Промовирани огласи »

Министерството за економија и годинава ќе го субвенционира подобрувањето на енергетската ефикасност на домовите и во текот на месецов ќе ги објави огласите за надоместок на дел од средствата за купени и вградени сончеви термални колекторски системи и за надоместок на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци што ќе бидат отворени до 31 август годинава.

Овие два огласа се дел од Програмата на владата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година преку која годинава првпат се додели надоместок на дел од трошоците за купување печки на пелети.

За трите мерки од Програмата вкупно се предвидени 50 милиони денари што ќе се доделуваат преку Министерството за економија од кои 14 милиони се веќе искористени за субвенционирање на печки за пелети, додека за мерката за сончеви колектори се предвидени шест милиони денари, а за мерката за енергетски ефикасни прозорци 30 милиони денари. Сите мерки се доделуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок. За да може да ги добие средствата ќе треба да ги има купено и вгрдено во својот дом колекторските системи по денот на објавувањето на јавниот оглас, заклучно со денот на неговото истекување.

За тоа ќе треба да поднесе барање со изјава дека барателот го нема искористено претходно барањето за поврат на дел од средствата, што може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страницата на Министерството www.economy.gov.mk. Покрај тоа, треба да достави оригинален доказ за купување на сончевиот колектор со фискална сметка и фактура за направените трошоци за негово вградување.

Промовирани огласи »

Иако состојбата на главниот извршен директор на Berkshire Hathaway Ворен Бафет се проценува на 91.1 милијарди долари, тој неодамна изјави дека да имаш повеќе пари не е клуч за среќата.

Милијардерот дури признава дека уживал во деновите кога имал само една мала честичка од она со што располага сега.

Не бев несреќен, кога имав 10 000 долари, откако го завршив училиштето, вели Бафет во интервју за CNBC. “Имав многу забава.”

Бафет тврди дека луѓето имаат тенденција да мислат дека ако имаат повеќе пари, ќе бидат посреќни. Тој го дава следниот пример: “Ако имате 100 000 долари и сте несреќен човек, но мислите дека 1 милион долари ќе ве направат среќни, тоа нема да се случи.”

Дури и ако ги добиете овие 1 милиони долари, вашата среќа ќе испари, кога ќе погледнете и видите луѓе со по 2 милиони долари, додава Бафет. Нема да бидеш многу посреќен ако го удвоиш твојот статус.

Во 2017 година Бафет изјави дека ќе биде задоволен и ако заработува по 100 000 долари годишно, делумно затоа што тој веќе има инвестиција која го направила среќен – куќа која ја купува во 1958 година и во која живее и до денес.

Вистината е дека поседувам големо богатство. Мали парчиња хартија, на кои пишува Berkshire Hathaway. Може да се користат за купување на различни стоки и услуги во светот. Со нив може да се купи се. Можам да си купувам 120 метри јахти, да имам 20 куќи и многу друго, вели Бафет. “Но, тоа нема да ме направи посреќен”.

Промовирани огласи »

Следниот неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија е 6-ти април (Велики петок.

После викендот исто така неработен ден ќе биде и вториот ден од Велигден, 9-ти април, што значи дека следуваат 4 споени неработни денови.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 09 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (вторник), Ден на трудот,
• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Компаниите денес, особено оние кои парите ги заработуваат преку Интернет, многу повеќе обрнуваат внимание на свотие вработени и на нивната околина затоа што на тој начин сите даваат максимум. Сајтот Bizlife пренесува листа со топ 5 најлуксузни и најнеобични канцеларии од светот за да ви покажеме како изгледа позадината на некои компании кои работат на Интернет.

Selgas Cano – Мадрид

Ова мора да е една од канцелариите кои навистина опуштаат затоа што еден дел е под, а друг над земја со поглед на околната шума. Канцеларијата Ѕelgas Cano ја дизајнирапе Иван Баан и се наоѓа во шума во близина на Мадрид. Просториите се многу светли и проветрени, со разнобојни детали, така што претставува пријатно место за работа. Акцентот не е толку ставен на одличната храна и просториите за забава колку на околината која релаксира и е чиста спротивност од силните светла и големите празни простории.

Google Office – Цирих

Не е тајна дека Google е забавна, иновативна компанија која нема проблеми со финансиите и е посветена на работниците. Тајната на таа посветеност лежи во феноменалните канцеларии. Google инвестира многу време и пари да создаде совршена работна средина комбинирајќи ја работата и задоволството така да вработените можат да се релаксираат и да ги наполнат батериите на паузите. Креативноста им е секојдневие во работата, така што логично е такво да е и дизајнот на работниот простор. Вработените таму имаат 3 бесплатни оброци дневно, а бидејќи канцелариите се огромни, ако се изморат од одење, можат да користат шипка за пожарникари.

Red Bull Office – Лондон

Реновираната зграда од 5 пабови сега е седиште на оваа компанија во Лондон. Не е се во енергетските пијалаци. Red Bull се грижи и за своите вработени, кои ги има околу 100 и сите имаат околу 20 години. Тие го отфрлија концептот на канцеларии на големите корпорации и се одлучија за изглед на стари пабови и рецепција, која ноќе се претвора во клуб. Ваквата работна средина е идеална за млади, креативни луѓе.

AOL Head Quarters – Пало Алто, Калифорнија

Не е тајна дека компанијата AOL не е она што беше. но се трудат и тоа го покажаа со купување на страниците Techcrunch и Huffington Post. Се ослободија од ладната корпоративна фасада и се угледаа на Google, така што се трудат нивните канцеларии да изгледаат позабавно и поинспиративно со нов дизајн. Овде можете да видите огромни кујни, разни бои, безброј простории за релаксација, простории за игра и забава и секако, канцеларии.

Parliament – Портланд, Орегон

Ова е компанија која ги знае предностите на комфорната и весела работна средина, но има малку поинаков пристап од останатите компании на листата. Дизајнот на нивните простории вклучува доста рециклиран материјал како стари сообраќајни знаци, стари печки за печење пица и дрвени парчиња од штали или цркви. Но, само затоа што користат стари суровини не знаќи дека трпи автентичноста на дизајнот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »