењето на породилно отсуство во текот на календарската година некои од инспекторите го сметаат за неисполнување на условот работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавец, велат од Хелсиншкиот комитет.

Според нив, ова е апсолутно погрешна и неизедначена примена на оваа одредба од колективниот договор за приватниот сектор, со кое толкување се предизвикува правна несигурност.

Потенцираме дека породилното отсуство во никој случај не може да се смета за прекин на работниот однос кај работодавецот или одново започнување работен однос и да биде причина за неисплата на регрес за годишен одмор за работниците/чките што го искористиле правото на породилно отсуство, велат од Хелсиншкиот комитет.

Од таму појаснуваат дека работниците што користат породилно отсуство не го губат правото на годишен одмор, кое е тесно поврзано со исплатата на регресот.

Оттука, нејасно е врз основа на која одредба трудовите инспектори одлучуваат дека се губи правото на регрес за годишен одмор кога не се губи правото на годишен одмор. Ваквото толкување и различна примена на одредбите за регрес за годишен одмор се спротивни на начелата за недискриминација и еднакви можности и третман на мажите и жените гарантирани со Уставот и законите земајќи предвид дека повеќето од работниците што користат породилно отсуство се жени, велат од Хелсиншкиот комитет.

Од овие причини Хелсиншкиот комитет го повикува Министерството за труд и социјална политика да испрати насоки до Државниот трудов инспекторат со цел изедначена пракса при примена на законските одредби што се однесуваат на регрес на годишен одмор бидејќи, како што велат, очигледно е дека има различна примена на колективниот договор на штета на работничките.

Промовирани огласи »

Владата планира преку нови субвенции да привлече млад и квалитетен кадар кој потоа ќе биде вклучен во основното образование, односно ќе дава средства на студентите кои ќе изичуваат како да станат наставници бидејќи во оваа категорија се потребни подобрувања. 

На предлог на Министерството за образование и наука, владата ја усвои информацијата за воведување нова стипендија за студенти за наставен кадар за основно образование уште од првата година на студиите во висина од 6000 денари.

Покрај оваа мерка за унапредување на квалитетот на наставните кадри во основното образование, на предлог на МОН Владата ги усвои Програмите за ученичкиот и студентскиот стандард за 2018 година и Програмата за научно-истражувачката дејност за оваа година, како и програмите за изградба и реконструкција на средни и основни училишта соопштија од Владата на РМ.

На основното образование му се потребни млади, креативни и современи наставници кои ќе успеат да го задржат вниманието на учениците, да им помогнат во совладување на материјалот и да учествуваат во нивното воспитување од најмала возраст.

Промовирани огласи »

Истражување на Харвард покажува како немањето концентрација ги прави луѓето несреќни. 

Затоа се препорачува луѓето долгорочно да размислуваат. 

Некои менаџери тврдат дека 20% работа ќе даде 80% резултати, но тоа не е точно. 

Но, ако се заврши најважниот дел од работата, тогаш ќе се постигне ефектот. 

Луѓето можат да го ископираат туѓиот успех. 

Да се работи од почеток до крај е многу подобро, отколку да има прекини во текот на работењето. 

Конфучие кажал дека ако се избере работа која ја сакате, нема да работите ниту еден ден. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »