Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Во случај да направите сообраќаен прекршок, овластеното лице – сообраќаен полицаец треба да направи записник, а на истиот се поптишува и сторителот. 

Потоа, службеното лице на сторителот му врачува покана за плаќање на глоба во рок од 8 дена од врачувањето на поканата. 

Ако сторителот доброволно не ја плати глобата, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постпака до надлежен суд. Доколку сторителот на делото го признае делото што му се става на товар или ако овластеното лице овластеното лице прекршокот го утврди лично со употреба на соодветни средства, службеното лице веднаш ќе издаде платен налог. 

Со самиот потпис на прием на платниот налог сторителот се согласува да ја плати глобата во претходно предвиден рок. Доколку сторителот кој ќе ја плати глобата во тој рок, ќе плати само половина од изречената глоба и нема да плати трошоци за постапката.

Ако сторителот на прекршокот не ја плати  глобата во дадениот рок, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд.

Промовирани огласи »

Skopje East Gate доо Скопје е дел од Balfin Group. Од нејзините почетоци во 1993 во Австрија, Групацијата веќе има изградено репутација како нај активна и иновативна, благодарејки на инвестициите во идеи кои го трансформираа пазарот и направија револуција во однесувањето на потрошувачите.

Денес, со седиште во Тирана, Balfin Group е присутна во Австрија, Дубаи, Америка, Италија, Косово и Макдонија. Balfin Group има значително искуство во развојот на комерцијални и резиденцијалани инвестициони проекти. Денес, како дел од групацијата се TEG Shopping Mall и QTU Shopping Mall во Тирана, Tirana Logistic Park, и туристичкиот комплекс Vala Mar Residence и Green Coast во Албанија.

До скоро Групацијата беше сопственик на Skopje City Mall, првиот шопинг мол во Македонија изграден по западни стандарди. 

Skopje East Gate (SEG) планира да развие нов шопинг мол на 50.000 метри квадратни, резиденцијален комплекс од 1.500 станови (100.000 м2) и канцелариски простор во 60.000 м2, како и јавни површини кои ќе служат на потребите на новите жители на комплексот.

Во оваа фаза, инвеститорот започна со вработување на првите кадри. За отворените позиции можете да се информирате преку сервисот на KARIERA.mk на следниот линк

https://kariera.mk/company/X1sFfw49OEKbPGK6l7NuoA/skopje-east-gate

Промовирани огласи »

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ цената на еуросупер БС-95 нема да се промени, цената на еуросупер БС-98 се зголемува за половина, а цената на дизелот за еден денар.

Со тоа малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 станува 65,50 денари за литар, на бензинот еуросуперБС-98 се зголемува за половина денар на 67,50 денари за литар.

Цените на еуросупер (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар, и со тоа новата цена на дизелот изнесува 58 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 46,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,253 денари за килограм на 28,109 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »