Промовирани огласи »

Skopje East Gate доо Скопје е дел од Balfin Group. Од нејзините почетоци во 1993 во Австрија, Групацијата веќе има изградено репутација како нај активна и иновативна, благодарејки на инвестициите во идеи кои го трансформираа пазарот и направија револуција во однесувањето на потрошувачите.

Денес, со седиште во Тирана, Balfin Group е присутна во Австрија, Дубаи, Америка, Италија, Косово и Макдонија. Balfin Group има значително искуство во развојот на комерцијални и резиденцијалани инвестициони проекти. Денес, како дел од групацијата се TEG Shopping Mall и QTU Shopping Mall во Тирана, Tirana Logistic Park, и туристичкиот комплекс Vala Mar Residence и Green Coast во Албанија.

До скоро Групацијата беше сопственик на Skopje City Mall, првиот шопинг мол во Македонија изграден по западни стандарди. 

Skopje East Gate (SEG) планира да развие нов шопинг мол на 50.000 метри квадратни, резиденцијален комплекс од 1.500 станови (100.000 м2) и канцелариски простор во 60.000 м2, како и јавни површини кои ќе служат на потребите на новите жители на комплексот.

Во оваа фаза, инвеститорот започна со вработување на првите кадри. За отворените позиции можете да се информирате преку сервисот на KARIERA.mk на следниот линк

https://kariera.mk/company/X1sFfw49OEKbPGK6l7NuoA/skopje-east-gate

Промовирани огласи »

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ цената на еуросупер БС-95 нема да се промени, цената на еуросупер БС-98 се зголемува за половина, а цената на дизелот за еден денар.

Со тоа малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 станува 65,50 денари за литар, на бензинот еуросуперБС-98 се зголемува за половина денар на 67,50 денари за литар.

Цените на еуросупер (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар, и со тоа новата цена на дизелот изнесува 58 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 46,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,253 денари за килограм на 28,109 денари.

Промовирани огласи »

На Клиниката за детска хирургија има вработено 28 лица  со договор на дело кои се ангажирани како медицински сестри, лекари специјалисти, лаборанти, биохемичари и неколку како административен персонал, пренесува Слободен печат.

Медицински кадар кој е ангажиран со договор на дело на Клиниката за детска хирургија за февруари добил пониска пата. Во некои случаи намалена била платата, во други не им биле исплетени додатоците за дежурства, но намалувањето е од 3.000 до 4.000 кај медицинските сестри, а кај лекарите и до 10.000 денари. Оваа промена во исплатата се случува во време кога на чело на клиниката доаѓа нов стручен директор Лазар Тодоровиќ, на местото на досегашниот директор Ристо Симеоновски, кој беше на оваа функција од времето на Никола Тодоров.

На Клиниката за детска хирургија има вработено 28 лица со договор на дело кои се ангажирани како медицински сестри, лекари специјалисти, лаборанти, биохемичари и неколку како административен персонал.

Мојата плата беше околу 20.000 денари, а сега е намалена за повеќе од 3.000 денари, што навистина револтира – вели вработена на Детска хирургија.

Лекарите пак што дежураат за февруари добиле и по 10.000 пониски примања.

Покриваме дежурства работиме интензивно, како и оние што се редовно вработени, а тоа што сме ангажирани со договор на дело значи дека не ни се плаќаат придонеси, туку само платата, што за клиниката е помал трошок. Ем не вработуваат, ем ни ги намалуваат приходите, навистина е дестимулирачки. Со овој однос нема да не натераат да останеме во јавноста здравство каде недостасува кадар, туку не тераат да си заминеме или во приватните болници или во странство – вели лекар, кој сака да остане анонимен.

Други коментираат дека премиерот Зоран Заев најавува плати за специјалистите и до 70.000 денари, додека во пракса , платите на специјалистите се намалуваат.

Промовирани огласи »

Ако се занимавате со некоја од овие професии, тоа не мора да значи дека веднаш ќе добиете рак. Така, според извештајот од американското здружение на заболени од рак, некогаш може да помине и деценија додека болеста не излезе на површина.

Некои професии се многу опасни, па така ако сте пожарникар или полицаец, секојдневно си го ставате животот под ризик да не загинете како последица на пожар или пак оружје.

Но, постојат и други занимања кои имаат скриени, но опасни нуспојави.

1. Производство на гуми

Гумите се прават од многу различни хемикалии, а работниците кои работат на производство се изложени на пареа, прашина и хемиски нуспродукти кои претставуваат сериозен здравствен ризик. Според Центарот за контрола и превенција на болести, неколку истражувања покажале дека зголемување на смртни случаи поради рак на мочниот меур, желудникот и белите дробови.

2. Земјоделство

Жените кои се занимаваат со земјоделство имаат 35 отсто поголем ризик од добивање на рак на дојката, покажа ново истражување. Друг податок зборува дека имаат и висок ризик за добивање на рак на белите дробови, поради зголемената изложеност на хемикалии, но во тоа е вклучено и пасивното пушење.

3. Фризери

Една третина од жените кои имаат повеќе од 18 години, како и 10 отсто од мажите, користат некој облик на бои за коса, а услугите за тоа ги бараат во професионални салони.

Истражување од 2009 година, покажа дека фризерите имаат голем ризик за добивање на рак на грлото и рак на белите дробови. Националниот институт за рак укажува дека бојата за коса е еден од главните виновници за тоа.

4. Автомеханичари

Автомеханичарите имаат валкана работа, но опасноста не е во тоа. Азбест се уште се користи во оваа професија, а неговите влакна кои се испуштаат во воздухот допираат до белите дробови на работникот и на тој начин се изложени на рак.

5. Маникир и педикир

Салоните за нокти се исто така подложни на сериозни здравствени проблеми. Пријавени се голем број на лица од оваа професија со проблеми со  дишењето и кожата, како и рак и тоа веројатно поради изложеноста на силни хемикалии за чистење, лакирање и вградување на нокти.

Од сите хемикалии кои предизвикуваат здравствени проблеми, формалин и титан диоксид (кои многу се користат во оваа професија) се двата најпроблематични. Носењето маски е императив, како и вентилација во салоните.

6. Пилоти

Неколку извештаи покажаа дека летачкиот екипаж има висок ризик од развој на најсмртоносниот облик на рак на кожата. Истражувањата покажале дека не постојат конкретни докази за да се објасни зголемениот ризик од рак од оваа професија.

Научници се уште не можат да дадат конечни одговори во врска со тоа, но некои уверуваат дека ризикот од рак се зголемува со летањето на поголеми висини, каде вработените се изложени на поголемо УВ зрачење.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »