Промовирани огласи »

Набргу во Босна и Херцеговина македонските граѓани ќе може да патуваат само со лична карта, најавија премиерот Зоран Заев и претседавачот на Советот на министрите на БиХ, Денис Звиздиќ, на заедничката прес-конференција во Владата.

Ова значи дека и на граѓаните на БиХ за влез во Македонија нема да има биде потребен пасош, туку само лична карта.

Само со лична карта македонските граѓани може да патуваат и во Србија и во Албанија.

Исто така, Заев и Звиздиќ склучиле договор за соработка во областа на образованието според кој учениците и студентите ќе може да се запишуваат во двете држави под исти услови.

Промовирани огласи »

Кога човек некое време бара работа, тој е во искушение да ја отфрли првата можност што му е дадена. И понекогаш искусни луѓе се во искушение да прифатат позиција за која потоа жалат.

За да се спречи ова, Forbes ве советува никогаш да не прифатите нова работа пред менаџерите да ги одговорат следните прашања на прецизен и јасен начин:

1. Кое е работното време, дали е фиксно и дали е флексибилно?

2. Колку ќе изнесува мојата плата и кога ќе ја добијам?

3. Кој ќе биде мојот директен надреден, како ќе комуницирам со него?

4. Колку платено отсуство ми следува?

5. Кои се вашите очекувања за мене? Како ќе се оценува мојата работа?

6. Дали работодавачот презема одредени трошоци поврзани со работата?

7. Дали постојат можности за развој и усовршување?

8. Како се плаќа работата надвор од работното време?

Важно е да ги синхронизирате вашите очекувања со оние на вашиот работодавач пред да започнете со нова работа, бидејќи во спротивно ризикувате да бидете разочарани или да добиете лош впечаток. Не грижете се за поставување на овие прашања. Вие сте во апсолутно право, и ако не добиете одговори на нив или не се обидете да го свртите вниманието, бидете подготвени на се - можеби ќе се обидат да ве измамат.

Промовирани огласи »

Во едно истражување на Галуп, околу половина од вкупно 7 200 испитаници одговориле дека даваат отказ како би „избегале“ од својот менаџер на работа. Многу менаџери и работодавци го губат од вид фактот дека ЛУЃЕТО ЈА СОЧИНУВААТ КОМПАНИЈАТА. Наместо тоа да го видат, тие се врзуваат за „политика на фирмата“ и процедури. Исто така, толку се фокусираат на бизнис аспектите на компанијата што забораваат дека нивните вработени се потпирач на бизнисот.

Бриџит Хајацинт, авторка на книгата “The Future of Leadership: Rise of Automation, Robotics and Artificial Intelligence”, смета дека овие пет работи се пресудни добриот вработен да даде отказ.

„Управување на мирко ниво“ (во слободен превод-мешање во се и сешто)

Вработените сакаат да имаат самостојност кога работат. Ако менаџерот се меша и во најмала ситница дури и тогаш кога вработениот е прилично самостоен, тоа само може да го зголеми стресот на работното место. Ако веќе некој сте вработиле, тоа значи дека му верувате дека може добро да ја работи својата работа. Никој не работи подобро ако некој константно го надгледува, проверува и постојано опоменува цитирајќи забелешки.

Нема шанса за напредок и развој

Менаџерите се должни да ги знаат своите вработени и што е тоа што ги мотивира.Ако не знаат, доволно е да прашаат, слушаат и да ја следат нивната работа. Веќе со самото слушање многу се учи. Вработените се мотивираат со динамични и предизвикувачки проекти како и флексибилни цели кои ќе ги „натераат“ да напредуваат. Ако проектите се статични, и има доста рутинска работа, вработените немаат на што да се надеваат и почнуваат да се исклучуваат.

Недостиг на емпатија

Ако вработените се соочуваат со проблеми од лична и професионална природа, од работодавците или менаџерите се очекува да покажат емпатија.Мора да покажат дека го разбираат проблемот и да олеснат или да им понудат решение. Што значи тоа во пракса? Во тешки времиња менаџерот треба да покаже дека е „човек“.

Не негува баланс помеѓу работа и приватен живот

Никој не сака да работи прекувемено ниту за викенд, колку и да ја сака работата и без разлика колку до неа му дошло.

Не го наградува и не го препознава трудот на вработените

Ова е една од најголемите причини на недостиг на мотивираност. Сите сакаат да се чувствуваат почитувани. Дополнителен напор вложен во работата доколку не е препознат, ценет и награден, може вработениот да го остави со чувство дека е изигран и потценет.

Според статистиките на Бирото за вработување во Америка, од 2016-та година просечното време на „задржување“ на едно работно место е четири и пол години. Со доаѓањето на младите генерации на милениумот, тоа време стана и пократко. Тие не очекуваат да останат на една работа подолго од три години.

Ваквата статистика никако не е добра ниту за вработените а уште е полоша за работодавците кои мора да бараат а потоа и да обучуваат работници. Работното опкружување кое поддржува искреност, отворена комуникација и фер односи, нема да има потешкотии да го задржи добриот работник.

Промовирани огласи »

Народната банка на Република Македонија ја пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „Бик“ од серијата „Хороскопски знаци“.

Кованата пара е изработена од сребро Ag 925, со тежина на среброто од 23,30 грама, чистота од 19,43 грама, во квадратна форма со димензии 37 на  37 милиметри, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 на 6,1 милиметар.

Цената на кованaтa парa „Бик“ изнесува 2.800 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »