Премиерот на Австралија Малколм Турнбул донесе одлука со која се забрануваат сексуални односи меѓу министрите и вработените во кабинетите, по скандалот кој ја потресе неговата Влада.
Заменик-премиерот и министер за инфраструктура Барнаби Џојс, католик кој е во брак 24 години и промовира семејни вредности, чека дете со неговата поранешна портпаролка.
Министрите, без оглед на тоа дали се во брак или не, не смеат да стапуваат во сексуални односи со песоналот. Во спротивно, ќе ги прекршуваат стандардите на однесување – рече Турнбул.
Тој истакна дека дека во 2018 година е неприфатливо министер да има секс со некој што работи кај него.
Тоа навистина е многу лошо однесување на работа и сите знаат дека од тоа никогаш не излегува ништо добро – рече австралискиот премиер.
Одлуката на шефот на Владата да се дополнат правилата за однесување стапи во сила веднаш, а Турнбул рече дека Џојс мора сам да ја разгледа својата позиција во Владата и на местото лидер на Националната партија.
„Барнаби Џојс скандалот“ ја загрози стабилноста на Владата, а министерот (50) зема отсуство од работа откако медиумите открија дека ја оставил жена му и четири деца, откако забременила неговата 32-годишна портпаролка, која му била љубовница.