Промовирани огласи »

Не стивнуваат реакциите во јавноста во однос на прагот со кои физичките лица стануваат ДДВ  обврзници. По програмерите, финансиските аналитичари, членовите на управни одбори реагираат и универзитетските професори. Велат не е логично да плаќаат ДДВ за нивната редовната работа на универизитетите каде за часовите   додипломски студии  добиваат плата , а за часавоте на магистерски мора да земат хонорар.  Според професорите тие часови не се вршење на стопанска дејност туку се во склоп на матичната инситуција - универзитетот и се дел од нивните  секојдневни редовни работни обврски.

Кај овој вид на интелектуална работа проблем е и тоа што ДДВ ќе се плаќа редовно но не може да се направи поврат , затоа што ресурсите  кои се користат за вршење на услугата се во сопственост на самиот универзитет.

Владата сеуште не донела одлука дали ќе се покачи прагот со кои физичките лица стануваат ДДВ обврзници. Според актуелниот закон секој кој  минатата година зарботил над еден милион денари има обврска да се регистрира како ДДВ обврзник. Со тоа за  остварениот приход  освен персонален данок на доход  плаќа и ДДВ.

Промовирани огласи »

За да обезбедиме квалитетен ран детски развој и да изградиме ефикасен и ефективен воспитно образовен систем со добра и силна основа, кој пред сè ќе биде цврст, безбеден и отпорен на разни промени и потреси, потребно ни е здраво и цврсто основно образование. Во таа насока, создаваме нов образовен модел за основно образование и нови и квалитетни наставни планови и програми за учениците од 1-3 одделение. Работната група која го создава овој нов образовен модел, се состои од експерти во областа, професори од Филозофскиот факултет и Педагошкиот институт, но и практичари во областа, односно наставници кои работат со ученици од 1-3 одделение, стои во повикот на МОН.

Откако заврши распустот на учениците, МОН најави промени во образовниот систем, а предложи за учениците од прво до петто одделение еден наставен час да трае 55 минути, во кој е вклучен и одмор во траење од 15 минути по секој наставен час. Наставникот одлучува кога ќе го даде одморот и како ќе го реализира. Исто така, предвидено е учениците од прво до трето одделение нема да имаат повеќе од четири часови дневно. Учениците ќе имаат Мајчин јазик, Математика, Светот околу нас, Уметност, Физичка култура. Предлог е да нема домашни и да се намалат тестирањата.

Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми и реформите во основното образование.

Вашите коментари и предлози се добредојдени и ги очекуваме на [email protected], а можете истите да ги доставите и до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

МОН наскоро очекува да ги добие и новите наставни програми за второ и трето одделение.

Промовирани огласи »

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија д-р Кочо Анѓушев присуствуваше на свеченото отворање на новите простории на Бизнис Центарот за претприемништво и извршен развој (CEED Hub).

Новите простории на центарот се отворени со средствата кои се обезедени во рамки на „Проектот за мали и средни претпријатија“ на USAID, спроведуван од CEED Macedonia, a со поддршка од Швајцарската амбасада.

Преку овој проект, кој е со вредност од 3,1 милиони долари, во изминатите шест години овозможена е поддршка за околу 650 претприемачи, креирани се околу 350 нови работни места, воведени се нови практики во 140 компании и обезбедени разновидни услуги за развој на бизнисот за околу 400 корисници на проектот.

Вицепремиерот Анѓушев за време на своето излагање истакна дека Владата за Програмата за економски развој за 2018 година има детерминирано 46% повеќе средства во однос на 2017 година.

Над 98% од вкупниот број на компании се мали и средни претпријатија и токму затоа Владата беше посветена во својата економска програма да детерминира што е можно повеќе средства и да креира мерки кои ќе бидат имплементирани преку Фондот за технолошки развој и иновации и да им помогне на старт ап  и малите и средните претпријатија, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Владата креираше конкретни мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и за поддршка на претприемништвото, особено за младите лица коишто треба да бидат поддржани во остварувае на своите бизнис идеи.

Освен поддршката преку таканаречените меки мерки, односно за покривање на трошоци за едукација и обуки, Владата ќе ги поддржи старт ап  и малите компании со директна финансиска помош.  Малите и средни претпријатија ќе бидат поддржани со 30% поврат на инвестициите за основните средства за извршување на дејноста, а ќе се овозможи 70% поврат на инвестиција за компании кои ќе воведуваат иновации и ќе креираат нови производи. На Фондот за иновации доделени се значителни средства за формирање на фонд за ризичен капитал, со кој ќе овозможи пристап до средства за малите и средни компании, потенцираше потпретседателот на Владата Анѓушев.

Промовирани огласи »

Уставниот суд ги укина одредбите од Законот за извршување кои уредуваа обврска барањето за извршување и приговорот чија вредност е поголема од 10.000 eвра задолжително да ги составува адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис, освен во случаите кога доверител при извршувањето е Република Македонија, банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или друштво за осигурување како правно лице.

Оваа одлука на Уставниот суд значи и одговор на едно од 19-те барања на Стопанската комората до Владата. Од Комората бараа да се преиспита обврската за задолжително застапување од адвокати кај Законот за нотаријат и Законот за извршување. 

Бизнис-заедницата повеќе пати укажуваше дека оваа обврска за фирмите значи значително зголемување на трошоците, и дека особено е проблематично исклучувањето на можноста правниците кои се вработени во фирмите да ги составуваат овие документи.

Стопанската комора на Македонија повеќе пати реагираше дека задолжителното ангажирање на адвокат, посебно во случаите кога како странки се јавуваат компаниите, кои имаат организирани правни служби, не е целисходно и влијае неповолно поради два аспекти.

Од една страна, тоа предизвикува сериозни финансиски импликации, кои неколкукратно го надминуваат износот на вкупниот финансиски товар, кој овие субјекти го имаа пред 01.01.2017 година. Од друга страна, важечкото решение има импликации од аспект на непотребните административни постапки, кои би настанале со самата потреба од предавање на предмети на адвокати, запознавање со нивната содржина и дејствија што треба да се преземат, со што се одолговлекуваат и самите постапки – појаснуваат од Комората.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »