Промовирани огласи »

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија д-р Кочо Анѓушев присуствуваше на свеченото отворање на новите простории на Бизнис Центарот за претприемништво и извршен развој (CEED Hub).

Новите простории на центарот се отворени со средствата кои се обезедени во рамки на „Проектот за мали и средни претпријатија“ на USAID, спроведуван од CEED Macedonia, a со поддршка од Швајцарската амбасада.

Преку овој проект, кој е со вредност од 3,1 милиони долари, во изминатите шест години овозможена е поддршка за околу 650 претприемачи, креирани се околу 350 нови работни места, воведени се нови практики во 140 компании и обезбедени разновидни услуги за развој на бизнисот за околу 400 корисници на проектот.

Вицепремиерот Анѓушев за време на своето излагање истакна дека Владата за Програмата за економски развој за 2018 година има детерминирано 46% повеќе средства во однос на 2017 година.

Над 98% од вкупниот број на компании се мали и средни претпријатија и токму затоа Владата беше посветена во својата економска програма да детерминира што е можно повеќе средства и да креира мерки кои ќе бидат имплементирани преку Фондот за технолошки развој и иновации и да им помогне на старт ап  и малите и средните претпријатија, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Владата креираше конкретни мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и за поддршка на претприемништвото, особено за младите лица коишто треба да бидат поддржани во остварувае на своите бизнис идеи.

Освен поддршката преку таканаречените меки мерки, односно за покривање на трошоци за едукација и обуки, Владата ќе ги поддржи старт ап  и малите компании со директна финансиска помош.  Малите и средни претпријатија ќе бидат поддржани со 30% поврат на инвестициите за основните средства за извршување на дејноста, а ќе се овозможи 70% поврат на инвестиција за компании кои ќе воведуваат иновации и ќе креираат нови производи. На Фондот за иновации доделени се значителни средства за формирање на фонд за ризичен капитал, со кој ќе овозможи пристап до средства за малите и средни компании, потенцираше потпретседателот на Владата Анѓушев.

Промовирани огласи »

Уставниот суд ги укина одредбите од Законот за извршување кои уредуваа обврска барањето за извршување и приговорот чија вредност е поголема од 10.000 eвра задолжително да ги составува адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога доверител при извршувањето е Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице.

Оваа одлука на Уставниот суд значи и одговор на едно од 19-те барања на Стопанската комората до Владата. Од Комората бараа да се преиспита обврската за задолжително застапување од адвокати кај Законот за нотаријат и Законот за извршување. 

Бизнис-заедницата повеќе пати укажуваше дека оваа обврска за фирмите значи значително зголемување на трошоците, и дека особено е проблематично исклучувањето на можноста правниците кои се вработени во фирмите да ги составуваат овие документи.

Стопанската комора на Македонија повеќе пати реагираше дека задолжителното ангажирање на адвокат, посебно во случаите кога како странки се јавуваат компаниите, кои имаат организирани правни служби, не е целисходно и влијае неповолно поради два аспекти.

Од една страна, тоа предизвикува сериозни финансиски импликации, кои неколкукратно го надминуваат износот на вкупниот финансиски товар, кој овие субјекти го имаа пред 01.01.2017 година. Од друга страна, важечкото решение има импликации од аспект на непотребните административни постапки, кои би настанале со самата потреба од предавање на предмети на адвокати, запознавање со нивната содржина и дејствија што треба да се преземат, со што се одолговлекуваат и самите постапки – појаснуваат од Комората.

Промовирани огласи »

Наместо редовно вработување практикантите и волонтерите по завршувањето на праксата  најчесто си одат дома. Иако младите праксата ја гледаат како можност полесно да се вработат ретко кој работодавач  одлучува да ги задржи во компанијата.

Често пати на практикантите им се задаваат задачи кои не се совпаѓаат со она за што учат.  Многу од нив немаат ниту ментор кој треба да ги води низ целиот процес.

Голем дел од нив не добиваат ниту надоместок. Покривање на трошоците за храна и превоз добиваат само оние кои се ангажирани преку агенција за варботување и тоа ако се согласи  газдата. Затоа бизнси коморите бараат практиканството да се стави во законска рамка но не прецизираа дали со ова тие конечно  ќе добиваат паричен надоместок.

Бизнси секторот повторно реагираше и на честите измени во законите кои не можат да ги следат. Проблем особено имаат  малите и микро бизнсии кои имаат мал број на вработените.

За првпат сите три  бизнис комори, Северозапдна стопанска и сојузот заеднички работата  на подобрување на бизнис регулативата која треба да помогне стопанствотот да работи во подобар амбиент.

Промовирани огласи »

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека сака повеќе американски имигранти да доаѓаат од Норвешка, наместо од "мизерните земји" во Африка. По пристигнувањето во швајцарскиот град Давос, сепак сфатил дека масовната миграција од Норвешка во САД не може да се случи. Според Светскиот економски форум (СЕФ), Норвешка е најдобра земја за живот во светот.

Норвешка го доби првото место, бидејќи аналитичарите на СЕФ користат поинаков показател наместо бруто-домашниот производ (БДП). Според нив, БДП е рамен и нејасен показател за економската активност. Овој индикатор не зема предвид дали предметната економска активност е од корист за граѓаните.

Загадувачка фабрика може да ги труе луѓето во радиус од десет километри, но од аспект на БДП, објектот создава корисна економска активност. Истото важи и за зголемувањето на посетите на лекарите и болниците до кои води фабриката. Настаните кои се позитивни за погребни куќи се веројатно добри за растот на бруто-домашниот производ.

Повеќето економисти и бизнис аналитичари во Северна Америка се опседнати со економски податоци и, пред сè, од БДП. Движењето на БДП им кажува на централните банки кога да ја олабават или затегнат понудата на пари. Гласачите ги ценат владите за тоа дали БДП на земјата расте доволно брзо. Аналитичарите следат дали владините стимулации ќе ја придвижат економијата.

Бранители на БДП обично се оние кои работат на Вол Стрит или ја добиваат својата храна од индустријата за финансиски услуги. Растот на БДП помага да се зголеми индексот Дау, а високото ниво на Дау им помага на сите, објаснуваат тие.

Но, тоа не е случај. Пред неколку децении, аргументот дека зголемувањето на економскиот бран доведоа до позитивни резултати за сите во општеството беше малку точен. Придобивките од поголемата економија беа во голема мера споделени. Но, ова повеќе не е случај. На пример, во Соединетите Американски Држави, високиот раст на Дау ги фаворизира богатите на сметка на сиромашните.

Во многу земји бранот на економски бранови ги покренува јахтите на богатите, но чамците на сиромашните се полнат со вода и тонат. Нееднаквоста на приходите се влошува и не исчезнува.

Според експертите од Светскиот економски форум, подобро е да се користи т.н. "Индекс на сеопфатен развој". Индексот оценува како земјите се претставени во 11 димензии на економскиот напредок, покрај движењата на БДП. Постојат три главни столба: раст и развој; покриеност; и правичност помеѓу генерациите - одржливо користење на природните и финансиските ресурси.

Индикатори кои се столб на развој и развој на индекс се БДП по глава на жител; продуктивност на трудот; вработување; и очекувањата за здрав живот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »