Промовирани огласи »

Граѓанин на Аргентина го сменил полот  за да може да се пензионира 5 години порано , објавија локалните медиуми, цитиран од АФП.

59-годишниот даночен службеник, Серџо, стана Серџа по пат на документи за да може да се пензионира на возраст од 60 години како жена наместо на 65 години како маж . Законот во државата дозволува такво нешто.

Според локален сајт 59-годишниот разведен маж кој живее според семејни принципи со млада жена, ја злоупотребил регулативата , бидејќи тој закон  е за травестити кои сакаат да го сменат полот по граѓанска состојба, без да се подложуваат на операција за промена на полот.

Промовирани огласи »

Канада донесе одлука во официјалните формулари да ги замени термините „мајка“ и „татко“ со „родители“ и најави исфрлување на термините „господин“ или „госпоѓа“ од официјалната коресподенција.

Канадската Влада донесе одлука да стави неутрален род во сите свои обрасци. Министерството за семејство образложи дека досегашните формулари не биле прилагодени на сегашните околности.

Одлуката е донесена откако хомосексуална двојка во Нова Шкотска сакале да извадат картичка за социјално осигурување за нивното дете и требало да одредат кој е таткото, а кој мајката.

Во иднина, во Канада во формуларите ќе се внесуваат само имињата на родителите.

Во телефонските разговори, вработените во државните институции на почетокот на разговорот ќе мораат да ја прашаат личноста како да и се обраќаат, а употребата на „госпоѓа“ или „господин“ ќе биде само на барање на странката.

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија објави нов оглас за вработување на шест посебни советници кои ќе работат за премиерот Зоран Заев за плата која достигнува до 50.000 денари, а рокот за пријавување изнесува 5 дена. 

Посебните советници на Заев се бараат преку јавен оглас за следниве позиции:

1. Посебен советник за транспорт и врски 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен, научно поле: Образование; работно искуство од најмалку 8 години во струката.

2. Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интеркултурните комуникации 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, завршен VI 1/1 степен или завршен VIII степен, научно поле: Етнологија и етногенеза;
работно искуство од најмалку 10 години во струката.

3. Посебен советник за странски инвестиции 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VI 1/1 степен, научно поле: Правни науки; активно познавање на англиски јазик;
работно искуство од најмалку 5 години во струката.

4. Посебен советник за спроведување на Рамковниот договор 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен, научно поле: Економски науки; Организациони науки и управување (менаџмент);

работно искуство од најмалку 1 6 години во струката.

5. Посебен советник за транспарентност и отчетност 1 извршител

Потребни квалификации: ниво на стручни квалификации V A според Македонската рамка на квалификации или најмалку вишо образование од областа на уметноста или образованието;
работно искуство од најмалку 12 години во струката

6. Посебен советник за млади и спорт— 1 извршител

Потребни квалификации: стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен, научно поле: Правни науки; без работно искуство; активно познавање на англиски јазик ниво В2 BULATS; сертификати за завршени обуки од областа на спортот, комуникацијата, визија на младите. 

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа од понеделник до петок. Како посебен услов за работа во Канцеларијата е предвидена и работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, a заради извршување на итни и неодложни работи. Нето плата од 25.000,00 до 50.000,00 денари. 

Со пријавата, заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација: кратка биографија CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса; писмо за мотивација; уверение за државјанство (оригинал или заверено на нотар); доказ за бараното работно искуство; диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место (оригинал или заверено на нотар).

Потребната документација да се достави до архивата на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија или по пошта на следнава адреса: Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Македонија, бул. „Илинден" бр. 2, 1000 Скопје (оо назнака „за оглас за вработување" На другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат, односно заклучно со 28. 03. 2018 година до 16:30 часот. Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана, стои во објавениот оглас.

Промовирани огласи »

Главниот град на Австрија, Виена, деветти пат ја доби титулата метропола со најдобар квалитет на живот во светот. 

Според меѓународната агенција „Мерсер“ во Виена се живее најдобро и тоа подобро од било кое друго место во светот.  На второ место е Цирих, а третото место го делат Оукленд и Минхен.

Виена го освои првото место пред сè поради безбедноста, одличниот градски превоз и богатата културна понуда, пишува „Мерсер“.

Меѓу првите десет града, како и лани, повеќето се градови во Европа – Диселдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген, Базел, на петтото место е Ванкувер, а на 10. е Сиднеј.

Најнеквалитетен живот имаа луѓето во Багдад.

Истражувањето опфаќа 231 голем град врз основа на 39 критериуми, меѓу кои се политичката и економската состојба, еколошките аспекти, здравственото осигурување, образованието.

Во речиси сите категории Виена доби максимален број на поени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »