Промовирани огласи »

Колку пати сте се нашле во недоумица дали да ја прифатите чашата вода или кафето кое ви се нуди додека сте отидени за сериозен разговор за нова работа?

Без оглед дали е кафе, вода или сок, секогаш треба да го прифатите пијалакот. Се разбира, додека не е алкохол.

Прифаќањето на пијалакот на важен состанок испраќа порака дека:

  • го цените гостопримството
  • се чувствувате удобно во присуство на луѓето кои ве опкружуваат
  • имате доволно самодоверба

Најважно, овој ситен детаљ открива дека сте социјално динамична личност.

Овој неформален гест е одличен начин да го скршите мразот и да се покажете во малку порелаксирано светло.

Прифаќањето на пијалакот значи дека сте ментално подготвени за состанокот, ги забележувате и цените малите детали во вашата околина, отворени сте за колегијалност, сакате да ја почувствувате енергијата која владее во канцеларијата и сакате да се приближите со културата и навиките на компанијата.

Па, на кратко, не велете „не“ кога работодавецот ќе ве праша дали сакате чаша вода, сок или кафе. Со задоволство прифатете.

Промовирани огласи »

Во Македонија досега се дадени 104 лиценци за работа на сончеви централи, при што во нив е вложено од 250 до 300 милиони евра од кои 170 милиони веќе се реализирани.

Производството на струја од сонце во земјава не е големо, бидејќи со користување на благодетите на сонцето годишно можеа да се произведат околу 16.813 киловат-часови електрична енергија.

Според големината овие централи се поделени во група мали централи со капацитет до 50 киловати и поголеми со капацитет од 50 киловати до 1 мегават. Мали се 80 централи со вкупна инсталирана моќност од 3.807,63 киловати, а големи се 24 и тие располагаат со вкупно инсталирана моќност од 13.006 киловат-часови.

Според анализите на стручните лица, Македонија, заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови на квадратен метар.

Сонцето е обновлив извор на енергија од кој се произведува електрична енергија и не ја загадува животната средина. За стимулација на тие што вложуваат со производство на струја од сончеви извори (фотоволтаици) нашата држава согласно со политиките на ЕУ досега даваше солидни стимулации, но како што најави деновиве вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Ангушев соработката продолжува и со ЕБОР.

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе изработува правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија (ОИЕ) и на нивната искористливост во Македонија. Акцент ќе се стави на соларните и ветерните електрани.

Како што објаснија од Владата ќе се изработка комплетна стратегија за зголемување на инсталираната моќ од фотоволтаични (соларни) електроцентрали. Со техничката помош од ЕБОР во наредниот период треба да се направат фотоволтаични централи со инсталирана моќ од 200 мегавати, но ќе треба да подготви и стратегија да не се влијае на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи.

Во план е да се примени механизмот на премиум тарифи во делот на фотоволтаичните, но и за ветерните електрани,а за изработката на механизмот ќе се користат средствата од техничката помош од ЕБОР.

Исто така се очекува ЕБОР да ги финансира проектите на ЕЛЕМ за изградба на фотоволтаична електрана од 10 мегавати во исцрпениот рудник за јаглен Осломеј, со што ќе се рекултивира земјиштето и ќе се подобри животната средина.

Од 2011 година до сега за производството на струја од сонце државата даваше повластената тарифа која беше многу висока и струјата од сонце беше далеку поскапа од она што е произведена во термоцентралитер од јаглен. Таа во два наврати беше снижена од 410 евра за мегаватчас на 260 евра за мегаватчас ,па на сегашните 120 евра за мегаватчас електрична енергија произведена од сонце.

Сончева енергија има доволно во Македонија, само треба да се инвестира – сметаат енергетските експерти и додаваат дека бенефитот од зголемувањето на производството на струја од сонце ќе овозможи намалување на увозот на струја, а со тоа ќе се трошат помалку евра за скапата увозна струја.

Со законските измени и либерализацијата на пазарот на електрична енергија производството на струја од сонце ќе се продава по пазарни услови на трговците на струја, како и на операторите и снабдувачите со електрична енергија.

Со финансиска помош на ЕБОР ќе расте бројот на сончеви централи

Н Македонија забрзано ќе инвесира во производство на струја од сонце

Поднаслов:Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе изработува правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија (ОИЕ) и на нивната искористливост во Македонија. Акцент ќе се стави на соларните и ветерните електрани

Во Македонија досега се дадени 104 лиценци за работа на сончеви централи, при што во нив е вложено од 250 до 300 милиони евра од кои 170 милиони веќе се реализирани. Производството на струја од сонце во земјава не е големо, бидејќи со користување на благодетите на сонцето годишно можеа да се произведат околу 16.813 киловат-часови електрична енергија.

Според големината овие централи се поделени во група мали централи со капацитет до 50 киловати и поголеми со капацитет од 50 киловати до 1 мегават. Мали се 80 централи со вкупна инсталирана моќност од 3.807,63 киловати, а големи се 24 и тие располагаат со вкупно инсталирана моќност од 13.006 киловат-часови.

Според анализите на стручните лица, Македонија, заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови на квадратен метар.

Сонцето е обновлив извор на енергија од кој се произведува електрична енергија и не ја загадува животната средина. За стимулација на тие што вложуваат со производство на струја од сончеви извори (фотоволтаици) нашата држава согласно со политиките на ЕУ досега даваше солидни стимулации, но како што најави деновиве вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Ангушев соработката продолжува и со ЕБОР.

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе изработува правни и административни подлоги за зголемување на обновливте извори на енергија (ОИЕ) и на нивната искористливост во Македонија. Акцент ќе се стави на соларните и ветерните електрани.

Како што објаснија од Владата ќе се изработка комплетна стратегија за зголемување на инсталираната моќ од фотоволтаични (соларни) електроцентрали. Со техничката помош од ЕБОР во наредниот период треба да се направат фотоволтаични централи со инсталирана моќ од 200 мегавати, но ќе треба да подготви и стратегија да не се влијае на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи.

Во план е да се примени механизмот на премиум тарифи во делот на фотоволтаичните, но и за ветерните електрани,а за изработката на механизмот ќе се користат средствата од техничката помош од ЕБОР.

Исто така се очекува ЕБОР да ги финансира проектите на ЕЛЕМ за изградба на фотоволтаична електрана од 10 мегавати во исцрпениот рудник за јаглен Осломеј, со што ќе се рекултивира земјиштето и ќе се подобри животната средина.

Од 2011 година до сега за производството на струја од сонце државата даваше повластената тарифа која беше многу висока и струјата од сонце беше далеку поскапа од она што е произведена во термоцентралитер од јаглен. Таа во два наврати беше снижена од 410 евра за мегаватчас на 260 евра за мегаватчас ,па на сегашните 120

евра за мегаватчас електрична енергија произведена од сонце.

Сончева енергија има доволно во Македонија, само треба да се инвестира – сметаат енергетските експерти и додаваат дека бенефитот од зголемувањето на производството на струја од сонце ќе овозможи намалување на увозот на струја, а со тоа ќе се трошат помалку евра за скапата увозна струја.

Со законските измени и либерализацијата на пазарот на електрична енергија производството на струја од сонце ќе се продава по пазарни услови на трговците на струја, како и на операторите и снабдувачите со електрична енергија.

Промовирани огласи »

Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, а во согласност со добро познатото мото на компанијата, “Повеќе за вас”, Вип започнува со реализација на едукативна и иновативна програма под името “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” наменета за најмладите.

Имено, од денеска па се до крајот на учебната 2018 година, вработените на Вип преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе ги запознаваат учениците од 4-то одделение  и ќе го збогатуваат нивното знаење за Интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, и притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Почетокот на програмата која е прва од својот вид, ја означија Мислав Галер, Извршен директор на Вип и министерката за образование Рената Дескоска во просториите на ОУ “Гоце Делчев” во Скопје,каде денеска беа одржани првите предавања.

Со оваа програма, Вип уште еднаш ја потврдува својата јасна определба да вложува во заедницата каде работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува. Живееме во дигитален свет, мобилните телефони и пристапот до интернет се нашето секојдневие, но и секојдневието на нашите деца. Затоа, ја креиравме оваа програма со која се надеваме дека ќе придонесеме кон едукација на најмладите и ќе придонесеме кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет, притоа обрнувајќи особено внимание за нивната безбедност, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран на активности кој ќе се спроведува во периодот од февруари до јуни 2018 година, ќе опфати повеќе од 700 четврто одделенци од 10 основни училишта на територијата на град Скопје и тоа ОУ „Гоце Делчев“, ОУ„11 Октомври“, ОУ„Коле Неделковски“, ОУ„Владо Тасевски”, “ОУ„Јоаким Крчовски“, ОУ„Вера Јоциќ“,  ОУ„Ацо Шопов”, ОУ “Васил Главинов“, ОУ„ Браќа Миладиновци“ и ОУ„Кузман Јосифовски -Питу“.

Градењето на партнерства помеѓу корпоративниот сектор и образованието е од особена важност за јакнење на капацитетите на образовниот процес и придонес кон креирање квалитетни образовни содржини, чиишто придобивки ги ползуваат младите генерации. Сигурна сум дека оваа програма ќе наиде на интерес кај децата и наставниците, но се надевам дека ќе го привлече и вниманието и на родителите како водечки воспитен фактор да ги подготват своите деца за предизвиците и можностите кои ги носи дигиталната ера. Децата се најголемите трагачи по знаење, секогаш љубопитни да дознаат повеќе информации, а е особено важно да бидат корисни и применливи за нивниот понатамошен развој, изјави Рената Дескоска, Министер за образование и наука.

Предавањата ќе бидат спроведувани од страна на обучени професионалци - вработени на Вип, кои со своето познавање и експериза преку практични примери и дискусија ќе им ја доловат на децата суштината на Интернетот.  

Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите”на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година со предавања за децата на вработените и нивните соученици на возраст од 9 до 12 години во просториите на Вип. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата.  

Повеќе информации за Вип и едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб страницата на Вип - www.vip.mk

Промовирани огласи »

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) малопродажните цени на бензините и дизелот поевтинуваат.

Од ноќeска на полноќ цената на горивата се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи РКЕ.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 65,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 67 денари за литар, Еуродизел (Д-Е V) за 57 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,243 денари за килограм се намалува и  малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,856 денари за килограм.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,19, односно за 4,21 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »