Промовирани огласи »

Карго аеродором во Штип нема да се гради, а земјиштето кое пред 10 години беше трансформирано во градежно, сега веројатно повторно ќе биде земјоделско. ТАВ ќе треба да и исплати отштета на државата.

Оштетата веројатно ќе биде околу 45 милиони евра, а што се однесува до земјиштето во постојана координација сме со министерот за транспорт и врски. Намената на тоа земјиште беше друга, истото е експропреирано, но нашата интенција е целокупното земјоделско земјиште да го ставиме во функција – кажа Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Ваквата одлука доаѓа откако мерењата на силината и брзината на ветрот покажале дека локацијата на која требаше да се гради каргото, не е поволна за изградба на аеродром.

Изградбата на карго – аеродромот според најавите од пред неколку години требаше да чини 60 милиони евра. Во меѓувреме, од земјоделците беа одземени најплодните ниви во Овлеполието, а дел од сопствениците за нив добија огромни суми во евра на име експропријација на земјиште.

Сега овие пари ТАВ ќе треба да и ги врати на државата, но прашање е дали во сумата за отштета ќе се пресметаат и штетите кои произлегоа од олгогодишното необаботување на нивите.

Станува збор за околу 500 хектари земјиште меѓу Ерџелија и Мустафино кои од 2009 година стои необработено.

Промовирани огласи »

Никој не учи тешки лекции во животот без елемент на неуспех. Кога сме разочарани, учиме зошто. Кога не ги оправдуваме нашите сопствени очекувања, сфаќаме каде треба да се поправиме. Кога ќе се срушиме, ги разбираме нашите слабости.

Секоја грешка ја крие лекцијата - оние што ги постигнуваат своите цели го знаат ова и ги оценуваат неуспесите како можности, пишува Inc.com. Еве некои од најважните лекции што можете да ги добиете со неуспехот:

1. Вие ја дознавате одговорноста кога ќе го видите ефектот од сопственото запоставување.

Кога некому му ветуваш нешто, тој се потпира на тебе. Во бизнисот, ништо не може подобро да ве научи на одговорноста ако не исполните преземена обврска и не ги чувствувате последиците од тоа на себе.

2. Се учите на  трпеливост кога сте на тест

Кога сме помлади, очекуваме остатокот да нѐ разбере, да нѐ насочи, да нè охрабри. Со возраста, улогите се менуваат и ние мора да си дадеме разбирање и храброст. Истото е со трпеливоста. Ние ја разбираме целосно кога треба да ја практикуваме.

3. Учите што е ваш полн потенцијал кога не успеете.

Најдоброто нешто за тебе ќе биде кога ќе треба да се ослободиш од калта и да почнеш одново. Запомнете дека подобрувањето и растот се процес, а не крајна цел.

Промовирани огласи »

Сите обложувалници и казина кои се наоѓаат на помала оддалеченост од 300 метри од основните и средните училишта ќе мора да се затворат, предвидуваат новите измени во Законот за игри на среќа. 
Според нив, ниту една обложувалница или автомат клуб нема да смее да биде блиску до училиштата.

Со измените се предвидува да се вратат лиценците за секоја деловна просторија за автомат клубовите а кладилниците ќе можат со 500.000 евра депозит да отворат вкупно 50 уплатни места.

Покрај ова се предвидува и воведување на обврска апаратите во автомат клубовите да не смее да бидат постари од една година, бидејќи Владата утврдила дека кај старите апарати не може да се гарантира исправноста на играта.

Промовирани огласи »

Децата со наполнети 17 години ќе може да стекнат право за оспособување за управување со возило од Б-категорија, информираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) повикувајќи се на измените на Законот за безбедност на сообраќајот.

Како што информираат оттаму, досега Законот овозможувал со вакво право да се стекнат деца со наполнети 16 години, но таа одредба ќе претрпи корекција. Покрај тоа, децата кандидати за возачи со наполнети 17 години ќе нема потреба да имаат одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година, како што досега предвидуваше Законот, ниту ќе има потреба да обезбедат писмена согласност од психологот и педагогот од училиштето во кое посетуваат настава.

Покрај условот што се однесува за возраста на детето, потребно ќе биде кандидатите да ги исполнуваат и следните услови: детето треба да поседува лична карта, да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило, да има завршено најмалку основно образование и да има согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар, информираат од РСБСП.

Како што соопштуваат оттаму, оспособувањето за управување со моторно возило на дете се врши со зголемен број наставни часови од практичниот дел на наставната програма за 30 отсто во однос на бројот на наставни часови од практичниот дел на наставната програма предвидени за другите кандидати за возачи.

Покрај тоа, дете што поседува возачка дозвола од Б-категорија не смее да управува со возило во патниот сообраќај во времето од 20 до 5 часот, освен ако во возилото го придружува родител, односно старател што седи на предното седиште, кој поседува возачка дозвола од Б-категорија и на кого не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.

Дете возач не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 километри на час на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила ниту, пак, со брзина поголема од 100 километри на час на автопат.

Во однос на силата на моторот на возилото што смее да го управува дете возач, потребно е да се истакне дека јачината на моторот на возилото не смее да биде поголема од 77 kw. Исто така, дете возач не смее со возило да влече приклучно возило ниту, пак, да управува со возило надвор од територијата на Република Македонија.

Од РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот што спаѓаат во категоријата дете возач да бидат максимално одговорни во сообраќајот и да ја почитуваат законската регулатива која се однесува на оваа категорија возачи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »