Промовирани огласи »

Германија ги изненади своите соседи со намерата да воведе бесплатен јавен превоз за да го намали загадувањето. 

Намерата е наведена во писмо до Европската Комисија.

Целта е да се намали бројот на приватни автомобили. 

Предлогот ќе биде тестиран до крајот на 2018 година и тоа во градови од Западна Германија. 

Ќе се огранични емисијата на штетни гасови и ова ќе биде приоритет за Германија. 

Заедно со Франција, Шпанија, Италија и други земји членки Германија доцни во спроведувањето на овие мерки. 

Во најмалку 130 европски градови воздухот е загаден. 

400.000 луѓе ширум Европа умираат од загаден воздух секоја година. 

Промовирани огласи »

Кога станува збор за производството на брендирани и првокласни часновници, Швајцарија и нејзините компании од овој сектор се неприкосновен играч на светко ниво. Или барем така беше досега. Компанијата Apple во последниот квартал од 2017 година продаде повеќе часовници од сите швајцарски компании заедно.

Ова е значителен успех, земајќи во предвид дека ги победиле брендовите како Rolex и Swatch.

Apple во последниот квартал од 2017 година продале околу 8 милиони часовници, а вкупно во 2017 година околу 18 милиони.

Промовирани огласи »

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.П.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што соопшти МВР, во 2013 година пријавениот, заради вработување во Управата за водење на матични книги-Подрачно одделение за матично работење Скопје, приложил диплома со невистина содржина за положен четврти степен издадена од Техничко училиште „Зеќир Мусиќ” од Република Србија.

Промовирани огласи »

Вип ја модернизира својата продажна мрежа и го објавува комплетно новиот лик на дел од своите продажни салони со целосно нов концепт на уредување и пристап на продажба. По тој повод сите посетители кои на 14.02.2018г., токму во овие реновирани продавници ќе активираат или обноват договор за мобилни услуги имаат можност да добијат подарок, Xiaomi Mi Mix 2 (Шаоми).

Новиот концепт претставува модерен и урбан простор кој овозможува поблиска комуникација на персоналот со клиентите што е во согласност со една од целите на Вип - да обезбеди што подобра услуга за своите корисници. Досега, ова ентериерно решение е имплементирано во трговските центри City Mall и Vero Jambo во Скопје, Palma Mall во Tетово, како и во продажниот салон во центарот на Тетово.

Уредени според светските архитектонски трендови за современи комерцијални објекти, овие продажни салони на Вип се прилагодени на потребите на корисничките навики непосредно и преку дигитални алатки да ги препознаат производите и услугите што ги бараат и на тој начин уште полесно и поедноставно да го направат вистинскиот избор за комуникација. Дополнително, за прв пат во салоните на Вип корисниците добиваат можност самите да реализираат електронско плаќање на сметка преку едноставно користење на уредот сместен на еден од најпристапните делови во просторот на салонот.

Во рамките на официјалното претставување на новиот концепт, што ќе се случи на 14 февруари, Вип подготви подарок за најсреќните посетители кои токму на овој ден на едно од овие продажни места ќе активираат или обноват договор за мобилни услуги на 24 месеци добиваат ексклузивна можност да учествуваат во извлекувањето и да добијат како подарок еден од четирите најнови смарт - телефони  Xiaomi Mi Mix 2.

Шаоми брендот кој брзо прерасна во светски хит помеѓу производителите на смарт-телефони, со исклучителен квалитет во својата класа и одлични цени, помеѓу операторите може ексклузивно да се најде во продажните салони на Вип.

Подароците Xiaomi Mi Mix 2 ќе бидат доделени по случаен избор, а најсреќните корисници ќе бидат објавени на Вип Facebook профилот, на 16.02.2017г.

Ентериерното освежување во продажна мрежа на Вип, која брои 31 салон низ целата земја, ќе продолжи и во наредниот период.

Повеќе информации можете да најдете на www.vip.mk  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »