Промовирани огласи »

Воведување доплата за ненавремено осигурени возила предлага Националното биро за осиурување на РМ, со цел да се реши проблемот со големиот број неосигурени, односно нерегистрирани возила.

Проблемот со неосигурени возила е присутен повеќе од 20 години. Иако во 2011 година со учество на повеќе субјекти е донесена Оперативна програма за намалување на бројот на неосигурани возила за пет проценти секоја година се уште ова прашање не губи од својата актуелност и има потреба од негово разрешување со преземање на бројни системски мерки – наведуваат од Националното биро за осигурување.

Податоците со кои располага Националното биро за осигурување покажуваат дека во 2017 година во однос на 2016 година не се обновени 13,8 отсто од полисите или вкупно 81.176 возила се нерегистрирани.

На овој број неосигурени возила секако треба да се додаде и бројот на возила што не се наоѓаат во евиденцијата на осигурани возила во Централниот систем, а не се осигурани повеќе години – посочуваат од бирото и додаваат дека целокупната состојба со неосигурани возила има високи негативни ефекти.

Статистичките анализи на националното биро покажуваат дека во просек годишно од страна на Гарантниот фонд се исплаќаат преку 2.000.000 евра за штети предизвикани од неосигурани и непознати возила и се резервираат штети преку 3.500.000 евра. За изминатите 10 години од страна на Гарантниот фонд се исплатени преку 25.000.000 евра.

Осигурнителната индустрија повеќе години ги опсервира овие проблеми и констатира дека со укинување на законската одредба да секој сопственик на моторно визило кој до истек на важноста на регистрацијата не го регистрира и осигура возилото, не ги враќа регистарските таблички не е обврзан да извади нови регистарски регистарски таблички при повторна регистрација на возилта. на овој начин драстично се зголеми бројот на неосигурени возила со одлагање на времето на осигурување и регистрација – оценуваат од Националното биро.

Според нив проблемот се очекува да се надмине со системски мерки, а посочуваат дека како аргумент дека не се во прашње немањето финансиски средства за регистрирање на возилата се и податоците од анализата што покажуваат дека возила со поголема вредност се нерегистрирани. Нерегистрирани се и земјоделски возила за кои осигурувње на годишно ниво е околу 700 денари.

Бирото иницијатива за измени и дополнување на Тарифата на премии за осигурување на сопственици на моторните возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица од 2006 година, како што наведуваат оттаму, има доставено до Министерството за финанси и Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на Владатa на РМ во декември 2017 година.

Промовирани огласи »

Граѓанин на Аргентина го сменил полот  за да може да се пензионира 5 години порано , објавија локалните медиуми, цитиран од АФП.

59-годишниот даночен службеник, Серџо, стана Серџа по пат на документи за да може да се пензионира на возраст од 60 години како жена наместо на 65 години како маж . Законот во државата дозволува такво нешто.

Според локален сајт 59-годишниот разведен маж кој живее според семејни принципи со млада жена, ја злоупотребил регулативата , бидејќи тој закон  е за травестити кои сакаат да го сменат полот по граѓанска состојба, без да се подложуваат на операција за промена на полот.

Промовирани огласи »

Канада донесе одлука во официјалните формулари да ги замени термините „мајка“ и „татко“ со „родители“ и најави исфрлување на термините „господин“ или „госпоѓа“ од официјалната коресподенција.

Канадската Влада донесе одлука да стави неутрален род во сите свои обрасци. Министерството за семејство образложи дека досегашните формулари не биле прилагодени на сегашните околности.

Одлуката е донесена откако хомосексуална двојка во Нова Шкотска сакале да извадат картичка за социјално осигурување за нивното дете и требало да одредат кој е таткото, а кој мајката.

Во иднина, во Канада во формуларите ќе се внесуваат само имињата на родителите.

Во телефонските разговори, вработените во државните институции на почетокот на разговорот ќе мораат да ја прашаат личноста како да и се обраќаат, а употребата на „госпоѓа“ или „господин“ ќе биде само на барање на странката.

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија објави нов оглас за вработување на шест посебни советници кои ќе работат за премиерот Зоран Заев за плата која достигнува до 50.000 денари, а рокот за пријавување изнесува 5 дена. 

Посебните советници на Заев се бараат преку јавен оглас за следниве позиции:

1. Посебен советник за транспорт и врски 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен, научно поле: Образование; работно искуство од најмалку 8 години во струката.

2. Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интеркултурните комуникации 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, завршен VI 1/1 степен или завршен VIII степен, научно поле: Етнологија и етногенеза;
работно искуство од најмалку 10 години во струката.

3. Посебен советник за странски инвестиции 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен, научно поле: Правни науки; активно познавање на англиски јазик;
работно искуство од најмалку 5 години во струката.

4. Посебен советник за спроведување на Рамковниот договор 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен, научно поле: Економски науки; Организациони науки и управување (менаџмент);

работно искуство од најмалку 1 6 години во струката.

5. Посебен советник за транспарентност и отчетност 1 извршител

Потребни квалификации: ниво на стручни квалификации V A според Македонската рамка на квалификации или најмалку вишо образование од областа на уметноста или образованието;
работно искуство од најмалку 12 години во струката

6. Посебен советник за млади и спорт— 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен, научно поле: Правни науки; без работно искуство; активно познавање на англиски јазик ниво В2 BULATS; сертификати за завршени обуки од областа на спортот, комуникацијата, визија на младите. 

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа од понеделник до петок. Како посебен услов за работа во Канцеларијата е предвидена и работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, a заради извршување на итни и неодложни работи. Нето плата од 25.000,00 до 50.000,00 денари. 

Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација: кратка биографија CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса; писмо за мотивација; уверение за државјанство (оригинал или заверено на нотар); доказ за бараното работно искуство; диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место (оригинал или заверено на нотар).

Потребната документација да се достави до архивата на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија или по пошта на следнава адреса: Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија, бул. „Илинден" бр. 2, 1000 Скопје (оо назнака „за оглас за вработување" На другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат, односно заклучно со 28. 03. 2018 година до 16:30 часот. Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана, стои во објавениот оглас.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »