Промовирани огласи »

Уште 20 медицински сестри ќе се вработат на Универзитетската Клиника за детски болести.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден стигнале согласностите за вработување на 20 медицински сестри на Детската клиника со што, како што рече, значително се подобрува капацитетот на оваа јавна здравствена установа.

Како Влада остануваме посветени на подобрување на персоналниот капацитет секаде каде што треба во јавните здравствени установи, додаде Филипче по примопредавањето на донацијата апарат кој го олеснува дишењето кај предвремено родените бебиња со поддршка на Германската амбасада и проектот Хопе.

Директорката на Детската клиника, Катарина Ставриќ рече со овие 20 медицински сестри за кои е добиена согласност за вработување и претходно вработените 20 медицински сестри, ќе бидат 40 медицински сестри и се зајакнува кадарот на Клиниката.

Се надеваме дека ќе успееме и доктори, педијатри да вработиме и навистина да го подигнеме квалитетот на здравствената грижа. Опремата е едно, меѓутоа кадарот е исто така многу важен. Тука има улога и проектот Хопе во поглед на постојаната едукација на кадарот за постигнување на врвни успеси, додаде Ставриќ.

Промовирани огласи »

Се комплетира целосната документација за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, со што ќе се заокружат потребните активности за негово пуштање во употреба, според најавата од Владата, до средината на следниот месец, дознава МИА.

Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека се извршени потребните техничките контроли на автопатската делница, каде е завршена електрификацијата и потребната сигнализација. До средината на месецов надзорот треба да ја достави документацијата.

Информација за состојбата со изградбата на автопатот беше разгледана синоќа на седница на Владата од каде информираа дека активностите на терен финализираат и оти оваа делница од автопатот ќе биде пуштена по 15 април.

Претходно беа завршени изградбата на контролниот центар и дислоцирањето на далекуводот на автопатот, поради кои со анекс на Договорот беше продолжен рокот за изградба.

Изградбата на автопатот, во должина од 28 километри, почна во септември 2012 година. Инвестицијата изнесува 218 милиони евра, пари обезбедени од грант од Европската комисија, заем од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, како и шест милиони евра од државниот буџет.

Новата автопатска делница  се протега од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се поврзува со веќе постојниот автопат. Поминува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини.

Новиот автопат има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри,  шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.

Со него се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

Промовирани огласи »

КЕМБРИЏ се одложува, а учениците можеби ќе го учат италијанскиот јазик како втор странски јазик, информираа од Владата.

На владината седница министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, односно на програмата КЕМБРИЏ.

На седницата беше усвоена и Информацијата за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик.

Промовирани огласи »

Министрите на седница донесоа одлука за формирање Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање нови работни места“.

Станува збор за проект што се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти што сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, како и на невработените лица што сакаат да го решат своето вработување.

Во рамките на проектот за кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места постои можност за правните субјекти што ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување 3 невработени млади лица до 29 години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »