Промовирани огласи »

Во општина Карпош и натаму нема никакви ограничувања на паркинг просторот, па најавите за воведување на целосно зонско паркирање по примерот на општина Центар загрижи многу граѓани. Сепак, од општината предводена од Стефан Богоев, информираат дека таква одлука не е донесена и за промените на регулацијата на паркинг просторот ќе следи консултација со граѓаните. 

„Во контекст на тоа, факт е дека на неколку клучни локации во Општината постојат т.н. “тесни грла” во паркирањето. Станува збор, пред сé, за потегот долж улицата Рузвелтова (која што е неформална граница меѓу Општина Центар и Општина Карпош), како и за опфатот околу ТЦ Сити Мол.

Жителите на Карпош од зградите, но и од околните куќи на овие локации, имаат реален проблем со паркирањето поради фактот што возила од Општина Центар и други посетители ги паркираат своите возила на паркинзите наменети за станарите на Карпош, кои се бесплатни.

Но, исто така факт е дека поради ваквиот реален проблем граѓаните на Карпош од споменатите делови сé повеќе го актуелизираат прашањето за поставување некакви ограничувања на паркирањето од другите општини. За таа цел, дури во неколку наврати поднесоа иницијативи до Градоначалникот и до Општината, за воведување на зонско паркирање токму на посочените делови. Општина Карпош, како сервис на граѓаните има обврска да ги реши сите реални проблеми на жителите, вклучително и овој со паркирањето.

Локалната самоуправа останува на ставот дека во Карпош нема потреба од воведување на зонско паркирање на целата територија на Општината. Она што можеме како локална власт е да ги разгледаме иницијативите, да ја согледаме нивната оправданост и да изнајдеме најсоодветно решение.

Дали на тие потези ќе има зонско паркирање може да решат само мнозинството од жителите на овие делови од Карпош кои се соочуваат со проблемот, откако претходно тие сознанија ќе бидат добиени со спроведување на анкета и непосредно изјаснување. Но, никако со “декрет” или наметнато решение од Општина Карпош или како дел од програмите на Град Скопје, реагираат од општината.

Претходно на обидот на Градски паркинг да воведе зонско паркирање во Карпош се спротиставија жителите на општината и екс градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Промовирани огласи »

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, од 1 јануари 2018 година се воведе нов начин на пресметување и плаќање на персонален данок на доход, со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок е-пдд.ујп.гов.мк.

Треба да поднесат електронска пресметка граѓаните за приходи од издавање на имот на друго физичко лице до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот или по месецот на издавање. Во случај на склучен договор за цела година, се поднесува електронска пресметка (е-ППД) за цела година, односно за времетрањето на закупот.

Од УЈП посочуваат дека на пример, кога граѓанин издава стан на друго физичко лице за цела 2018 година се поднесува една пресметка е-ППД за период од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

Доколку времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец, односно се издава преку веб страни боокинг, аирбнб и сл. се поднесува по една електронска пресметка (е-ППД) за секој поединечен остварен приход.

На пример кога граѓанин во текот на еден месец издава стан по неколку дена на повеќе закупци се поднесуваат пресметки е-ППД за секој остварен приход, односно за секој различен закупец за соодветниот период на престој во станот.

Се поднесува електронска пресметка и за капитални добивки од продажба на хартии од вредност, недвижен имот и учество во капиталот до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е извршена продажбата или во кој е заверен договорот за купопродажба. До 10-ти во месецот треба да се поднесе електронска пресметка и за приходи од странство остварени во претходниот месец, лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот и други приходи остварени со е-трговија преку специјализирани интернет страни, приходи од интернет маркетинг услуги, приходи остварени со продажба на корисен цврст отпад, исплатите на име специјализации, постдипломски студии.

Опфатени се за пријавување и приходите од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари.

Од УЈП повикуваат секој граѓанин да се регистрира на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk заради пријавување на приходите и задолжително поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) до Управата за јавни приходи.

Од УЈП напоменуваат дека странско физичко лице, односно нерезидент на Република Македонија, се регистрира како корисник на системот со ЕДБ доделен од УЈП.

Појаснуваат дека постапката за регистрација на е-Персонален данок е лесна и едноставна. Единствен услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта, која ќе биде корисничко име за ваша најава на системот е-пдд.ујп.гов.мк и ќе ви служи за комуникација со Управата за јавни приходи. На најавната страна на системот е-Персонален данок има дел за регистрација на нов корисник на системот, во кој треба задолжително да ги внесете своите идентификациони податоци.

Врз основа на внесените податоци, автоматски се генерира Барањето за регистрација на системот е-Персонален данок, кое треба да се  испечати и да се поднесе лично во надлежната даночна канцеларија на УЈП. Службено лице од УЈП ќе ја верифицира  регистрацијата на системот е-Персонален данок истиот ден, по што треба да се најавите на системот.

Од УЈП посочуваат дека доколку е обврзникот регистриран во системот е-Даноци како овластено лице за потпишување за ПДД, автоматски е регистрирани и како корисник на системот е-Персонален данок е-пдд.ујп.гов.мк.

Ако вие или избраниот полномошник не сте евидентирани како даночен обврзник во Регистарот на даночни обврзници на УЈП, потребно е претходно да се регистрирате како даночен обврзник, со поднесување на Пријава за регистрација УЈП-РДО и доставување на документ за идентификација на увид во даночна канцеларија на УЈП.

По одобрување на Електронската пресметка (е-ППД) од УЈП, електронски се доделува Фолио број и се издава Рекапитулација за утврдување на аконтација на персоналниот данок на доход со статус „Одобрена“ и Налог за плаќање на персонален данок на доход, односно налози за плаќање на месечни аконтации на персонален данок на доход.

Налогот за плаќање на месечни аконтации на персонален данок на доход обврзникот е должен дао го плати најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.

Промовирани огласи »

Во Македонија од 2020 година сите жени со наполнети 62 години и сите мажи со наполнети 64 години, кои не ги исполнуваат условите за старосна пензија и кои во последните 20 години живееле во државава, ќе добиваат државна социјална пензија.

Според програмата која ја промовира владеачката партија, државната пензија на почетокот ќе изнесува 40 отсто од просечната старосна пензија.

Со програмата на Владата, освен, државна социјална пензија, се предвидува и усогласување на пензијата два пати годишно, а се воведува и можност за предвремено пензионирање до максимално пет години пред остварување на правото на пензија со пропорционално намалување на надоместокот за пензија.

Во земјава, право на пензија остваруваат околу 302 000 пензионери а просечната пензија изнесува околу 213 евра.

Што мислите вие за овој предлог? Дали е потребна социјална пензија во државата?

Промовирани огласи »

Вашиот шеф е лицето со кое комуницирате секој ден, и важно е вашата врска да е добра не само за вашата кариера, туку и за вашиот мир и умот и целокупната атмосфера во работата.

Се разбира, пристапот до сите треба да биде различен според карактерот на секој. Сепак, според Форбс, постојат неколку универзални правила кои можат да ја подобрат врската или односот со вашиот шеф.

1. Запомнете дека вашиот шеф си ги има грижите и стравовите, неговите амбиции и надежи. Не го третирајте како нечувствителна машина чија единствена цел е да ви го загорчува животот.

2. Обидете се да ги разгледате работите од позиција на вашиот шеф и да си ги објасните неговите мотиви.

3. Изразувајте благодарност кога шефот ви дава добар совет или ви помага со нешто. Покажете дека ја цените неговата поддршка.

4. Споделете ги своите грижи, незадоволства и поплаки, но наместо само да грижите, нудете и решенија за нив.

5. Не премолчувајте недоразбирања. Дозволете комуникацијата помеѓу вас да биде што е можно поотворена и поискрена.

6. Кога вашиот шеф не е многу љубезен, не го сфаќате тоа лично. Секој има стресни моменти, важно е да знаете како да ги надминете.

7. Размислете за вашите долгорочни цели. Не значи дека мора да бидете први пријатели со шефот. Доволно е да останете чесни, со професионални односи, кои ви помагаат и на двајцата во работата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »