Ако се занимавате со некоја од овие професии, тоа не мора да значи дека веднаш ќе добиете рак. Така, според извештајот од американското здружение на заболени од рак, некогаш може да помине и деценија додека болеста не излезе на површина.
Некои професии се многу опасни, па така ако сте пожарникар или полицаец, секојдневно си го ставате животот под ризик да не загинете како последица на пожар или пак оружје.
Но, постојат и други занимања кои имаат скриени, но опасни нуспојави.
1. Производство на гуми
Гумите се прават од многу различни хемикалии, а работниците кои работат на производство се изложени на пареа, прашина и хемиски нуспродукти кои претставуваат сериозен здравствен ризик. Според Центарот за контрола и превенција на болести, неколку истражувања покажале дека зголемување на смртни случаи поради рак на мочниот меур, желудникот и белите дробови.
2. Земјоделство
Жените кои се занимаваат со земјоделство имаат 35 отсто поголем ризик од добивање на рак на дојката, покажа ново истражување. Друг податок зборува дека имаат и висок ризик за добивање на рак на белите дробови, поради зголемената изложеност на хемикалии, но во тоа е вклучено и пасивното пушење.
3. Фризери
Една третина од жените кои имаат повеќе од 18 години, како и 10 отсто од мажите, користат некој облик на бои за коса, а услугите за тоа ги бараат во професионални салони.
Истражување од 2009 година, покажа дека фризерите имаат голем ризик за добивање на рак на грлото и рак на белите дробови. Националниот институт за рак укажува дека бојата за коса е еден од главните виновници за тоа.
4. Автомеханичари
Автомеханичарите имаат валкана работа, но опасноста не е во тоа. Азбест се уште се користи во оваа професија, а неговите влакна кои се испуштаат во воздухот допираат до белите дробови на работникот и на тој начин се изложени на рак.
5. Маникир и педикир
Салоните за нокти се исто така подложни на сериозни здравствени проблеми. Пријавени се голем број на лица од оваа професија со проблеми со дишењето и кожата, како и рак и тоа веројатно поради изложеноста на силни хемикалии за чистење, лакирање и вградување на нокти.
Од сите хемикалии кои предизвикуваат здравствени проблеми, формалин и титан диоксид (кои многу се користат во оваа професија) се двата најпроблематични. Носењето маски е императив, како и вентилација во салоните.
6. Пилоти
Неколку извештаи покажаа дека летачкиот екипаж има висок ризик од развој на најсмртоносниот облик на рак на кожата. Истражувањата покажале дека не постојат конкретни докази за да се објасни зголемениот ризик од рак од оваа професија.
Научници се уште не можат да дадат конечни одговори во врска со тоа, но некои уверуваат дека ризикот од рак се зголемува со летањето на поголеми висини, каде вработените се изложени на поголемо УВ зрачење.