Сопственикот на фирмата КМН од Чачак, Србија Милоје Стевановиќ во 90-те предвидел дека многу фирми ќе се распаднат и затоа решил да основа свој бизнис.
Одлучив во склад со моите скромни средства да основам трговска фирма во 16.5 квадрати со околу 200 артикли. Тогаш во нашето семејство бевме четири членови и почетните букви од имињата беа КМН. Сопругата е Нада, а ќерките се Катерина и Марија. Тоа К ми е графички дуплирано заради мене - вели тој.
Тој и сопругата работеле макотрпно. Цели 12 години работеле во 3 смени и не го затворале дуќанот, дури и за време на бомбардирањето тие работеле. Од мала продавница почнале и прераснале во маркет со 12.000 артикли.
Потоа купивме стара куќа во центарот на Чачак и полека ја претворавме во нов дуќан, но и место за производство. Дојдовме на идеја на нашите презафатени клиенти да им понудиме исхрана на автохтон начин. Почнавме да отвораме работилници во кои подготвувавме храна како што тоа го правеле нашите стари за празници и слави. Без адитиви, без конзерванси, без хемија, без лага и измама. Тоа луѓето го препознаа и почна да оди како алва - објаснува Стевановиќ.
Потоа почнале да работат и во месарска работилница, правеле салати, топли предјадења.
Секој ден правеле по 400 видови јадења.
Околу 500 селски домаќинства за нив прават врвна храна.
На Стевановиќ му успеа тоа што на други не им успеа во Србија, да направи фирма во која 3 генерација ја учи работата.
Во Белград отвориле продавница - ресторан каде за 10 часа купуваат 1.000 купувачи.
Во последните 5-6 години фирмата многу им напреднала, со вложен труд на неговите деца, сопругата и зетовците.
Стевановиќ објаснува дека за бизнис не е пресуден капиталот, туку знаењето и волјата за работа.
На другите им порачува ако имаат идеја, да не се откажуваат и никогаш не е доцна.