Промовирани огласи »

Во текот на следните 25 години луѓето нема да извршуваат 40 отсто од професиите кои постојат денес, и затоа е важно уште сега да се размислува околу образованието за идните занимања, порачува Јург Штукер од софтверската агенција „Намикс“.

Многу професии кои ќе ги извршуваме во иднина, не постојат денес. Но, и покрај тоа, дури 78,6 отсто од светската популација, помлада од 30 години, смета дека технологијата не уништува, туку креира можности за вработување, истакна Штукер на предавањето за српските студенти „Роботиката и машинското учење ги менуваат професиите на иднината“, се наведува во соопштението на „Намикс“.

Според него, „истражувањата кои се спроведени по примерот на Швајцарија, а кои лесно можат да се применат и на другите пазари, покажуваат дека 56,3 отсто од луѓето на возраст од 25 до 39 години, ја смениле својата работа најмалку во последните три години, по што може да се заклучи дека традиционалната потреба за постојано вработување на едно работно место е заменета со константно учење“.

Тој наведува дека во иднина луѓето почесто ќе извршуваат повеќе работи одеднаш, што ќе влијае на развој на т.н. „гиг економија“, што подразбира дека луѓето се повеќе ќе заработуваат како фриленсери, но и тргувајќи преку платформи, како што се „Купувам-продавам“, „Uber“, „AirBnb“ или „etsy“.

За да се снајде во такво работно опкружување, човекот мора дополнително да ги развие оние способности кои го прават различен од машините. Тука станува збор на човечките можности да разликува лажни од вистинити информации, што се нарекува филтрирање на информации и систематско размислување, објаснува Штукер.

Тој смета дека моментната технолошка револуција не треба да стане борба меѓу луѓето и компјутерските алгоритми, туку можност човекот да го спознае својот целосен потенцијал.

Промовирани огласи »

Во насока на постојано унапредување и подигнување на безбедноста во сообраќајот, СВР Охрид, констатира зачестена појава на управување на моторни возила кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнување на стаклата. Според законот возилото може да има затемнети стакла само со А-тестирани фолии.

На стаклата на возилата не се поставуваат огледални фолии. Доколку стаклата на задната страна на возилата се затемнети така што пропуштаат помалку од 30% светлина, тогаш возилото треба да биде опремено со ретровизори на двете страни.

Со цел почитување на законските одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата посебно на членот 360 од овој закон, СВР Охрид започна со реализација на акциски контроли со цел елиминирање на ваквите состојби кои можат сериозно да ја загрозат безбедноста во сообраќајот. Со оглед дека на стаклата на возилата несмеат да се поставуваат огледални фолии, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност во сообраќајот, ќе постави подвижни мото-патролни служби составени од полициски службеници и стручно лице од станиците за технички преглед опремен со техничкото средество тинт-метар за мерење на пропустливоста на светлина, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност.

Промовирани огласи »

Колку пати сте се нашле во недоумица дали да ја прифатите чашата вода или кафето кое ви се нуди додека сте отидени за сериозен разговор за нова работа?

Без оглед дали е кафе, вода или сок, секогаш треба да го прифатите пијалакот. Се разбира, додека не е алкохол.

Прифаќањето на пијалакот на важен состанок испраќа порака дека:

  • го цените гостопримството
  • се чувствувате удобно во присуство на луѓето кои ве опкружуваат
  • имате доволно самодоверба

Најважно, овој ситен детаљ открива дека сте социјално динамична личност.

Овој неформален гест е одличен начин да го скршите мразот и да се покажете во малку порелаксирано светло.

Прифаќањето на пијалакот значи дека сте ментално подготвени за состанокот, ги забележувате и цените малите детали во вашата околина, отворени сте за колегијалност, сакате да ја почувствувате енергијата која владее во канцеларијата и сакате да се приближите со културата и навиките на компанијата.

Па, на кратко, не велете „не“ кога работодавецот ќе ве праша дали сакате чаша вода, сок или кафе. Со задоволство прифатете.

Промовирани огласи »

Во Македонија досега се дадени 104 лиценци за работа на сончеви централи, при што во нив е вложено од 250 до 300 милиони евра од кои 170 милиони веќе се реализирани.

Производството на струја од сонце во земјава не е големо, бидејќи со користување на благодетите на сонцето годишно можеа да се произведат околу 16.813 киловат-часови електрична енергија.

Според големината овие централи се поделени во група мали централи со капацитет до 50 киловати и поголеми со капацитет од 50 киловати до 1 мегават. Мали се 80 централи со вкупна инсталирана моќност од 3.807,63 киловати, а големи се 24 и тие располагаат со вкупно инсталирана моќност од 13.006 киловат-часови.

Според анализите на стручните лица, Македонија, заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови на квадратен метар.

Сонцето е обновлив извор на енергија од кој се произведува електрична енергија и не ја загадува животната средина. За стимулација на тие што вложуваат со производство на струја од сончеви извори (фотоволтаици) нашата држава согласно со политиките на ЕУ досега даваше солидни стимулации, но како што најави деновиве вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Ангушев соработката продолжува и со ЕБОР.

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе изработува правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија (ОИЕ) и на нивната искористливост во Македонија. Акцент ќе се стави на соларните и ветерните електрани.

Како што објаснија од Владата ќе се изработка комплетна стратегија за зголемување на инсталираната моќ од фотоволтаични (соларни) електроцентрали. Со техничката помош од ЕБОР во наредниот период треба да се направат фотоволтаични централи со инсталирана моќ од 200 мегавати, но ќе треба да подготви и стратегија да не се влијае на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи.

Во план е да се примени механизмот на премиум тарифи во делот на фотоволтаичните, но и за ветерните електрани,а за изработката на механизмот ќе се користат средствата од техничката помош од ЕБОР.

Исто така се очекува ЕБОР да ги финансира проектите на ЕЛЕМ за изградба на фотоволтаична електрана од 10 мегавати во исцрпениот рудник за јаглен Осломеј, со што ќе се рекултивира земјиштето и ќе се подобри животната средина.

Од 2011 година до сега за производството на струја од сонце државата даваше повластената тарифа која беше многу висока и струјата од сонце беше далеку поскапа од она што е произведена во термоцентралитер од јаглен. Таа во два наврати беше снижена од 410 евра за мегаватчас на 260 евра за мегаватчас ,па на сегашните 120 евра за мегаватчас електрична енергија произведена од сонце.

Сончева енергија има доволно во Македонија, само треба да се инвестира – сметаат енергетските експерти и додаваат дека бенефитот од зголемувањето на производството на струја од сонце ќе овозможи намалување на увозот на струја, а со тоа ќе се трошат помалку евра за скапата увозна струја.

Со законските измени и либерализацијата на пазарот на електрична енергија производството на струја од сонце ќе се продава по пазарни услови на трговците на струја, како и на операторите и снабдувачите со електрична енергија.

Со финансиска помош на ЕБОР ќе расте бројот на сончеви централи

Н Македонија забрзано ќе инвесира во производство на струја од сонце

Поднаслов:Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе изработува правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија (ОИЕ) и на нивната искористливост во Македонија. Акцент ќе се стави на соларните и ветерните електрани

Во Македонија досега се дадени 104 лиценци за работа на сончеви централи, при што во нив е вложено од 250 до 300 милиони евра од кои 170 милиони веќе се реализирани. Производството на струја од сонце во земјава не е големо, бидејќи со користување на благодетите на сонцето годишно можеа да се произведат околу 16.813 киловат-часови електрична енергија.

Според големината овие централи се поделени во група мали централи со капацитет до 50 киловати и поголеми со капацитет од 50 киловати до 1 мегават. Мали се 80 централи со вкупна инсталирана моќност од 3.807,63 киловати, а големи се 24 и тие располагаат со вкупно инсталирана моќност од 13.006 киловат-часови.

Според анализите на стручните лица, Македонија, заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови на квадратен метар.

Сонцето е обновлив извор на енергија од кој се произведува електрична енергија и не ја загадува животната средина. За стимулација на тие што вложуваат со производство на струја од сончеви извори (фотоволтаици) нашата држава согласно со политиките на ЕУ досега даваше солидни стимулации, но како што најави деновиве вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Ангушев соработката продолжува и со ЕБОР.

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе изработува правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија (ОИЕ) и на нивната искористливост во Македонија. Акцент ќе се стави на соларните и ветерните електрани.

Како што објаснија од Владата ќе се изработка комплетна стратегија за зголемување на инсталираната моќ од фотоволтаични (соларни) електроцентрали. Со техничката помош од ЕБОР во наредниот период треба да се направат фотоволтаични централи со инсталирана моќ од 200 мегавати, но ќе треба да подготви и стратегија да не се влијае на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи.

Во план е да се примени механизмот на премиум тарифи во делот на фотоволтаичните, но и за ветерните електрани,а за изработката на механизмот ќе се користат средствата од техничката помош од ЕБОР.

Исто така се очекува ЕБОР да ги финансира проектите на ЕЛЕМ за изградба на фотоволтаична електрана од 10 мегавати во исцрпениот рудник за јаглен Осломеј, со што ќе се рекултивира земјиштето и ќе се подобри животната средина.

Од 2011 година до сега за производството на струја од сонце државата даваше повластената тарифа која беше многу висока и струјата од сонце беше далеку поскапа од она што е произведена во термоцентралитер од јаглен. Таа во два наврати беше снижена од 410 евра за мегаватчас на 260 евра за мегаватчас ,па на сегашните 120

евра за мегаватчас електрична енергија произведена од сонце.

Сончева енергија има доволно во Македонија, само треба да се инвестира – сметаат енергетските експерти и додаваат дека бенефитот од зголемувањето на производството на струја од сонце ќе овозможи намалување на увозот на струја, а со тоа ќе се трошат помалку евра за скапата увозна струја.

Со законските измени и либерализацијата на пазарот на електрична енергија производството на струја од сонце ќе се продава по пазарни услови на трговците на струја, како и на операторите и снабдувачите со електрична енергија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »