Промовирани огласи »

КЕМБРИЏ се одложува, а учениците можеби ќе го учат италијанскиот јазик како втор странски јазик, информираа од Владата.

На владината седница министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, односно на програмата КЕМБРИЏ.

На седницата беше усвоена и Информацијата за воведување на италијански јазик во основно и средно образование како можност за втор странски јазик.

Промовирани огласи »

Министрите на седница донесоа одлука за формирање Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање нови работни места“.

Станува збор за проект што се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти што сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, како и на невработените лица што сакаат да го решат своето вработување.

Во рамките на проектот за кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места постои можност за правните субјекти што ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување 3 невработени млади лица до 29 години.

Промовирани огласи »

Такси превозниците ќе немаат обврска за задолжително познавање англиски јазик при добивање лиценца за работа.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува предложените измени во Законот за превоз во патниот сообраќај, со кои се укинува обврската за таксистите за познавање англиски јазик, по поминатата собраниска процедура во прво читање, набрзо да бидат изгласани од пратениците.

Измените, потенцираше ресорниот министер, се прават на барање на такси превозниците.

Целта е да им ги олесниме условите за работа и да им овозможиме на оние лица кои немаат одреден степен на познавање англиски јазик, а се заинтересирани и компетентни за услугата такси превоз, да се приклучат кон оваа дејност – изјави денеска Сугарески.

Според него, со измените воопшто нема да се доведат во прашање безбедноста во сообраќајот и квалитетот на извршување на такси превозот.

Собранието вчера на предлог на Министерството за транспорт и врски ги усвои измените во Законот во патниот превоз, во прво читање. Законските одредби со кои таксистите добија обврска за задолжително познавање англиски јазик како услов за добивање лиценца беа изгласани во 2013 година, а стапија во сила од почетокот на минатата година.

Промовирани огласи »

Дел од најзначајните и секако најпознатите извршни директори, на читателите на магазинот „Wall Street Journal“ им дале неколку совети околу тоа како би требало и како не би требало да се однесуваат при аплицирање за работа.

Пронаоѓањето на соодветно работно место е животна цел за секој човек, па слушнете некој совет од едни од најуспешните бизнисмени во светот, кој ќе ви помогне во понатамошното градење на сопствена кариера.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »